Спорт
Рајо Ваљекано падна на „Аноета“ во Сан Себастијан

Реал Сосиедад со победата над Рајо Ваљекано (2:1), освои важни бодови во трката за пласман во Лигата на шампионите, а Ваљадолид со триумфот над Џирона (1:0) дојде до важни бодови во борбата за опстанок.
Реал Сосиедад со пресврт го победи тимот чии гол го брани Столе Димитриевски. Из Паласон погоди за рајо во 57.минута, но само две минути подцна израмни Александер Серлот. Решавачкиот момент се случи во 81.минута, Димитиревски лошо го процени летот на една нафрлена топка, пливаше во празно, Карлес Фернандез, кој 20.секунди претходно влезе на теренот, ја упати кон голот, а Лежен во обид да интервенира ја смести топката во сопствента мрежа.
Сосиедад, го искористи поразот на Бетис од Осасуна (3:2) и сега има шест бода повеќе од директниот конкурент за четвртото место.
Ваљадолид стигна до трите бода против Џирона со голот на Мончу постигнат во 24.минута. Ваљадолид сега има 35 бода, седум повеќе од Еспањол кој е прв под цртата и се наоѓа во опасната зона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пјастри: Нема да зборувам многу, би можел да се најдам во неволја

Трката за Големата награда на Велика Британија во Силверстоун донесе ново намалување на разликата меѓу асовите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис. А тоа значи и зголемување на тензиите, а дека се оди во тој правец може да се насети и по изјавата на Австралиецот по завршувањето на трката.
Лидерот во генералниот пласман ги имаше сите адути во свои раце – водечка позиција, контрола на трката. Но, една кардинална грешка и казна од 10 секунди практично го чинеше победа, па наместо да се оддалечи од тимскиот колега за уште осум поени и да стигне до разлика од 23 бода, ситуацијата се сврте – Норис ја намали разликата на само осум поени на половина од сезоната.
Самиот Пјастри не е задоволен од казната, смета дека е неправедна. Кога отиде да ја одработи казната и дојде до предавање на позицијата на Норис, побара од тимот да му наложат на Норис да ја врати позицијата и да се тркаат, но Мекларен тоа го одби.
„Нема да зборувам многу, за да не западнам во неволја. Но изгледа дека повеќе не смее да се кочи зад безбедносното возило – изјави Пјастри.
Фото: ЕПА
Спорт
Пјастри му ја подари победата на Норис, Хулкенберг е херојот во Британија

Ландо Норис го искористи подароот од тимскиот колега Оскар Пјастри и победи на трката за Големата награда на Велика Британија. Тркањето на култната патека во Силверстоун ја обележа безбедносното возило, кое шест пати излезе на патеката и брилијантниот Нико Хулкенберг кој го комплетираше подиумот.
Трката која се возеше по тешки услови, требаше, но не ја доби Пјастри. Австраиецот направи глупава греша додека безбедносното возило беше на патеката, поради што доби казна од 10 секунди, што му овозможи на Норис да ја забележи осмата победа во кариерата.
Херој на денот е Хулкенберг од Заубер, во 239 настап во Ф1 трка прв пат се искачи на подиумот. Германецот трката ја започна од 19. позиција.
Бодови во Британија освоија Хамилтон, Ферстапен, Гасли, Строл, Алонсо, Албон и Расел.
Во првенството сега следува пауза од три недели. Следната трка ќе се вози во Белгија на Спа Франкошамп.
Foto/ EPA/PETER POWELL
Спорт
Осимен реши да остане во Истанбул

Виктор Осимен донесе (не) очекувана одлука каде ќе ја продолжи кариерата.
Нигерискиот напаѓач имаше бројни понуди од клубови ширум светот, но сепак, одлучи да остане во Галатасарај.
Осимен одби многу попрофитабилни понуди, како оние од Саудиска Арабија. Тој сакаше да остане во Европа и на крајот ќе го стори тоа, но не во најголемите европски лиги.
Осимен и Галатасарај постигнаа договор за условите, но турскиот клуб сега има уште еден проблем.
Галата треба да му плати на Наполи 75.000.000 евра и тоа е проблем. Турскиот клуб сега се обрати до разни компании низ целата земја за да собере пари за Нигериецот.
Foto/ EPA-EFE/ERDEM SAHIN