Македонија
Стојановска: 211 години затвор за „27 април“, а нема одговорност за ниту еден криминалец од власта
Денес, поминуваат 6 години од привршувањето на 27 април. И по цели 6 години власт на манипулациите на СДСМ-ДУИ, шпекулациите на власта со овој случај не престануваат, изјави Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.
„За ВМРО-ДПМНЕ, судскиот процес се водеше под контроверзни околности од омилената судијка на власта Добрила Кацарска, чие име стана синоним за она што во перцепцијата на граѓаните судството денес преставува… корумпирана алатка во рацете на СДСМ и ДУИ, алатка за одбрана на криминалот. Да потсетиме дека денес Кацарска за ваквата пресуда е наградена за уставна судијка.
211 години затвор за „27 април“, а Ден Дончев на слобода. 211 години затвор за „27 април“, а Рашковски шета слободно. Заев ужива во својата бизнис-империја, Спасовски и понатаму го штити криминалот и нема одговорност за ниту еден криминалец од власта. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе закон за амнестија, власта тоа го одби. Власта ја продолжува неправдата.
Денес, предметот за 27 април се наоѓа пред Врховниот суд. Јавното обвинителство доставило свое мислење за што Врховниот суд треба да одлучува. Според нас, треба што побргу да се одлучи овој предмет да се врати во прв степен бидејќи осудените се сè, но само не терористи. Овие луѓе и на судењето ќе кажат: Бараме правда да бидеме судени за тоа што сме го сториле, а не за тоа што политички нè гонат…“м рече Стојановска.
Таа порача дека ВМРО-ДПМНЕ е за исправање на неправдата и за правда за сите, па и за овие луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.