Свет
(Видео) Опасен тренд се шири меѓу децата – снимаат напади врз други деца

Нов опасен тренд се шири меѓу децата – се снимаат како се напаѓаат на училиште.
13-годишно девојче било нападнато од страна на свои врсници додека се враќала од училиште. Тие ја влечеле по земјата и ја удирале по главата додека други гледале. Нападот е снимен и подоцна објавен на социјалните мрежи.
„Скај њуз“ пишува дека околу жртвата се собрале уште дваесетина деца и ја исмејувале.
Експертите предупредуваат дека ова е растечки тренд во британските училишта и дека ваквите инциденти се загрижувачки.
Можно е мотивите зад нападите да се самите видеа – момент на озлогласеност на социјалните мрежи, создавање содржина за споделување и смеење во приватните групи на „Снепчет“ (Snapchat). Неколку деца го снимиле нападот, а се чини дека многумина знаеле за заседата. Најмалку едно дете, кое се снимало, се приклучило на нападот во одреден момент удирајќи ја жртвата додека била на земјата.
Дури и жртвата подоцна дознала преку социјалните мрежи дека нападот бил планиран. Ова храбро 13-годишно девојче реши да проговори за своето искуство.
„Имав модро око, главата ме болеше секогаш кога зборував. Целото училиште знае за ова. Дури и мило ми е што немам мобилен телефон бидејќи мислам дека само би ме бомбардирале со пораки за тоа“, рече девојчето.
Нема мобилен бидејќи напаѓачите го згазиле. Били (44), полубрат и законски старател на жртвата, вели дека ова станува опасно лудо.
„Некое дете ќе го загуби животот поради ова лудило. Ова се случува во целата земја“, додаде тој.
Ваквото насилно однесување на децата подоцна се шири и кај нас во регионот откако младите ќе го видат на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.
Свет
Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.
Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.
„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.
Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.
Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма.