Свет
Шведска ракета по грешка падна во Норвешка
Истражувачка ракета лансирана од страна на Шведската вселенска корпорација (SSC) од вселенскиот центар Есранџ во северна Шведска поради дефект падна во соседна Норвешка.
Ракетата достигна висина од 250 километри, каде што се спроведуваат експерименти во нулта гравитација, објави агенцијата.
„Слета во планините на надморска височина од 1.000 метри и на 10 километри од најблиската населба“, изјави Филип Олсон, шеф за комуникации во SSC.
Во тек е акција за собирање делови од ракетата и истрага за да се пронајдат технички детали и да се утврди што ја предизвикало непланираната траекторија на ракетата, соопшти агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Борисов ја повлекува кандидатурата за премиер
Лидерот на централно-десничарската бугарска партија ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов, ја повлече својата кандидатура за премиер на Бугарија и одлучи да го врати мандатот за формирање влада.
„Не сакам повеќе да се занимавам со оваа земја. Ќе го вратам мандатот штом го добијам“, изјави Борисов на прес-конференцијата.
Борисов ја донесе одлуката по неуспешните преговори за коалиција по парламентарните избори во октомври, на кои ГЕРБ освои најмногу гласови, но без доволно мнозинство за самостојно да формира влада.
Минатата недела Борисов и понуди на коалицијата „Продолжување на промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) поддршка за кандидатурата на Атанас Атанасов за претседател на парламентот, под услов да формираат заедничка влада со него како премиер, но тој предлог беше одбиен.
Парламентот се уште е блокиран, а пропаднаа и обидите за избор на претседател на Собранието.
Свет
Русите објавија фотографии: „Ова се американски АТАКМС во Русија, подготвуваме одговор“
Министерството за одбрана на Русија тврди дека Украина истрелала неколку американски ракети со долг дострел АТАКМС кон Русија во изминатите неколку дена.
Москва најавува одговор.
„Според потврдени податоци, во последните три дена украинските вооружени сили извршиле два напади со западно оружје со долг дострел на цели во Курската област“, соопшти Министерството за одбрана.
Во саботата, според Русите, Украина истрелала пет АТАКМС во областа Лотарјовка, 37 километри северозападно од Курск, гаѓајќи го противвоздушниот систем С-400.
„Две од нив ја погодија својата цел“, се вели во соопштението, додавајќи дека системот е оштетен, а луѓето се повредени.
Вчера, Украина, исто така, „изврши уште еден напад со осум АТАКМС на аеродромот Курск-Восточни“, се вели во соопштението. Едниот сигнал до цента, две лица се повредени, а инфраструктурата е оштетена.
„Руското Министерство за одбрана ја следи ситуацијата и подготвува одговори“, се вели во соопштението.
Министерството објави и фотографии од остатоци од ракетите АТАКМС во Русија, но нивната автентичност не е потврдена.
Свет
„Ова ја дисквалификува засекогаш, таа не може да ја води Америка“ – кампањата на Камала Харис должела 20 милиони долари по изборите
Извештаите покажуваат дека кампањата на американската потпретседателка Камала Харис е во долг од 20 милиони долари по недамнешните претседателски избори. Се очекува таа да им се обрати на финансиските директори на Демократскиот национален комитет среде оваа финансиска криза.
Главниот политички донатор Џон Морган изрази загриженост за трошењето на кампањата нагласувајќи дека донаторите сакале да го поразат Трамп, а не нужно да ја изберат Харис. Тој верува дека преголемото трошење, вклучувајќи 15 милиони долари за продукција на настани и 4 милиони долари за приватни авиони, е доказ дека Харис не треба да се кандидира повторно.
„Мислам дека ова ја дисквалификува засекогаш. Ако не можете да водите кампања, не можете да ја водите ниту Америка“, рече тој и навести дека тоа може негативно да влијае на кариерата на Камала Харис бидејќи донаторите се прашуваат каде отишле парите.
Додека извештаите за долгот се вознемирувачки, кампањата на Харис тврди дека нема неплатени долгови или сметки.
Линди Ли, член на финансискиот комитет, откри дека внатрешните борби довеле до тоа некои членови да ја напуштат партијата.