Свет
Масовна евакуација на странци од Судан, над 400 загинати
Од безбедносни причини Швајцарија одлучи да ја затвори својата амбасада во Картум, главниот град на Судан, каде што од 15 април трае вооружениот конфликт.
„Ја затвораме нашата амбасада во Картум од безбедносни причини. Персоналот на амбасадата и нивните семејства се евакуирани и се безбедни. Ова беше овозможено благодарение на соработката со нашите партнери, особено Франција. Ви благодариме за нивната поддршка“, се вели во објавата на твитер-профилот на швајцарското Министерство за надворешни работи.
Италија ги евакуира своите граѓани од Судан
Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека евакуираните италијански државјани, кои сакале да го напуштат Судан, биле погодени од конфликтот.
„По еден ден нетрпеливо чекање, сите наши граѓани што сакаа да го напуштат Судан беа евакуирани. Меѓу нив има и странци“, се вели во соопштението на Мелони.
Мелони изрази благодарност до сите надлежни министри и државни институции што работеле на реализација на евакуацијата.
„Во оваа пригода сакам да го повторам повикот за прекин на конфликтот. На Судан му треба мир“.
Според италијанските медиуми, од Картум, главниот град на Судан, во Џибути се евакуирани вкупно 150 лица, од кои 107 се Италијанци, а со авиони на италијанското воено воздухопловство ќе бидат пренесени во Италија.
Според Светската здравствена организација, Судан изминатава недела го потресуваат крвави борби, во кои досега загинаа повеќе од 400 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Застрашувачки снимки од Шпанија: како изгледаше пристигнувањето на огромниот порој во шпанскиот град
Шпанија ноќта од вторникот кон средата беше погодена од страшни поплави, а најтешко беше во регионот на Валенсија. Најмалку 95 лица загинаа, десетици се водат за исчезнати, а се стравува дека бројот на загинати ќе се зголеми.
Wow!! Video showing a flash flood arriving in Paiporta, Valencia (presumably yesterday)….pic.twitter.com/n6YArxr1pa
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) October 30, 2024
Спасувачките операции се во тек, а на социјалните мрежи се споделуваат застрашувачки снимки.
Еден од нив го прикажува доаѓањето на поплавата во градот Паипорту во регионот на Валенсија. Градот сè уште трага по исчезнатите бидејќи властите се сомневаат дека во гаражите и подрумите можеби има луѓе што отишле да си ги земат своите автомобили.
Свет
Лавров: Русија и Иран ќе потпишат договор за партнерство
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија и Иран во блиска иднина ќе потпишат договор за партнерство, со значително внимание посветено на прашањата за одбраната.
„Главниот фактор за зајакнување на руско-иранските односи ќе биде претстојниот договор за сеопфатно стратешко партнерство меѓу Русија и Иран. Договорот се подготвува за потпишување во блиска иднина“, рече Лавров за време на говорот на меѓународната конференција за евроазиска безбедност во Минск, објави „РИА новости“.
Тој додаде дека договорот ќе ја потврди желбата на двете страни за поблиска соработка на полето на одбраната и интеракцијата во интерес на мирот и безбедноста на регионално и глобално ниво.
Свет
Лукашенко: Се плашам дека може да бидеме сведоци на граѓанска војна во САД, а тие лудаците тоа го прават со свои раце
Светот може да биде сведок на граѓанска војна во САД, предупреди претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, на втората меѓународна конференција во Минск за евроазиска безбедност.
Според него, во последните години многу земји на планетата се дестабилизирани, а САД не се исклучок.
„Се плашам дека може да бидеме сведоци на граѓанска војна во САД, а тие лудаците тоа го прават со свои раце додека сакаат да воведат ред во нашиот свет“, рече Лукашенко.
Тој додаде дека американските власти мора првин да воведат ред кај себе и тоа да ѝ го покажат на целата меѓународна заедница.