Свет
Руски воени авиони пресретнати над Балтичкото Море
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/хтр.jpg)
Три руски воени авиони, кои летале над Балтичкото Море, биле пресретнати во меѓународниот воздушен простор, пренесува „Ројтерс“.
Aufklärungsflieger abgefangen. 🇩🇪 und 🇬🇧 #Eurofighter wurden alarmiert, um 3 Militärmaschinen zu identifizieren. Die zwei SU-27 Flanker und eine IL-20 aus 🇷🇺 flogen erneut ohne Transpondersignal im int. Luftraum über der Ostsee. #SecuringTheSkies #VAPB @NATO @GermanyNATO… pic.twitter.com/sOY4CPkrbe
— Team Luftwaffe (@Team_Luftwaffe) April 26, 2023
Како што соопштија од германското воено воздухопловство, станува збор за два руски ловци „сухој су-27“ и еден авион од типот !иљушин ил-20“. Идентификувани се со авиони на британското и германското воздухопловство, при што Германците на „Твитер“ објавија и неколку фотографии од руски авиони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Ураганот Берил се засилува додека се приближува до Тексас
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/vf.jpg)
Смртоносниот ураган Берил се засилува додека се приближува до брегот на Тексас, во близина на градот Хјустон, соопшти денеска Националниот центар за урагани на САД.
Во соопштението се прецизира дека ураганот Берил се наоѓа на околу 170 километри источно од градот Корпус Кристи, придружен со ветрови чија максимална брзина достигнува 120 километри на час, пренесува Ројтерс.
Жителите на Тексас се подготвуваат за пристигнување на силна бура која веќе остави големи последици во делови од Мексико и Карибите.
Регион
Вучиќ објави фотографија со синот: Рекоа ќе го посипат со ураниум
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/dfds.jpg)
Претседателот на Србија Александар Вучиќ зборуваше за интервјуто на опозиционерот Срѓан Шкоро во кое тој го коментираше и неговиот син Данило Вучиќ и порача дека нема да дозволи напади врз неговиот син, но и врз ничие дете. Вучиќ зборуваше за монструозните закани упатени кон неговиот син, а дел од нив гласеле дека тој ќе биде посипан со ураниум.
„Со години ги кажуваат најлошите и најтешките зборови. Јавноста молчи, обвинителството, полицијата, судовите молчат. Денеска рекоа дека ќе го посипат син ми со ураниум. Тој веќе не е дете, туку тој секогаш ќе биде мој син. А јас нема и нема да дозволам да го правите тоа за ничие дете во Србија Ќе се бориме за нормална Србија“, напиша Вучиќ на Инстаграм профилот.
Заедно со објавата објави и фотографија со синот Данило.
Свет
Италијанците открија храм стар 4.000 години на Кипар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/гфдзг.jpg)
Италијанските археолози открија храм стар 4.000 години во селото Ерими на Кипар.
„Тоа е најстариот свет простор што некогаш е пронајден на островот“, рече археологот Лука Бомбардиери, кој ги води ископувањата веќе 15 години, кои се изведуваат во соработка со Одделот за антиквитети на Кипар и Министерството за надворешни работи и Меѓународна соработка, пренесува Анса.
Според него, новооткриениот храм „фрла ново светло“ на „модерниот“ живот на заедницата на занаетчии кои живееле пред четири милениуми, само неколку века пред да бидат изградени првите градови на островот.
При ископувањето биле пронајдени останки на млада жена која била убиена и заѕидана дома, што според археолозите било направено за да не и се врати духот и да ги вознемири живите.
Бомбардиери рече дека не е јасно дали во тоа време имало свештеник на тоа место.