Спорт
Брејк на Вориорс во Сакраменто, Мемфис славеа против ЛА Лејкерс

Голден стејт Вориорс направија брејк во Сакраменто и дојдоа до предност 3:2. Идентичен резултат е и во серијата меѓу Мемфис Гризлис и ЛА Лејкерс.
Голден стејт Вориорс со два порази ја започнаа серијата против Сакраменто Кинг, во наредните три натпревари актуелните шампиони забележаа исто толку порази. Откако во претходните два натпревари го одбранија домашниот терен, изминатата ноќ, Вориорс направија брејк во Сакраменто.
Ворирос славеа во Сакраменто со 123:116, Голден стејт го предводеа Стеф Кари постигна 31 поен, Клеј Томпсон 25, а Дрејмонд Грин кој го започна натпреварот на клупата имаше 21 поен, седум асистенции и четири украдени топки. Вориорс следниот натпревар го играат на домашен терен.
По два последователни порази, Мемфис Гризлис успеаја да ги совладаат Лос Анџелес Лејкерс и да го намалат водството во серијата на 3:2. Петтиот натпревар заврши со резултат 116:99. Дезмонд Бејн го предводеше Мемфис со 33 поени, а Џа Морант постигна 31.
Кај Лејкерси најдобар беше Ентони Дејвис со 31 поен. Леброн Џејмс имаше лоша шутерска вечер, погоди само пет од 17 удари од поле и една од девет тројки. Лејкерси ќе имаат шанса да ја затворат серијата на домашен терен во следниот натпревар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Заврши сезоната за Џек Дрејпер

Британскиот тенисер Џек Дрејпер ја заврши сезоната поради повреда на левата рака.
Седмиот играч на планетата, кој блескаше на Индијан Велс, каде што ја освои титулата, ќе мора да паузира до крајот на годината.
Во еден момент Дрејпер беше четврти на АТП листата, но неодамна доживеа пад, токму поради повредата.
Доживеа разочарување на Вимблдон каде што беше елиминиран од Марин Чилиќ во второто коло, а на Отвореното првенство на САД мораше да го предаде мечот од второто коло против Зизу Бергс.
Ова не е прв пат Дрејпер да се повреди, откако го пропушти Вимблдон во 2023 година и одредени турнири во 2024 година поради проблеми со физичката подготвеност.
Заедно со овогодинешниот Индијан Велс, Дрејпер славеше и во Виена и Штутгарт минатата сезона.
Спорт
Скалони: Каква и да биде одлуката на Меси, ние ќе ја почитуваме

Аргентинците немаа време ниту да ги избришат солзите од збогувањето на Меси на домашна почва кога станува збор за репрезентацијата, а ги дочека нов шок.
Лионел Меси, најголемиот фудбалски син на нацијата, по натпреварот со Венецуела пред некој ден изјави дека не знае дали ќе игра на Светското првенство и дека целата логика налага дека нема да биде таму.
Аргентинците се обидоа да добијат неколку утешни зборови од селекторот Лионел Скалони, за да им каже дека Меси само се шегувал, но всушност, нивните стравови само се продлабочија, бидејќи дури ни стратегот на Албиселесте не знае што ќе се случи до јуни следната година.
„Кои се шансите Меси да игра на Светското првенство? Мислам дека навистина не би било исправно сега да зборуваме за проценти, бидејќи искрено кажано, ни јас не знам. Многу работи можат да се случат додека не дојде време за одлука. Јас дури и не разговарав со Лео за тоа, само слушнав што изјави. Тој има време да одлучи и што и да е ќе ја почитуваме неговата одлука“, рече Скалони.
Селекторот на Аргентина се чини дека не е загрижен дури и доколку Меси реши да не игра на Светското првенство.
„Веќе го формиравме јадрото на тимот, сите го знаат тоа. Прво, да видиме што ќе ни кажат, колку играчи ќе можат да одат на Светското првенство, а потоа ќе одлучиме за составот.“
Спорт
Јувентус остана без важен играч за дербито против Интер

Фудбалскиот сојуз на Португалија објави дека 22-годишниот Франциско Консеисао морал да го напушти репрезентативниот камп по повреда на мускулот. Консеисао нема да ѝ помогне на Португалија во квалификацискиот натпревар овој вторник, на гостински терен против Унгарија во Будимпешта. Португалија досега одигра еден натпревар во квалификациската група и победи во Ерменија со убедливи 5:0.
Консеисао, фудбалер кој во кариерата одиграл 11 репрезентативни натпревари и постигнал два гола, веднаш заминал за Торино и ќе направи дополнителни тестови во својот клуб и ќе продолжи со закрепнувањето.
Јасно е дека тренерот на Јувентус, Игор Тудор, ќе мора да го состави тимот за дербито во сабота против Интер во Торино без Консеисао, играчот кој беше во неговиот почетен состав во првите две кола од Серија А.
Минатата сезона, Консеисао играше во Јувентус како позајмен од Порто, а клубот од Торино го откупи неговиот договор ова лето.
На почетокот од новата сезона, Јувентус забележа две победи, дома 2:0 против Парма и на гости 1:0 против Џенова.
Фото/ Принтскрин