Спорт
MOZZART спонзор на турнирот во мал фудбал во Крива Паланка 2023
Регионалниот лидер во приредување игри на среќа уште еднаш ја покажа и докажа својата посветеност во помагање и развивање на спортот во Македонија.
Овојпат Mozzart даде поддршка на вториот по ред национален турнир во мал фудбал во Крива Паланка кој полека но сигурно прераснува во традиција.
На турнирот учество ќе земат дванаесет тимови од Скопје, Куманово и Крива Паланка.
![]()
Антонио Давитковски, еден од организаторите, изрази благодарност до компанијата Mozzart за несебичната помош и поддршка која ја добија за организација на овој спортски настан.
,,Општина Крива Паланка втора година по ред е организатор на Турнирот во мал фудбал Крива Паланка 2023. Минатата година настанот се покажа како полн погодок за локалната заедница и спортската јавност која ги наполни трибините во салата ,,Бранители 2001’’. Тоа беше и главниот мотив и оваа година повторно да го организираме турнирот со подобар квалитет од претходната година. Пријавени се дванаесет екипи составени од квалитетни футсал играчи, а меѓу нив има и голем број репрезентативци. Голема благодарност до Mozzart што го препозна овој турнир како голем потенцијал и многу значаен за заедницата и истиот го поддржа. Се надеваме дека ќе успееме да ја оправдаме помошта со квалитет и оваа соработка ќе биде успешна и ќе продолжи и во наредните години’’, изјави Давитковски.
![]()
Турнирот во мал фудбал свечено беше отворен вчера, а истиот ќе трае две недели.
Mozzart и натаму продолжува да одговара на барањата за помош при организација на спортски настани, истите да ги поддржува, помага и да дава свој придонес во развојот на спортот и спортскиот дух.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Бриж убедливо победи во Казахстан
Фудбалерите на Бриж остварија важна победа (4:1) и со тоа ги задржаа шансите за пласман во плејофот во Лигата на шампионите.
Белгискиот, со втората победа сезонава, по некомплетната седма рунда скокна на 23-то место со седум бода.
Бриж успеа да ја оправда улогата на фаворит против најслабиот тим оваа сезона на Лигата на шампионите.
Александар Станковиќ, синот на тренерот на Црвена звезда, Дејан Станковиќ го постгна рпвиот гол,а до крајот на првиот дел гол постигна и капитенот Ванакен.
🚨🚨| GOAL: STANKOVIC WITH A BRILLIANT GOAL TO PUT CLUB BURGGE AHEAD!!!
Kairat Almaty 0-1 Club Bruggepic.twitter.com/VZo5v1QHZG
— Goals Side (@goalsside) January 20, 2026
Истиот играч го запечати триумфот на својот тим во 74-та минута, кога повторно успеа да се запише во листата на стрелци. Кон крајот на натпреварот, Ванакен успеа да забележи асистенција, а Брендон Мекеле беше стрелец.
🎥⚽️ Brandon Mechele GOAL 🆚 Kairat Almaty. Great assist by Vanaken too#BrandonMechele #ClubBrugge #UCL
— Absolute Belgian Fans 🇧🇪 (@BelgianFans) January 20, 2026
Честа на домашниот Каират ја спаси Садибеков со голот во 92-та минута.
Во последното коло, Бриж ќе игра против Марсеј на домашен терен, додека Каират ќе го игра својот последен натпревар во лигашкиот дел од Лигата на шампионите против Арсенал во Лондон.
Foto/ EPA
Спорт
Арбелоа: Знам кој ги организира акциите за да го ослабне Реал
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, одржа прес-конференција пред натпреварот од Лигата на шампионите против Монако, кој ќе се игра вечерва во 21 часот.
Коментирајќи ги свирежите на дел од публиката на „Сантијаго Бернабеу“, Арбелоа застана во одбрана на бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор.
„Сакам и очекувам поддршка од „Бернабеу“ за сите играчи, а пред сè за Винисиус“, рече тренерот. Тој ја нагласи важноста на навивачите за неговата игра, додавајќи дека „му е потребен „Бернабеу“ за да ја даде својата најдобра верзија“.
Арбелоа го опиша Винисиус како играч со „огромно срце“, кој е многу емотивен, што се рефлектира во неговиот фудбал. Тој ја отфрли можноста да го остави надвор од тимот за да го заштити.
„Тој секогаш ќе биде на теренот кога е достапен и кога настапува вака. Како тренер на Реал, ако сакам да имам шанса да победам, потребен ми е Винисиус на теренот“, заклучи тој.
Арбелоа ги изнесе обвинувањата, тврдејќи дека има организирани напади врз клубот.
„Знам дека има акции за ослабување на Реал Мадрид и знам кој ги организира“, рече тој, но не сакаше да открие повеќе детали.
Кога еден новинар го праша да ги разјасни своите тврдења, тој кратко одговори: „Вие сте новинари. Јас сум тренер на Реал Мадрид и сум фокусиран на натпреварот против Монако. Ја вложувам целата моја енергија и ентузијазам во тоа“.
Спорт
Џеко се сели во Шалке
Един Џеко (39) постигнал договор со Шалке, објави новинарот на „Билд“, Флоријан Плетенберг. Инсајдерот открива дека сега ќе мора да се договорат водечкиот тим во германската втора лига и Фиорентина.
Един Џеко ѝ се придружи ова лето, но одигра 18 натпревари (722 минути) главно како резерва и сега сака да си замине. Неговиот договор истекува по завршувањето на сезоната.
Плетенберг додава дека спортскиот директор Франк Бауман и тренерот Мирон Муслиќ успеале да го убедат Џеко да дојде и да им помогне да го задржат првото место, што им гарантира пласман во Бундес лигата.
Џеко е еден од најдобрите напаѓачи на 21 век и најголемиот фудбалер во историјата на Босна и Херцеговина. Играше за Железничар, Теплице и Усти над Лабем во Чешка, Волфсбург, Манчестер Сити, Рома, Интер и Фенербахче.
Вкупно, постигна повеќе од 400 гола во својата кариера, а со заминувањето во Шалке, ќе се врати во Германија по 15 години, кога го напушти Волфсбург.

