Македонија
Николоски: Советот на Европа да воведе санкции кон Бугарија затоа што не ги спроведува пресудите на Судот од Стразбур
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, им порача на европратениците во Советот на Европа дека треба да ѝ воведат санкции на Бугарија бидејќи не ги почитува пресудите на Судот во Стразбур. Тој нагласи дека спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права е приоритет за Парламентарното собрание и Советот на Европа.
„Бугарија нема спроведено вкупно 166 пресуди на Европскиот суд за човекови права. Можете ли да замислите земја членка на Европската унија, која става вето на мојата земја Македонија, која се обидува да ги отвори пристапните преговори со ЕУ, да не ги спроведува пресудите на Европскиот суд и во исто време да зборува за човекови права и владеење на правото во други земји, колку е срамно е ова! Исто така, во однос на водечките случаи под засилен надзор, Бугарија е на 6. место од дното. Од сите овие случаи, 16 се за основните човекови права на Македонците што живеат во Бугарија.
Во Европскиот суд десетици илјади граѓани од цела Европа бараат правда што не може да ја најдат во домашните судови кога нивните основни човекови права, право на слобода на говор, право на здружување, право на национална самоидентификација и правото на употреба на мајчиниот јазик не се почитуваат. Македонците од Бугарија со децении се борат за овие права. Тие отсекогаш живееле таму и сакаат да ги остварат своите национални, јазични и културни права, но, за жал, Бугарија тоа одбива да го направи. Одбива да ги регистрира нивните здруженија преку кои сакаат да ги остварат своите права. Ќе се согласите дека ова е недемократски чин на земја членка на Европската Унија“, порача Николоски.
Тој додаде дека две од 16-те пресуди на Европскиот суд за него на многу симболичен начин покажуваат каде се наоѓа Бугарија во овој процес. Првата, како што рече, е за одбивањето да се регистрира Македонскиот клуб за етничка толеранција во Бугарија.
„Што е спорно ако е македонски клуб за етничка толеранција регистриран кога етничката толеранција е највисока цел на Советот на Европа?“, праша Николоски.
Втората пресуда, рече тој, се однесува и на „Општество на репресираните Македонци во Бугарија жртви на комунистичкиот терор“.
„Комунизмот владее во Бугарија 45 години и не гледам причина за Бугарија да не се соочи со своето минато и да не признае дека има жртви на комунистичкиот терор, кои, меѓу другото, страдале затоа што биле Македонци. Советот на Европа мора да ја казни Бугарија и да спроведе санкции за да ја принуди Бугарија да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права, како и другите земји, кои одбиваат да ги спроведат пресудите. Тоа е единствениот пат да се оди напред“, заклучи Николоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
MINT Ins продолжува со своите активности за поддршка на образованието и локалната заедница, овојпат преку донација на училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“.
Донацијата вклучува комплети со геометриски прибор, едукативни материјали и наставни помагала кои ќе придонесат за поквалитетна и подинамична настава, особено во делот на математиката и практичното учење. Со оваа поддршка, MINT Ins има за цел да создаде подобри услови за учење и да ги охрабри децата да го развиваат своето знаење со сигурност и љубопитност.

„Веруваме дека инвестицијата во образованието е инвестиција во иднината. Малите работи, како квалитетен училишен прибор можат да направат голема разлика во секојдневието на учениците и наставниците. Затоа со задоволство ја реализиравме оваа донација,“ велат од MINT Ins.

Од ОУ „Елпида Караманди“ упатија благодарност за поддршката, истакнувајќи дека ваквите донации се значајна помош во унапредувањето на наставниот процес и создавањето позитивна средина за учење.
Во две основни училишта донирани се и клима уреди.

Оваа активност е дел од пошироката општествено одговорна стратегија на MINT Ins, насочена кон поддршка на образованието, децата и заедницата во која компанијата активно делува. Компанијата и понатаму ќе продолжи со иницијативи што носат реална вредност и долгорочно позитивно влијание.
ПР
Македонија
„Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчеле за криминалот од 1 милион евра поради опстанок на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами, а под покровителство на Груби тоа го потврди и извештајот на ДЗР“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Државна лотарија директно исплаќала аванси за мали добивки на деловни соработници, односно 320 правни лица во износ од близу 14 милиони денари без да го користи пропишаниот „Мастер дилер“.
Од вкупните 14 милиони денари, за 13 милиони денари или нешто над 210.000 евра, во извештајот се вели дека документацијата е неуредна, невалидна или недостасува.
Ревизијата исто така утврдила и спорна и неверодостојна документација и во делот за готовински одливи од 36,5 милиони денари или 600.000 евра и приливи од близу 8 милиони денари или 130.000 евра.
И додека СДС замижувале за време на овој криминал во Државната Лотарија немало внатрешен ревизор.
Дали СДС за опстанок на власт замижал пред криминалот во Лотарија вреден близу 1 милион евра?
Колку пари завршиле во џебовите на Груби и Бајрами?
ЈО да отвoри постапка и да истражи каде завршиле 1 милион евра?
Со молкот од СДС се отвoра сомнеж дека се соучесници во криминалот во Лотарија само за да се одржи коалицискиот мир и да се остане ден повеќе на власт.
Поради сите предмети кои се чуваат во фиока и кои се заташкуваа од страна на Коцевски и обвинителството неопходни се реформи во правосудството. Правда мора да има а законите да важат подеднакво за сите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда
„Со неуставна Резолуција ДПМНЕ-ЗНАМ сакаат да ја задушат демократијата и слободата на говор во Македонија. Целта е по секоја цена да се обидат да ја замолчат опозицијата да зборува за темата мигранти и нивниот договор. Со забрани и закани за кривични пријави да нема дебата за она што тајно го договориле далеку од очите на јавноста“, велат од СДСМ.
„СДСМ тоа нема да го дозволи. Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда.
Прв чекор ќе биде претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок која ќе ја поднесеме денеска.
Предавничката Резолуција е спротивна на Уставот во делот на основните човекови слободи и права а тоа е слободата на изразување и политичко делување.
Заедно со граѓаните Фронтот за правда ќе се бори за Македонија, за слободата и демократијата со сите демократски механизми.
Ќе ја одбраниме Македонија, ќе ја одбраниме демократијата!“, соопшти СДСМ.

