Свет
Татко монструм го фрлил двегодишниот син на алигатори на Флорида, а сопругата ја избол 100 пати
Детето од Флорида, Тејлен Мозли (2), кое минатиот месец беше пронајдено во вилиците на алигатор, татко му го удавил, а потоа го фрлил во езерото полно со крокодили, потврди полицијата.
Тејлен Мозли беше пријавен за исчезнат на 30 март кога мајка му Пашун Џефри (20) беше пронајдена мртва во нивниот стан со 100 убоди.
Полициската управа на Флорида веднаш почна потрага по момчето и заврши само еден ден подоцна со пронаоѓање на двегодишното дете во вилиците на рептилот. Телото на Тејлен беше пронајдено на 31 март.

Инаку, езерото Маџоре е оддалечено речиси 18 километри од станот на неговата мајка, соопшти полицијата. Во потрагата по момчето учествувале кучиња, дрон и федерални и државни агенции.
Полицијата пукала во алигаторот, кој потоа го исфрлил телото на момчето, но обдукцијата потврдила дека момчето починало по давењето во езерото, пишува „Дејли стар“.
Началникот на полицијата Ентони Холовеј потоа го коментира страшното откритие:
„Исчезнатото дете е пронајдено во алигаторот, а мајката е избодена до смрт. Таткото е обвинет за убиствата. Жалиме што мораше да заврши вака“, изјави началникот на полицијата.

Инспекторите исто така потврдија дека Пашун била избодена со нож на забава одржана за Мозли.
Портпаролот на полицијата вчера потврди дека Мозли го фрлил својот син во езерото, каде што подоцна детето било пронајдено во устата на алигатор.
„Истрагата е во тек и продолжуваме да ги оценуваме сите информации што ги добивме“, се вели во соопштението на Обвинителството.
Таткото на Тајлен, Томас Мозли (21), е обвинет за две точки за убиство од прв степен за смртта на синот и на мајката на детето, Пашун.
21-годишникот моментно се наоѓа во притвор без кауција и треба да се појави на сослушување за обвиненијата на 5 мај, објави „Њујорк пост“.
Доказите презентирани на суд покажаа дека Мозли бил поврзан со местото на убиството преку крвав отпечаток од прстот пронајден на шише за чистење, како и крвав отпечаток на чевлите пронајдени во станот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Самоубиствен напад во џамија во Исламабад: 11 загинати и речиси 100 повредени
Во експлозија во џамија во главниот град на Пакистан, Исламабад, загинаа 11 лица, а речиси 100 се повредени, соопштија локалните власти.
Според информациите, експлозијата се случила по петочната молитва во шиитска џамија.
„До експлозијата дојде по петочната молитва во шиитска џамија“, изјавил за АФП висок полициски извор кој сакал да остане анонимен.
Според објавите на социјалните мрежи, експлозијата се случила во Имам Баргах во областа Тарлаи Калан во предградието на Исламабад, при што има повеќе жртви и повредени.
На социјалните мрежи се споделуваат вознемирувачки фотографии од телата на жртвите, како и видеа од повредени верници кои ја преживеале експлозијата.
Првичните информации укажуваат дека нападот го извршил бомбаш самоубиец.
🚨 🇵🇰 #FLASHINFO | Une explosion dans une mosquée d’Islamabad (#Pakistan) en pleine prière du vendredi fait plus de 15 morts et 80 blessés.
Le nombre exact de victimes varie encore car les secours sont toujours sur place et les bilans évoluent rapidement. pic.twitter.com/jaHI22BB4u
— Saudi News FR 🆇 (@SaudiNewsFR) February 6, 2026
Свет
Орбан: Унгарија е единствениот европски сојузник на САД кога станува збор за зачувување на мирот во регионот
Унгарија е единствениот европски сојузник на Соединетите Американски Држави кога станува збор за зачувување на мирот во регионот, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Орбан во редовното неделно интервју за јавниот радио „Кошут“ рече дека за време на претходните избори американската администрација на „левичарите“ ја поддржувала опозицијата во Унгарија, но дека ситуацијата оттогаш се променила, пренесе МТИ.
„Добро соработувавме за време на првиот мандат на претседателот на САД Доналд Трамп. Нашата филозофија е дека суштината на надворешната политика е собирање пријатели. Бевме успешни во Америка бидејќи постои големо меѓународно прашање – војната во Европа, војната меѓу Украина и Русија, прашањето за мир и војна – околу кое се согласуваме и каде што на Соединетите Американски Држави им е потребна поддршка“, рече Орбан.
Унгарскиот премиер ја нагласи важноста на националната петиција на владата и изјави дека само патриотска влада може да ја гарантира безбедноста на Унгарија.
„Мораме да се држиме подалеку од војната, што значи да кажеме ‘не’ и да прифатиме судир со Брисел“, рече тој.
Орбан додаде дека не може сам да го промени ставот на повеќе од 20 други европски земји, но дека се обидува да ги охрабри европските држави да застанат зад мирот.
Унгарскиот премиер оцени дека единствениот начин Европа да избегне војна е оние што сакаат мир – и во Унгарија и низ целиот континент – да ги натераат своите влади да се залагаат за мир, а не за судир.
„Нашата единствена опција е да се држиме подалеку од она што е погрешно“, рече Орбан и додаде дека патриотска влада може да ја обезбеди сигурноста на земјата.
Европа
Висок руски генерал застрелан во Москва
Висок руски воен функционер, генерал-потполковник Владимир Алексеев, беше застрелан во Москва во петокот и итно префрлен во болница. Државните медиуми ја објавија веста, повикувајќи се на истражители, пренесува Ројтерс.
Според официјални информации, непознато лице испукало неколку куршуми кон Алексеев во станбена зграда во северозападна Москва во петокот, а потоа избегало од местото на нападот. Ранетиот генерал бил итно префрлен во московска болница, а неговата состојба сè уште не е официјално објавена, објавија руските медиуми. Истражниот комитет соопшти дека е отворена кривична постапка за обид за убиство и нелегално поседување огнено оружје.
Истражителите и форензичките експерти се на местото на пукањето, ги прегледуваат снимките од надзорните камери и ги испрашуваат сведоците, додека потрагата по напаѓачот или напаѓачите продолжува. Информациите за пукањето брзо се проширија на руските и украинските канали на Телеграм.
Алексеев е заменик-началник на Главната дирекција на Генералштабот на Министерството за одбрана. Тој беше еден од високите функционери испратени да преговараат со водачот на платениците Евгениј Пригожин за време на неговиот краткотраен бунт во јуни 2023 година.

