Спорт
Христијан Бузалковски ја претстави „машината“ за новата мото-сезона
Трикратниот БМУ шампион, Христијан Бузалковски, вчеравечер пред неговата публика го промовираше новиот мотор и ја најави новата сезона. Тој во новата сезона ќе се натпреварува во класата до 1000 кубни сантиметри, што за него и неговиот тим „71 Team“ ќе биде ново и поразлично искуство од досегашните натпреварувања.
Новиот мотор располага со 200 коњски сили и правен е по спецификацијата Superstock 1000, што значи дека има промена во електрониката, суспензијата, предната кочница и преносот. Бузалковски во новата сезона ќе биде дел од FIM Europe шампионатот во класата Superstock 1000, БМУ Европскиот шампионат и Алпе Адриа интернационалниот шампионат. Од мај до септември го очекуваат 24 трки, густ распоред и многу патувања низ земјите на Источна и Централна Европа.

„Оваа сезона ќе настапиме во една класа погоре, до 1000 кубни сантиметри, ова ќе ни биде прва сезона во новата категорија, така да ќе има многу промени во моторот на кои ќе треба да се адаптираме. Потребно ќе ни биде време за адаптација на новитетите во моторот, но со големиот број на трки во сезоната верувам дека за кратко време ќе се адаптираме. Сакам да им се заблагодарам на Компанија Велкоски кои од моите почетоци се моја поддршка. Исто така сакам да се заблагодарам и на останатите спонзори, како и Агенцијата за млади и спорт и Мотоциклистичката федерација. Сакам да најавам дека во секоја трка ќе го дадам максимумот, заедно со мојот тим и ќе се потрудиме да се претставиме во што подобро светло“, изјави Христијан Бузалковски.
Досега освоените титули на Бузалковски се во пониските класи од БМУ Европскиот шампионат. Првата ја освои во категоријата до 125 кубни сантиметри, додека следните две титули кои ги освои по ред се во класата до 600 кубни сантиметри.
„Возбудени сме што ќе бидеме дел од патување на Христијан и ќе продолжиме да го поддржуваме во неговите напори. Нашата посветеност да инвестираме во растот и развојот на нашата заедница е непоколеблива, и со нетрпение очекуваме да бидеме сведоци на континуираниот успех на Христијан“, изјави Андреа Велкоска, претставник од Компанија Велкоски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Шешко во 96-та минута спречи пораз на Јунајтед
Словенецот Бенјамин Шешко, во 96-та минута, спречи пораз на Манчестер Јунајтед, на гостувањето кај ест Хем. ЈУнајтед го искористи киксот на Челси и се искачи на четвртата позиција на табелата. Инаку ова е прво реми, по четири победи на Јунајтед, под водство на Мајкл Керик.
Херој на Вест Хем, чии фудбалери беа подобри во првото полувреме, беше Томас Сучек кој го постигна водечкиот гол во 50-тата минута по асистенција од Џарод Бовен. Но, во последните моменти од натпреварот, Шешко ги постави конечните 1:1.
Како што е познато, невозможно е да не се спомене, навивачот на Јунајтед кој чека 18 месеци на шишање, ќе мора уште да чека за да добие нова фризура, бидејќи тимот не успеја да ја забележи петтата победа во низа.
Спорт
(Видео) Лидс освои бод кај Челзи, Њукасл победи кај Тотенхем
Фудбалерите на Борнмут и Њукасл остварија триумфи во натпреварите од 26-то коло од Премиер лигата, додека Челзи испушти предност од два гола и ремизираше против Лидс.
Фудбалерите на Лидс Јунајтед, на „Стенфорд Бриџ“ надоместија негатива од два гола и на крајот освоија бод голем „како куќа“.
Лидс јунајтед ја потврдија одличната форма со само два порази во последните 13 натпревари во Премиер лигата.
Челзи поведе во 24-та минута преку Жоао Педро,тоа беше неговиот шести гол во последните 30 дена.
Во продолжението, домашните ја дуплираа својата предност, Палмер постигна гол од пенал.
Сепак, Лидс не се предаде. Лукас Нмеча го намали резултатот од пенал, а потоа во 73-тата минута му асистираше на Ноа Окафор, кој ја искористи лошата реакција на одбраната на домашниот тим и го постави конечниот резултат 2:2.
Челзи имаше шанса за победа до крајот, но Палмер не успеа да постигне гол.
Бортнмут со головите на Рајан и Адли победи кај Евертон 2:1, а со истиот резултат Њукасл, во Лондон го совлада Тотенхем. Чау и Ремзи во 88-та минута погодија за Њукасл, стрелец за Тотенхем во 64-та минута беше Греј. Тптенхем нема победа во Премиер лигата на последните осум натпревари.
Foto/ EPA
Спорт
Арне Слот: Ова е најтешката сезона во мојата кариера
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, изјави дека тековната сезона е најтешката во неговата тренерска кариера и дека би бил незадоволен ако тимот не обезбеди место во Лигата на шампионите.
„Фер е да се каже дека ова е најтешката сезона што сум ја имал, досега. Сите други сезони беа претежно позитивни, не мислам дека некогаш сум изгубил два натпревари по ред. Ова е исклучок за мене оваа сезона, како и за играчите, бидејќи не се навикнати да губат многу или да имаат многу нерешени резултати. Ни јас не сум навикнат на тоа“, рече Слот.
Актуелните англиски шампиони се на шестото место со 39 бода, пет бода помалку од четвртопласираниот Манчестер Јунајтед, кој е на последното место што води директно во Лигата на шампионите.
Во среда, Ливерпул гостува кај тимот на Сандерленд, во натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата, а во претходната рунда беа поразени дома од Манчестер Сити (1:2).
Foto/ depositphotos.

