Македонија
Низа барања од историчарите: враќање учебници, јавна дебата и консензус за нова концепција за основно образование
Здружението на историчарите повторно реагира на, како што велат, избрзано донесената концепција за основно образование за што досега многупати предупредиле дека ќе има негативни импликации. Тие бараат од Министерството за образование и наука да стави мораториум на концепцијата и итно да организира широка јавна дебата, која ќе биде заснована на сеопфатна анализа, која ќе ги артикулира и досегашните негативни импликации од нејзиното воведување, како и ставовите на научната и академската заедница.
„Во меѓувреме, додека не се подготви и усвои нова концепција, бараме да се продолжи со досегашните наставни програми. На тој начин ќе се спречат идните штетни последици за учениците, наставниците, како и за севкупниот македонски образовен систем и за граѓаните и државата во целина.
Усвојувањето на новата концепција ќе мора да го одразува научниот, академскиот и општествениот консензус. Само на овој начин ќе може да се промовира квалитетот во македонското образование, од што ќе произлезат наставни програми и учебници, кои ќе бидат на потребното научно и академско ниво, во интерес на учениците, родителите, граѓаните и на државата, а не подредени на задоволување на моментните политички цели“, велат историчарите.
Тие додаваат дека на 22 декември 2022 година до Министерството за образование и наука поднеле барање за повлекување на учебникот по новововедениот предмет историја и општество за V одделение поткрепувајќи го со критичка анализа на 30 страници, во која биле нотирани 60 сериозни пропусти и грешки во концепциска, содржинска и методолошка смисла, при што предупредиле дека тие ќе создадат кај учениците погрешни претстави не само за минатото туку и за сегашноста.
„Во оваа пригода јавно прашуваме дали овој учебник е повлечен од употреба, со оглед дека посочените пропусти ги надминуваат законски предвидените 30 %! Воедно, изразивме цврста увереност дека погрешната концепциско-содржинска поставеност на учебникот е директен резултат на концепцијата за основно образование поради што побаравме од Министерството да иницира јавна дебата за подготовка на нова концепција за да не се повторуваат во иднина ваквите недозволиви пропусти.
Цврсто опстојуваме на ставот дека историјата мора да остане посебен предмет и воедно ги поддржуваме колегите кои сметат дека предметите географија, граѓанско образование, биологија, хемија и физика треба да се изучуваат посебно“, заклучуваат од Здружението на историчарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

