Македонија
(Видео) Судијката Радева до колегите од Судскиот совет: Во писмото стои дека треба да си ја работиме работата, не знам зошто толку фама

Нема судии во судовите, тоа е проблем, а кој и да седне на претседателското столче нема да ни се допаѓа. Ова го порача судијката и член на Судскиот совет, Мери Радевска, на седницата, која во првата половина помина со караници. Таа рече дека ќе дојде до колапс и порача: „Секој да се запраша што придонел“. Посочи дека во Судскиот совет се оди во канцеларии за озборување на колегите.
„Во писмото стои да си ја работиме работата, судиите да си ја работат работата. Тоа не треба некој да ми го каже, треба да си ја работиме работата. Треба да соработуваме, да седнеме на комисија да изготвиме ако треба да се изготви. Не се бара повеќе, само да си ја работиме работата. Не знам зошто толку фама за тоа писмо. Писмото бара секој да си е одговорен, да си чувствува одговорност. Упатството е многу корисно ако се прочита, прифати, применува. Ние нема да губиме време. Јас денеска имам толку претставки за реферирање, јас губам време за нешто што во трето одделение сум го правела и сум рекла ‘не, ова не е во ред’. Не сакам да зборувам повеќе за тоа“, рече Радевска.
За изборите на судии во судовите, членот Мери Радевска рече: „Сите знаеме зошто доцнеа, не може да му се префрла на некого нешто. Не ја бранам оти е тука, утре некој друг ќе биде, нема врска. Јас сум господар на мојот глас. И секој поединечно е господар на својот глас – ако е господар. Ако нема интегритет и слуша некој друг – тогаш нека се запраша дали е за тука. Чекајте, требаше некој мене да ми каже за кој да гласам и да го прифатам тоа? Вратете ги работите на основните вредности за да функционираме сите. Не велам дека сум идеална или дека некој е многу грешен“.
Претходно, имаше караници и престрелки во Судскиот совет. Имаше и барање за разрешување на Весна Дамева од претседателската функција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Тендерите во РЕК и ЕСМ, во време на власт на Заев и Филипче завршуваа само кај ним омилената фирма, Марковски компани

Тендерите во РЕК и ЕСМ, во време на власт на Заев и Филипче завршуваа само кај ним омилената фирма, Марковски компани, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„За неколку години, оваа фирма доби над 200 милиони евра во тендери, а дел од тие пари потребно е да се истражат дали завршиле во фирмите на Заев и Филипче во Бугарија. Поради сиве овие местенки и испумпувања на буџетот, како и заштита од поединци од судството на Заев и Филипче, сопственикот на Марковски компани доби куќен, наместо затворски притвор.
Една од историско најголемите зделки во РЕК и ЕСМ, ја добила токму Марковски компани, од неверојатни 46 милиони евра.
Иако, на овој тендер се пријавиле и други фирми со 30% пониска цена, Заев и Филипче овој тендер му го доделиле на Марковски компани.“, се вели со партиското соопштение.
Прашањето кое остана неодговорено е каде завршиле овие дополнителни 30% средства, односно во бројка околу 14 милиони евра? Дали овие 14 милиони евра завршиле на сметка на фирми на Заев и Филипче во Бугарија? Зошто Заев и Филипче молчат?, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.
„На ваков начин СДС работеше долги година на власт. Тендери си делеа неколку луѓе од врвот, како Заев и Филипче, а потоа си ги делеа и си инвестираа во фирми. Од друга страна, беа заштитени од страна на судството и обвинителството, кое тие го држат под контрола. Затоа, ги повикуваме граѓаните, да го поддржат бројот 9, и да го направат вистинскиот избор. Со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина“, завршуваат од владејачката партија.
Македонија
Последна седмица од кампањата за локалните избори 2025

На една седмица од Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, политичките партии, коалициите и независните кандидати продолжуваат со претставување на своите програми и кандидати пред граѓаните. Денеска се најавени митинзи и директни средби во повеќе општини низ државата.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги претстават своите кандидати во Чучер-Сандево, Свети Николе и Штип, додека СДСМ има најавено активности во Ново Село, Босилово, Василево, Радовиш и во Струмица.
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, ќе се обрати на прес-конференција што ќе се одржи во 10:30 часот во неговиот Штаб наспроти „Тренд“ во центарот на Скопје.
Каја Шукова – кандидатка за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ и Коалицијата ќе даде изјава за медиумите во Градски парк кај Кермез во 11:30 часот.
Со почеток во 12:00 часот, кандидатот на Вреди за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ќе одржи прес – конференција во неговиот изборен штаб на плоштад Скендербег.
Прес-конференција во седиштето на ДУИ во Скопје денеска напладне ќе одржи потпретседателот на Демократската унија за интеграција Арбер Адеми на која ќе се обратат и кандидатот за градоначалник на Гостивар, Валбон Лимани, и кандидатот за градоначалник на Јегуновце, Насир Абази.
Кампањата официјално завршува на 17 октомври на полноќ, по што следува изборниот молк пред гласањето на 19 октомври. Вториот круг е закажан за 2 ноември.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 16 до 22 Целзиусови степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.