Македонија
Директорката на градинката во Гази Баба го демантира Стефковски
Јас, Анета Петровска, директор на Јавна установа за деца – детска градинка „Детска радост“ – општина Гази Баба, Скопје, преку полномошник адвокат Златка Денковска од Скопје, во согласност со член 14 од Законот за граѓанската одговорност за клевета и навреда го поднесуваме следниот демант на изјава дадена од страна на градоначалникот Бобан Стефковски на општина Гази Баба во врска со донесена одлука за разрешување на лицето Анета Петровска.
Бараме демантот да биде објавен целосно со сите придружни документи во најбрз можен рок сè со цел да се спречат навредите и клеветничките изјави од страна на градоначалникот Бобан Стефковски на општина Гази Баба.
Имено, лицето Анета Петровска за одлуката за разрешување дознава од страна на медиумите и острите напади од страна на градоначалникот Бобан Стефковски на општина Гази Баба, таа моментно се наоѓа на боледување поради влошена здравствена состојба на своето малолетно дете.
Најпрвин укажуваме дека ревизорскиот извештај од ТП „Ревизија Чулева“, за кој сега говори градоначалникот, е од 15.3.2022 година, значи оваа ревизија беше извршена веднаш по првото разрешување на директорката Анета Петровска, но бидејќи во постапката за разрешување, кога беа повикани претставници на Министерството за труд и социјална политика, ги проверија наводите, односно сите фактури за слободни јавни набавки, и утврдија дека нема пречекорување на законскиот минимум за слободна јавна набавка и дадоа негативно мислење по предлогот за разрешување по што и самиот градоначалник си го поништи своето решение за разрешување.
ДОКАЗ: Произнесување – давање мислење за разрешување на директорката на детската градинка „Детска радост“, Анета Петровска, предложено до Управниот одбор на градинката врз основа на конечен извештај за извршена ревизија броја 03-2/3 од 10.1.2022 година од Добри Петров од Министерство за труд и социјална политика.
Овој ревизиски извештај е направен во време на мандатот на в.д. директорката Маринела Бошевa, и тоа во период од само 3 (три) часа, па се поставува прашањето како „Ревизија Чулева“ направи извештај за само 3 (три) часа на цели 12 (дванаесет) класери, односно за целокупното работење на директорката Анета Петровска за 2021 година.
Нејасно е дека како градоначалникот Бобан Стефковски сега одржува прес-конференции укажувајќи дека нема да дозволи незаконско работење кога за овој извештај веќе една година не презема ништо доколку реално имаше основ за разрешување.
Имено, сакаме да ѝ го појасниме на пошироката јавност следново дека ТП „Ревизија Чулева“ не е надлежна за вршење ревизија во ЈУДГ „Детска радост“ – Скопје. Ненадлежноста на ТП „Ревизија Чулева“ произлегува од тоа што таа може да врши ревизија само во приватни субјекти, и тоа во согласност со член 1 од Законот за ревизијата, каде што е уредено:
„Член 1
Со овој закон се уредуваат условите за вршење ревизија во правните лица што вршат дејност во Република Македонија“.
Имено, за тоа кој е надлежен за вршење на ревизија во во државни субјекти е уредено согласно член 1 од Законот за внатрешна ревизија каде е уредено:
„ Член 1
(1) Со овој закон се уредува системот за внатрешна ревизија заснован согласно со меѓународните стандарди за внатрешна ревизија, целите, принципите, организацијата, функционирањето и надлежностите на внатрешната ревизија на субјектите во јавниот сектор во Република Македонија.
(2) Одредбите на овој закон се однесуваат на следниве субјекти од јавниот сектор (во натамошниот текст: субјекти): корисниците на средства од Буџетот на Република Македонија, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Фондот за магистрални и регионални патишта, Агенцијата за вработување на Република Македонија, општините и градот Скопје, агенциите и другите институции основани со закон, јавните претпријатија, како и правните лица во кои државата е доминантен акционер. “
Закон за внатрешна ревизија страна 1
Со оглед на тоа што ЈУДГ Детска Радост Скопје е државен субјект, а не приватно правно лице јасно е дека ТП Ревизија Чулева е ненадлежна за вршење на ревизија.
II) Ненадлежноста на ТП Ревизија Чулева произлегува и од тоа што видно од Понуда за ревидирање на финансиски извештаии (самофинансирачка сметка 777010203878714) за годината што завршува на 31 декември 2021 доставена од страна на ТП Ревизија Чулева од страна број 3 (три) под точка 8 има наведено дека услугите ќе се наплатат од самофинансирачка сметка на ЈУДГ Детска Радост Скопје.
Појаснуваме дека согласно член 32 од Правилник за содржината на одделните сметки во сметковниот план за буџетските корисници е предвидено дека:
„На сметката 425 – Договорни услуги, се искажуваат расходите за изнајмување на канцелариски простор и на магацински простор, изнајмување на друг тип на простор, изнајмување на канцелариска опрема, изнајмување на моторни возила, друга опрема и опрема за специјални намени, провизија за платен промет; банкарска провизија; осигурување на вработени, осигурување за повреда и инвалидитет; осигурување на недвижности и права, осигурување на моторни возила, осигурување на воздухоплови, други финансиски услуги, правни услуги, судски вештачења, судски преведувачи, судска експертиза, судски курирски услуги, плаќања за здравствени организации од Министерството за здравство, примарна здравствена заштита, специјалистичко-консултативна заштита, болнички услуги, здравствени услуги во странство, ортопедски услуги; други здравствени услуги, ветеринарни услуги, заштита од штетници во земјоделството; уништување на штетни животни; земјоделски производни услуги; услуги за заштита на водите, реките и езерата, метеоролошки и хидрометеоролошки набљудувања; испитување на квалитетот на водите и воздухот; изработка на просторни и урбанистички планови, обука за техничка култура, услуги за развој на наставниот план и програма, инструктори на кратки курсеви, дополнителни активности, услуги за вонучилишни образовни активности; превозни услуги во образованието, други образовни услуги, преведувачи, услуги за копирање, печатење и издавање, научно истражување, рушење на објекти, плаќање за користење на приватен имот во одбраната, пренос на програмите на МРТВ преку сателит и други договорни услуги..”
ПРИЛОГ: Правилник за содржината на одделните сметки во сметковниот план за буџетските корисници страна број 1 и страна број 12
Согласно напред наведеното произлегува дека не може ревизиски извештаи да се наплатуваат од самофинансирачката сметка – конто 425 – Договорни услуги, па оттука произлегува ненадлежноста и нестручноста на ТП Ревизија Чулева.
III) Нестручноста на ТП Ревизија Чулева при постапувањето произлегува и од тоа што истата ревизијата ја има направено само паушално и тенденциозно, бидејќи истата никогаш ја нема ревидирано работата на директор Анета Петровска. Ова произлегува од тоа што ТП Ревизија Чулева согасно член 15 став 2 од Правилникот за начинот на извршување на внатрешната ревизија и начинот на известување за ревизија е уредено дека по изготвениот претходен извештај потребно е да се достави до раководителот на раководната организациона единица, во конкретниот случај Директорот Анета Петровска, која ќе има рок од 10 (десет) работни дена да се произнесе по истиот, па стои:
„ Член 15
(1) Претходниот извештај е првата официјална верзија на ревизорскиот извештај кој се изготвува во рок од еден месец по завршувањето на ревизијата и истиот раководителот на единицата за внатрешна ревизија го доставува до раководителите на ревидираните организациони единици. Претходниот ревизорски извештај ги вклучува и резултатите од завршниот состанок.
(2) Раководителите на ревидираните организациони единици во рок од десет работни дена од приемот на претходниот ревизорски извештај треба да достават одговор по истиот.
(3) Одговорот на раководителите на ревидираните организациони единици по претходниот ревизорски извештај, содржи коментари за содржината на извештајот и акциски план за спроведување на препораките со конкретно дефиниран период на извршување и одговорни лица.
(4) Коментарите треба да содржат конкретни докази со цел да го оспорат мислењето на внатрешната ревизија пред да се објави конечниот извештај. “
ДОКАЗ: Правилник за начинот на извршување на внатрешна ревизија и начинот на известување за ревизијта страна 1 и страна 8
Со оглед на тоа што претходниот извештај никогаш не е доставен до Директорот Анета Петровска за да се произнесе по истиот, јасно е дека ТП Ревизија Чулева постапува тенденциозно, на начин што само ги има препишано наводите од ревизијата извршена од страна на Добри Петров.
Воедно, ве известувам дека во поглед на работењето на Директор Анета Петровска во текот на 2021 година, се со цел да се утврди дали има недостатоци беше поднесено барање за вршење на ad hoc ревизија до Централната единица за хармонизација на системот на јавна внатрешна финансиска контрола од 07.02.2022 година, по што истиот изготви Претходен извештај за извршена супервизија на квалитетот на работењето на единицата за внатрешна ревизија во Општина Гази Баба од април 2022 година каде на страна број 10 (десет) во вториот пасус јасно е констатирано дека извршената ревизија е извршна со многу низок квалитет на работењето на внатрешната ревизија.
ДОКАЗ: Претходен извештај за извршена супервизија на квалитетот на работењето на единицата за внатрешна ревизија во Општина Гази Баба од април 2022 година
Па така на ден 10.04.2023 година во 10 и 15 часот во градинката Детска Радост беше одржана седница на Управниот одбор на која повторно беа повикани преставници од Министерството за труд и социјална политика за да дадат мислење по предлогот за разрешување на Директорот Анета Петровска. На Управниот одбор се утврди дека повторно се дискутира за истите наводи и за работата на Директорот Анета Петровска за 2021 година која е детално разгледана и останаа на истото мислење односно не сметаа дека е оправдано разрешувањето на Директорот Анета Петровска.
ДОКАЗ: Записник број 16 од Управен одбор на Детска Градинка “Детска Радост” СкопјеЗаписник бр.16(1) од 10.04.2023 година
Според сето напред наведено јасно е дека разерушувањето кое е сторено медиумски е тенденциозно и со намера да се наруши честа и угледот на Анета Петровска, наводите за кои ги објавува Градоначалникот Бобан Стефковски се истите за кои еднаш ја веќе ја разреши па ја повлече одлуката и ја врати за директор.
ПРИЛОГ: Полномошно
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Коалицијата Менуваме“ ќе предложи закон за онлајн регистар за деца и млади со попреченост
„Коалиција Менуваме“ соопшти дека подготвила нацрт-закон за онлајн регистар за деца и лица со попреченост и посебни потреби кој го споделува во јавноста за консултации и сугестии, по што ќе го достави во Собранието, Владата и во неколку министерства.
„Коалиција Менуваме“ соопшти дека регистарот е дизајниран исклучиво за подобрување на институционалната координација, обезбедување континуитет на поддршката, намалување на административната дупликација и овозможување развој на информирани јавни политики преку агрегирани и анонимизирани податоци. Во сите фази од неговото воспоставување и употреба, како што наведува, регистарот целосно ќе ја почитува заштитата на личните податоци, приватноста, минимизирањето на податоците и ограничувањето на намената, во согласност со националното законодавство и меѓународните стандарди. Посочува и дека законот што го подготвиле не воведува нови механизми за категоризација или надзор ниту, пак, создава јавна база на податоци.
-Напротив, воспоставува строги контроли на пристап, јасно дефинирани институционални одговорности и робусни заштитни мерки за спречување на злоупотреба, неовластен пристап или откривање на чувствителни информации. Децата и лицата со попреченост и посебни потреби се меѓу најранливите членови на општеството и им е потребна навремена, координирана и континуирана поддршка од повеќе институции. Остварувањето на нивните законски загарантирани права често зависи од ефикасноста, точноста и интероперабилноста на административните, социјалните, образовните, здравствените и другите јавни институции. Во огласност со принципите на човеково достоинство, еднаквост, недискриминација и најдобриот интерес на детето и лицето, овој нацрт-закон воспоставува онлајн регистар за деца и лица со попреченост и посебни потреби како безбеден, централизиран и нејавен електронски систем, се наведува во соопштението.
Јавната кокуникација за одготвениот нацрт-закон, додава „Коалиција Менуваме“ ќе биде ограничена на општа, објаснувачка и образовна содржина, обезбедувајќи целосно заштита на достоинството, приватноста и правата на децата и лицата со попреченост и посебни потреби.
-Со донесувањето на овој закон, Република Северна Македонија ја потврдува својата посветеност на инклузивно управување, дигитална одговорност и создавање систем кој одговара на реалните потреби на децата и лицата со попреченост и посебни потреби, ставајќи ги нивните права, достоинство и благосостојба во центарот на јавното дејствување, стои во известувањето.
Македонија
Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија
Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух кај Крушевац. Притворот им е одреден на Н.С., Р.С. и И.Д. односно поради опасност од бегство, за да не се влијае врз сведоците, за да не се повтори кривичното дело и поради можно нарушување на јавниот ред и мир, соопштија од тој суд.
Јавното обвинителство за организиран криминал претходно вечерва објави дека е донесена наредба за спроведување истрага против Александар Мијајловиќ, Небојша Спасојевиќ, Раде Спасојевиќ, Иван Драгниќ и Урош Младеновски.
Со оглед на тоа што осомничениот Александар Мијајловиќ, кој е означен како организатор на оваа организирана криминална група, е во бегство, до судијата за претходна постапка е поднесен предлог за издавање потерница против него, вклучително и меѓународна.
Како што е наведено во соопштението, оваа организирана криминална група дејствувала на меѓународно ниво, со тоа што во текот на јануари набавила повеќе од пет тони марихуана на територијата на Македонија.
Според планот на организаторот, осомничениот Иван Драгниќ ја транспортирал дрогат преку границата до магацинот на семејството на осомничените Спасојевиќ, од каде што осомничениот Урош Младеновски ја земал за понатамошна продажба.
Оваа акција се смета за најголема заплена на дрога во историјата на српската полиција – претходната најголема заплена беше 1.960 килограми.
Македонија
Забрана за сообраќај поради снег на камиони од утрово на патот Маврово – Дебар
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот.
Како што информираат АМСМ и ЈП „Македонијапат“, врнежи од снег со променлив интензитет утрово има во Крушево, на Попова Шапка, во Маврово и на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека. На планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег.
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила поради врнежи од снег од 5.45 часот е воведена на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
На возачите им се препорачува да ја приспособат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да возат внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони.

