Контакт

Спорт

Атлетик победи во Алмерија

Објавено пред

Атлетик Билбао победи на гостувањето во Алмерија со 2:1. Баските до крајот на сезоната со Реал Сосиедад, Виљареал и Бетис ќе се борат за четвртото место.

dobivaj vesti na viber

Со новата, трета последователна победа, Атлетик се искачија на седмата позиција, што во случај Реал да го освои Купот на кралот ќе им донесе пласман во Конференциската лига. Сега Атлетико е седми, а не е ни далеку од четвртото место кое води во Лигата на шампионите. Од четвртопласираниот Сосиедад имаат само пет бода помалку.

Победата на Атлетик му ја обезбедија Нико Вилијамс и Оскар Де маркос со головите во 19. и 56.минута.

Почесниот гол за Алмерија е дело на Сантељес во 92.минута. Алмерија остана на 30 бода и на 17.место имаат само два бода повеќе од првиот тим кој се наоѓа во опсната зона.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Белингем по ЕП ќе оди на операција

Објавено пред

Џуд Белингем (20) брилјираше во првата сезона за Реал и веднаш покажа зошто клубот минатото лето за не го плати 103 милиони евра и зошто со бонуси ќе чини уште 30 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

Офанзивниот играч за врска постигна 23 гола и забележа 13 асистенции на 42 натпревари. Со реал ја освои Ла Лига и Лигата на шампионите. Го обожаваат соиграчите, навивачите и новинарите, а цела сезона го споредуваат со Зинедин Зидан.

Шпанците тврдат дека Белингем ќе го пропушти почетокот на наредната сезона поради повредата на рамото.

Англичанцот има проблем со таа повреда, ќе мора да оди на операција, но тоа ќе го направи по Европското првенство. Доколку замине на операција, Белингем ќе ги пропушти комплетните подготовки и стартот на новата сезона.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ван Бронхорс го презеде Бешикташ

Објавено пред

Холанѓанецот Џовани ван Бронхорст е нов тренер на Бешикташ, објави клубот на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

Ван Бронхорст (49) потпишал договор на две сезони, со можност за продолжување на соработката за уште една година.

Во својата кариера ги тренираше Феенорд, Гвангжу и Глазгов Ренџерс.

Бешикташ годинава го освои Купот на Турција, а следната сезона ќе игра во Лига Европа.

Прикажи повеќе...

Спорт

Судот ја забрани продажбата на Златната топка на Диего Марадона

Објавено пред

Аукцијата на украдената Златна топка, која во 1986 година ја освои легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона, е прекината со одлука на Апелациониот суд во Версај.

dobivaj vesti na viber

Судот на тој начин ја прифати жалбата на двете ќерки на Марадона, кои тврдат дека Златната топка е сопственост на семејството на починатиот фудбалер и дека не може да се продаде на аукција.

Марадона ја доби Златната топка како најдобар играч на Светското првенство во Мексико во 1986 година, каде што ја предводеше Аргентина до титулата светски првак.

Речиси сите негови натпревари на тој шампионат беа легендарни, особено мечот против Англија каде што постигна еден гол, кој подоцна е наречен, „Божја рака“, а вториот откако ја издрибла цела англиска одбрана.

Тоа беше четвртфинална победа против Англија со 2:1, додека Аргентина во финалето ја победи Западна Германија со 3:2.

Марадона почина во 2020 година, а неговите наследници тврдат дека Златната топка е украдена и тврдат дека сегашниот сопственик нема право да ја продаде. Нивниот адвокат рече дека ќе побараат одземање на трофејот и дека ќе поднесат пријава за кражба.

Околу тој трофеј кружеа разни гласини. Се зборуваше дека Марадона го изгубил во игра покер или дека го продал за да ги исплати долговите. Исто така, беше кажано дека Марадона го чувал во банка во Неапол, која ја ограбиле локални криминалци во 1989 година, додека тој играл за Наполи. Наследниците на Марадона веруваат дека трофејот е украден од банката.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

Путин до Западот: Бидејќи вие ја вооружувате Украина, можеме и ние да ги вооружиме вашите непријатели

Рускиот претседател Владимир Путин ги критикуваше западните земји за снабдување со оружје со долг дострел на Украина, предупредувајќи дека Москва...

Регион24 минути

„Сè уште мислам дека не е се така и дека детето е продадено, ќе видиме како ќе биде до крај“: таткото на осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ

Радослав Драгијевиќ, таткото на осомничениот Дејан, беше изненаден од сведочењето на Срѓан Јанковиќ, кој е поврзан со убиството на Данка...

Свет2 часа

(Видео) Се судрија патнички и товарен воз во Чешка: има загинати и повредени

Во сударот на патнички и товарен воз во чешко Пардубице доцна во средата вечерта, најмалку четири лица загинаа, а десетици...

Македонија2 часа

Левица со поддршка кон жителите од Ореовец против ископот на ,,Бехтел и Енка”

На протестот на жителите од прилепски Ореовец против ископот на ,,Бехтел и Енка”, Левица повторно даде поддршка. Пратеникот од Левица,...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Демири и Манолева прават роденденска журка во Министерството за здравство, граѓаните три недели чекаат за операции

Власта на СДС и ДУИ го донесе македонското здравство во колапс, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Три недели, како што велат, не...

Македонија2 часа

Сиљановска Давкова ќе му го врачи мандатот за состав на влада на Мицкоски

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ќе го врачи мандатот за состав на Владата, на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопшти претседателскиот...

Македонија16 часа

Озан се родил на Гинекологија со 690 грама, а сега си замина дома со 2.400 – херојски ги надминал сите препреки

Во прегратките на своите родители, вчера по шест месеци престој на скопската Клиника за гинекологија, на одделението за интензивна нега...

Македонија20 часа

Мицкоски татковината ќе продолжи да ја нарекува Македонија: Не очекувам талибански однос и цензурирање

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој утре очекува од претседателката Гордана Силјановска-Давкова да го добие мандатот за состав на влада,...

Топ21 час

Човечко тело извлечено од надојдената вода на вливот на реката Тополка во Вардар

На единствениот број за итни повици 112 во ЦУК, вчеравечер, конкретно 21.30 часот, имаше пријава од рекреативен риболовец дека е...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски најави формирање две нови министерства

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција рече дека поднесува предлог-закон за измена на Законот за организација и работа...

Топ22 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина битолчанец

Вчера во 13.53 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од улицата „Наум Наумовски“ со улицата „Прилепска“ во...

Македонија23 часа

Изборните резултати го клекнаа СДСМ на колена, но под мое раководство повторно ќе биде победничка партија: Филипче поднесе кандидатура за претседател

Поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче денеска ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ. „Ова е убав...

Македонија23 часа

Петровска поднесе кандидатура за претседател на СДСМ: Ниедна причина за овој пораз што го доживеавме не смее да остане скриена

Обединување на членството, дискусии и дебати за сите политички збиднувања во земјата како и анализа на причините за поразите кои...

Македонија1 ден

Граѓаните ќе платат најмалку 600.000 евра за апанажа на пратеници од минатиот состав, вели партијата Левица

„Деновиве во јавноста излезе информација дека Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата, досега, на најмалку 29 пратеници од...

Европа1 ден

(Видео) Градовите во Германија сè уште под вода, пет лица загинаа

Пет лица загинаа, а илјадници се евакуирани во јужна Германија по обилните дождови кои предизвикаа поплави. Во Баварија животот го...

Регион1 ден

Таткото на Данка за изјавата на осомничениот за нејзиното убиство: Ме погоди, нема да им простам

Таткото на малата Данка Илиќ, Милош Илиќ, го коментира изненадувачкото сведочење на еден од двајцата осомничени за нејзиното убиство. Да...

Македонија1 ден

Доколку во Европа се случеше скандал како овој со хируршките сали, истиот ден одговорните функционери ќе беа „искуферени“, велат ВМРО-ДПМНЕ

„Цели дваесет дена владее хаос на Клиниката на хирургија, 20 дена владее тотален колапс во терцијалното здравство во Македонија. Клучната...

Европа1 ден

Русија ѝ се закани на Франција

Русија вчера одговори со нова закана за ескалација на извештаите дека Франција наскоро би можела да испрати инструктори да и...

Свет1 ден

САД: Сè уште чекаме одговор од Хамас на предлогот за прекин на огнот

Одговорот на Хамас на израелскиот предлог за прекин на огнот, претставен од американскиот претседател Џо Бајден во петокот, сè уште...

Топ2 дена

Двајца мажи ги натепале сопругите, друг демнел жена, а четврт се расправал со поранешната девојка и пукал во воздух – МВР со детали

Тепање, демнење, пукање. Вакви случаи го преплавија полицискиот билтен на МВР. „На 03.06.2023 во 22.20 часот во СВР Скопје, 68...