Топ
Детали за несреќата кај Ѓавато: Загина жена, двајца повредени

Во несреќата кај превојот „Ѓавато“, загина 57-годишна ресенчанка. Во несреќата се повредени уште две лица, од кои едното е сопатник на починатата, а второто е возачот на возило кое учествувало во сообраќајката.
Загинатата жена со иницијали И.А. го управувала возилото „сеат“ кое се судрило со „мерцедес“, управуван од 52-годишниот возач С.Ј. Таа починала на лице место.
„Смртта ја констатирал доктор од Итна медицинска помош. Сопатникот на возилото ‘сеат’ и возачот на ‘мерцедес’ се здобиле со лесни телесни повреди“, велат од МВР за „Макфакс“.
Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: Проектот за студентските домови конечно излезе од лавиринтите на бирократијата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје изјави дека рехабилитацијата на студентските домови е значаен проект кој долго време бил заглавен во лавиринти, процедури, но сега конечно се реализира.
„Ова е многу значаен проект, не само за овој студентски дом, туку генерално за сите. Конечно е одглавен. За нас е важно да се заврши и младите луѓе да добијат повеќе од добри услови за сместување“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека според она што го видел на терен, разликата во однос на претходната состојба е огромна, и изрази надеж дека студентите ќе почнат да се вселуваат веќе следната година.
„Нашата цел како Влада е реализација на проекти и реформи, бидејќи тоа го очекуваат граѓаните. Да градиме, а не како во минатото кога се крадеше ужасно многу“, изјави премиерот.
Македонија
Гори во Радовиш, Берово, Прилеп – активни седум пожари, три под контрола

Во текот на измнинатото деноноќие на територијата на државата евидентирани се вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, седум се активни, три се под контрола, а седумнаесет се изгаснати.
Активни пожари има на неколку локации. Во општините Василево, Радовиш и Берово, во селото Нивичино, на планините Голем Готен и на Малешевските Планини гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација. Во општина Прилеп, кај селото Бешиште, во местото наречено Бешишки Рид, пожарот се шири кон селото Градешница (општина Новаци) и кон границата со Република Грција, каде што не се интервенира поради детонации. Активен пожар има и меѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен во општина Прилеп, како и селата Галиште и Трстеник во општина Кавадарци, каде што гори мешана шума и ниска вегетација. Во општина Македонски Брод гори деградирана дабова шума меѓу селата Црешево, Локвица и Крапа. Во селото Ќосевица, општина Македонска Каменица, активен е пожар во борова шума. Пожар е активен и во селото Ореше во општина Чашка, каде што гори букова шума и ниска вегетација, како и во селото Горно Црско во општина Кичево, каде што е зафатена ниска вегетација и ниска шума.
Под контрола се три пожари: во селото Грешница во општина Македонски Брод, каде што гори мешана шума и сува трева, потоа меѓу селата Драгоево и Селце во општина Штип, каде што е зафатена нискостеблеста шума, прнар и сува трева, како и во селото Јунузлија во општина Карбинци, каде што гори шума.
Изгаснати се вкупно 17 пожари на разни локации. Во општина Битола, на улицата Игњат Атанасовски, горела ниска вегетација. Во општина Василево, кај селото Босилово, бил зафатен пожар на депонија. Во селото Умин Дол во општина Куманово горела ниска вегетација, исто како и во населбата Бедиње. Во село Горно Лакочереј, општина Охрид, горело стрниште, а покрај автопатот Тетово – Скопје, во општина Тетово, исто така била зафатена ниска вегетација. Пожар имало и во селото Дебреше, општина Гостивар, во селото Годивје, општина Кривогаштани, каде што горела ниска вегетација и плевна, и во селото Долна Бела Црква, општина Ресен, на ѓубриште. Во општина Босилово, во селата Моносипитово и Банско, гореле депонии. Пожарот што почнал во селата Облавце, Бељаковце, Довезенце и Руѓинце во општините Старо Нагоричане и во Куманово се проширил и кон селата Димонце и Коњух во општина Кратово, каде што биле загрозени куќи и помошни објекти. Во село Нерав, општина Крива Паланка, горела висока борова шума. Во општина Илинден, меѓу селата Мршевци и Бучинци, горело стрниште, а во Катланово и село Чифлик, општина Петровец, била зафатена ниска вегетација, грмушки и дабова шума. Во општина Шуто Оризари, на улицата Брсјачка Буна, горело ѓубриште. Во општина Желино, меѓу селата Церово и Групчин, горела нискостеблеста и деградирана шума, а во селото Долно Перово, општина Ресен, биле зафатени елови дрва, врби, трска и сува трева.
Македонија
Кривична против директорка во Виница, си ја вработила ќерката во истото училиште иако немала соодветно образование

Полицијата поднесе кривична пријава против Г. С. (45) од Виница, директорка во основно училиште во овој град, поради несовесно работење во службата.
„На 27 јануари пријавената склучила договор за вработување со својата ќерка С. С., иако немала соодветно образование, на работно место предметен наставник по математика во основно училиште“, соопшти МВР.
Од тука велат дека со тоа му била нанесена штета на буџетот на училиштето на име исплата на плати во износ од 245.666 денари.