Македонија
Вицепремиерот Битиќи ѝ посака топло добредојде на претседателката на Република Косово, Вјоса Османи

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, утрово ѝ посака топло добредојде на претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу, која престојува во дводневна посета на Република Северна Македонија, со надеж дека оваа посета уште повеќе ќе ги зајакне одличните односи помеѓу двете земји и ќе даде позитивен импулс за натамошен развој и интензивирање на севкупната соработка.
Вицепремиерот Битиќи на граничниот премин Блаце беше придружуван од Шпреса Јусуфи, амбасадор на Република Северна Македонија во Република Косово, амбасадорот Гоце Карајанов, посебен советник на претседателот Пендаровски за надворешна политика и амбасадорот Кенан Рамадани, директор на Директоратот за протокол при Министерството за надворешни работи.
Вицепремиерот Битиќи е дел од делегацијата на претседателот на државата, Стево Пендаровски, кој е домаќин на претседателката Османи-Садриу, и ќе учествува на пленарниот состанок на делегациите на Северна Македонија и на Косово по што е предвидена и заедничка прес-конференција на претседателите на двете држави.
Во рамките на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Пендаровски и Османи-Садриу ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев по што претседателка Вјоса Османи-Садриу ќе оствари средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, и ќе се обрати на свечена седница во Собранието на Република Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци: маскиран и со ловечки нож ограбил соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 32-годишен скопјанец, на 18 август, маскиран со маица со која си го покрил лицето и капа, преку незаклучена влезна врата влегол во домот на негов соселанец во селото Бучимци. Во рацете држел ловечки нож и кога во една од собите го затекнал сопственикот, му се заканил дека ќе го убие ако не му даде пари.
Оштетениот, исплашен за својот живот, извадил 4.000 денари од комодата, но го замолил разбојникот да му дозволи да задржи барем 1.000 денари, бидејќи му се неопходни.
Осомничениот се согласил и го напуштил местото со 3.000 денари кои противправно ги одзел од сопственикот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведокот/оштетен со заплашување и уценување, како и можност да го повтори делото.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез е околу 20 минути, за излез е околу 40 минути.
На ГП „Богородица“ времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

Вицепремиерот Александар Николоски на покана на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствува на Националниот ден кој се слави во чест на Свети Стефан основачот на унгарската држава и христијанството во Унгарија.
Покрај учеството на прославата на националниот ден, предвидени се повеќе средби со високи претставници на владата на Унгарија, неколку министри и потенцијални инвестиции. На средбите е предвидено да се разговара за динамиката на проектите во Македонија како и за идната засилена економска соработка помеѓу двете држави.
Посетата на вицепремиерот е уште една потврда за одличното пријателство и соработката помеѓу Македонија и Унгарија, се додава во соопштението на Министерството за транспорт.