Црна хроника
Исчезнатото лице од каменичкото село Дулица по кое се трагаше е пронајдено мртво
Исчезнатото лице од каменичкото село Дулица по кое се трагаше во текот на вчерашниот ден е пронајдено мртво. Информацијата ја потврдија од СВР Штип.
На 26.4.2023 во село Дулица, општина Македонска Каменица, во близина на неговиот дом бил пронајден починат Т. А. (50) од село Дулица, за кого неговиот брат Ј. А. на 25.4.2023 пријави дека се оддалечил од домот. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од итната медицинска помош, информира портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.
Од таму додаваат дека по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со автомобил тешко повредил жена во Прилеп и побегнал
Вчера во 18.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„11 Октомври” во Прилеп, патничко возило удрило во пешакот Ж.М.(56) од Прилеп, по што возачот го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ж.М., констатирани во Градската болница Прилеп.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.
Црна хроника
Паднат и со повреди во подземна гаража во Скопје е најден маж од Велика Британија
Во подземна гаража на улица „Анастас Митрев“ бил пронајден паднат и со повреди Х.К.Р.(58) од Велика Британија.
Како што информира денеска МВР, случајот синоќа, во 21:35 часот, бил пријавен во СВР Скопје. Лицето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Возач со џип удри во дете на велосипед и тешко го повреди
Вчера во 16.46 часот по ОВР Кочани било пријавено дека малолетник се здобил со тешки повреди додека управувал со својот велосипед откако во него удрил џип управуван од 33-годишниот В.В од Кочани. Несреќата се случила на на крстосница од ул.„Скопска“ и ул.„П.Вељанова“ во Кочани.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во болницата во Кочани.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на ОВР Кочани.