Спорт
Караско е подготвен за трансфер во Барселона

Фабрицио Романо последните денови интензивно пишуваше за интересот на Барселона за Јаник Ферерира Караско, 29. годишниот крилен напаѓач на белгиската репрезентација и голем ривал на Барса, Атлетико Мадрид.
Караско има договор со Мадрид до летото 2024 година, а Барселона би можела да го доведе веќе ова лето.
Романо, пишува дека Барселона може да го донесе Караско за малку пари. Имено, летово ќе се активира отштетната клаузула од „само“ 20 милиони евра, која Барселона е подготвена да ја плати.
Караско бара нов предизвик во кариерата, што значи дека трансферот е извесен пренесуваат од шпанските медиуми.
„Караско, тој е одличен играч. Мора да трча и да работи многу бидејќи често сам ја покрива целата лева страна, и крилната и бековската позиција. Тој е многу голем работник, секогаш е внатре и е благодарен. играч“, изјави тренерот на каталонците Чави Ернандез.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Финска како Македонија во 2011, ќе се бори за медал на Евробаскетот

Кошаркарите на Финска се пласираа во полуфиналето на Европското првенство.
Избраниците на Ласе Туови убедливо ја победија грузиската репрезентација во четвртфиналето (93:79).
Финците на тој начин го постигнаа својот најдобар резултат на Европските првенства, а во борбата за финалето ќе играат против подобриот од вечерашниот натпревар меѓу Словенија и Германија.
Грузија како да го достигна својот максимум, не одиграа онака како што се очекуваше од нив, додека Финска играше во својот препознатлив ритам и заслужено славеше на крајот.
Финците во првиот дел го наполнија кошот на Грузија, постигнаа 57 поени, погодија 10 тројки од 15 обиди.
Во вториот дел Грузија успеа да фати приклучок, во последниот период влегоа со негатива од девет поени, се дболиѓија на на шест разлика, но тогаш Гога Битадзе направи неспортски фаул, беше исклучен бидејќи веќе имаше техничка. Од тој напад Финците постигнаа пет поени, а во следниот Литл погоди неверојатна тројка од осум метри.
Грузија повеќе немаше сили да се врати во мечот, а на три минути до крајот исклучен беше и Токо Пенгелија.
Финска ја предводеше Микаел Јантунен со 19 поени, Лаури Марканен додаде 17, а искусниот Сасу Салин 14, погоди четири тројки од шест обиди. Збирно Финците на овој меч погодија 17 тројки од 31 шут.
Кај Грузија се истакнаа Сандро Мамукелашвили со 22 поени, Токо Шегелија со 19. Разочара Американецот Болдвин, постигна два поени од линијата за слободни фрлања, од поле не погоди ниту еден од дветте шутеви.
Foto/ EPA
Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.