Контакт

Европа

Унгарија ги повика партнерите на внимателност во проширувањето на НАТО

Објавено пред

Унгарскиот министер за одбрана, Кристоф Шалај-Бобровницки, ги повика вчера партнерите од земјите членки на букурешката деветка (Б9) да бидат внимателни во однос на проширувањето на НАТО, пренесува „Спутник“.

dobivaj vesti na viber

„Унгарија ја поддржува политиката на отворени врати (за проширување на НАТО), но сепак ги повикува своите партнери да бидат претпазливи. Сите вакви одлуки може да се донесат само ако земјите апликанти целосно ги почитуваат условите и само со целосен консензус на сојузниците на НАТО“, истакна Шалај-Бобровницки.

Според унгарскиот министер, и Европската Унија игра сè поважна улога во областа на безбедноста и одбраната нагласувајќи дека Унгарија е заинтересирана за ЕУ заснована на силни национални држави.

Тој потсети на важноста на борбата против нелегалната миграција од југ и повика на поддршка на земјите од Западен Балкан повторно истакнувајќи го фактот дека Унгарија игра значајна улога во зајакнувањето на источното крило на НАТО и дека издвоила 2 % од БДП за одбраната една година порано од предвиденото.

Букурешката деветка ги обединува НАТО-сојузниците од источното крило на алијансата – вишеградскаата четворка, трите балтички земји, како и Романија и Бугарија.

Во средината на јули минатата година Шалај-Бобровницки изјави дека дал инструкции за зголемување на борбената готовност на унгарските вооружени сили и за спроведување интензивни вежби во разни делови на земјата поради актуелниот конфликт во Украина и приливот на мигранти кон јужните граници на Унгарија.

И унгарскиот премиер Виктор Орбан истакна дека Будимпешта треба да ги зголеми воените капацитети на земјата зашто, според него, само силна национална армија може да ја гарантира безбедноста на земјата и бидејќи европските земји не може да се потпрат само на САД за одбрана.

Од почетокот на конфликтот во Украина, Унгарија постојано се спротивставува на санкциите за руските енергетски ресурси и на испораката на оружје во Украина. Во март 2022 година унгарскиот парламент издаде декрет со кој се забранува испорака на оружје за Украина од територијата на Унгарија.

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, објасни дека Будимпешта се обидува да ја обезбеди и територијата на Закарпатија, каде што живеат етнички Унгарци, бидејќи снабдувањето со оружје преку нејзината територија ќе ја направи областа легитимна воена цел за Русија.

Унгарското раководство постојано нагласува дека Унгарија се залага за итен почеток на мировни преговори.

Европа

(Видео) Украина разнесе руски брод што превезувал иранско оружје

Објавено пред

Украинските специјални сили извршија напад врз руското пристаниште Оља во регионот Астрахан погодувајќи брод што превезувал делови од беспилотните летала „Шахед“ и иранска муниција. Се сомнева дека украинските беспилотни летала истовремено нападнале рафинерија за нафта во регионот Самара, објавува „Киев пост“.

dobivaj vesti na viber

Според соопштението од Генералштабот, нападот е извршен во четвртокот во соработка со Силите за специјални операции и други единици на одбранбените сили со цел да се намали способноста на Русија да спроведува воздушни напади.

Пристаништето Оља е еден од клучните логистички центри за увоз на воена опрема од Иран. Бродот „Порт Оља 4“, кој наводно превезувал делови за беспилотни летала и муниција, бил погоден. Процената на штетите е сè уште во тек.

Рано утрово беспилотни летала од Краснодар нападнаа рафинерија во градот Сизран во регионот Самара. Мештаните пријавија до 10 експлозии од 4 часот наутро, а снимки и фотографии од пожар во објектот се појавија на „Телеграм“. Руските власти сè уште не ја потврдија штетата.

Украина официјално не коментира до моментот на објавување.

Руското Министерство за одбрана тврди дека неговата воздушна одбрана соборила 53 украински беспилотни летала преку ноќ.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Објавено пред

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.

Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.

Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.

На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.

dobivaj vesti na viber

Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.

Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД 

„Како претседател на Владата, секогаш еден од моите врвни приоритети била безбедноста на државата, за чување на мирот, стабилноста на...

Свет2 часа

(Видео) Лавров пристигна на Алјаска облечен во џемпер со натпис „СССР“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва ќе му претстави јасна и разбирлива позиција на американскиот претседател...

Свет2 часа

(Видео) Путин оди на средбата со Трамп, снимен неговиот конвој

Рускиот претседател Владимир Путин е снимен како патува во оклопна лимузина, со огромен конвој што поминува низ затворени патишта, пред...

Македонија3 часа

(Видео) Ангелов: Најтешкиот пожар е во Јасен, кај Јегуновце изгубивме контрола над еден крак

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, извести дека во текот на вчерашниот ден имало повеќе од 30 пожари на отворен простор,...

Македонија4 часа

Владата: Од денес училишниот прибор со нови намалени цени од 10 и 15 проценти

„Од денес почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти. Имајќи предвид...

Свет5 часа

Белата куќа го објави распоредот за средбата Трамп – Путин

Белата куќа го објави распоредот за средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Во 6.45 часот...

Свет6 часа

Ким Џонг-ун одговори на писмото од Путин: „Воспоставивме единство на бојното поле“

Претседателот на руската државна дума, Вјачеслав Володин, се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за време на официјалната посета на...

Регион7 часа

(Видео) Пратеник претепан во Белград: „Ме удираа со шипки по главата“

Протестите што се одржаа низ цела Србија вчера вечер, беа обележани со високи тензии и низа инциденти. Во Белград, во...

Регион7 часа

(Фото/видео) Просториите на СНС во Нови Сад целосно демолирани во вчерашните протести

Вчера вечер, нови големи протести се одржаа на улиците на Србија, во сите поголеми градови. 21.20h nema vise sns prostorija...

Македонија21 час

Алиу: Вработените во пералната на Клинички центар се вратија на работа, се бара решение преку преговори со приватната компанија

Во рамки на денешната посета на Клиничка болница Тетово, во одговор на новинарско прашање, министерот за здравство, Азир Алиу, информираше...

Македонија21 час

Демократската партија на Турците го напушти „Европскиот фронт“, на локалните избори ќе настапи сама

Демократска партија на Турците на Македонија, соопшти дека на локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври, ќе настапи...

Македонија22 часа

(Видео) Драматично кај Јасен: Спречена катастрофа кога огнот се проширил кон блиските објекти

Голем е пожарот кој со денови беснее во ловиштето Јасен, а надлежните во повеќе наврати успеваат да го стават под...

Македонија22 часа

Ивановска се кандидира за градоначалничка на Центар: „Не барам моќ, туку сакам да им ја вратам на граѓаните“

Поранешната претседателка на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска, официјално најави кандидатура за градоначалничка на Општина Центар како кандидат на граѓанската политичка...

Свет22 часа

Путин: САД искрено се обидуваат да ја завршат војната во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека американската влада вложува искрени напори за прекин на конфликтот во Украина сугерирајќи дека Москва...

Топ23 часа

МНР чека потврда дали македонски државјанин е меѓу жртвите на тројното убиство во Боливија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се огласи по објавите во српските медиуми за тројно убиство во Боливија, во...

Македонија23 часа

Пуштена клучката Подмоље, власта уверува дека на автопатот Охрид – Кичево се работи забрзано

Денеска е пуштена во употреба клучката Подмоље, која го спојува Охрид со Струга, како и Македонија со Албанија, информира потпретседателот...

Македонија24 часа

Откриена царинска измама со увоз на месо во висина од 7 милиони денари

Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги при контрола на 21 увоз на месо од увозник открија царинска измама...

Европа1 ден

Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј...

Македонија1 ден

„Филипче да одговори дали јахтата на која плови со Заев е купена со пари од државни тендери“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„На лицемерието на СДС му нема крај. Додека на прес-конференции и преку соопштенија глумат загрижени за стандардот на граѓаните, нивниот...

Македонија1 ден

Активни два пожара на територијата на Македонија, под контрола ставени три

Центарот за управување со кризи извести дека во последното деноноќие, до 7 часот утрово на територијата на Македонија имало вкупно...