Македонија
ИН МЕМОРИАМ: Почина струмичката медицинска сестра Надежда Џидалова
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/сестра-надежда.jpg)
Почина сестра Надежда Џидалова, медицинска сестра од Општата болница – Струмица.
– Изгубивме медицинска сестра, нема повеќе зборови, со длабока болка и тага извести преку Фејсбук Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Мицкоски се сретна со хрватската амбасадорка: Македонија и Хрватска треба да ги искористат капацитетите на заедничкото пријателство
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/tiganj-mickoski.jpg)
Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека денеска се сретнал со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ.
„Ги потврдивме исклучителните пријателски односи меѓу двете држави“, кажа Мицкоски и додаде дека изразил благодарност за поддршката која ја добива државава од пријателска Хрватска.
„Македонија и Хрватска треба да ги искористат капацитетите на заедничкото пријателство“, рече премиерот.
Македонија
Гори стан во Скопје, пожарни се упатија кон местото, извести ЦУК
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/pozarna-pozar.jpg)
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов извести дека гори стан во зграда кај старо матично.
„Од 112 добиена е пријава дека има пожар во стан на посочената адреса. Локацијата е улица Виа Игнација 8, Скопје. Известени се екипи од Територијална противпожарна бригада на Град Скопје“, информира Ангелов.
Македонија
Падна дел од фасада на зграда во Аеродром
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/dozd-aerodrom.jpg)
Центарот за управување со кризи извести дека на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 добиена е пријава за штета, односно паднат дел од фасада на зграда на булеварот Јане Сандански, број 38, во скопски Аеродром.
Силниот ветер попладнево направи хаос во Скопје. Паднати се дрвја, има оштетени возила, откачени лимови, искинати кабли од бандери.
Во центарот на градот, на булеварот Свети Климент Охридски, дрво падна врз жена.