Македонија
ВМРО-ДПМНЕ почнува акција „Ова е Македонија за сите“ – викендов 19 тимови ќе посетат над 100 населени места

Почнувајќи со овој викенд ВМРО-ДПМНЕ почнува со акција „Ова е Македонија за сите” која ќе трае до роденденот на партијата 17 јуни. Овој викенд 19 тимови ќе посетат над 100 населени места во Република Македонија и ќе остварат средби со граѓани без разлика на нивната политичка, етничка и верска припадност. Целта на средбите е да се запознаат граѓаните со активностите на партијата од една страна, но и да се слушнат проблемите на граѓаните и заедно да изнајдеме начини на нивно решавање.
„Целта на акцијат„Ова е Македонија за сите” е да ги обединиме луѓето околу принципите на заедничкиот патриотизам, околу промени кои насушно и требаат на државата и потребата од заедничка борба за подобра иднина. Сето ова е спротивност и одговор на понудата на власта на СДС и ДУИ која Македонија ја носи во беда, понижувања, сиромаштија и иселување. ВМРО-ДПМНЕ нуди концепт на работа, вредности и идеал за напредна Македонија. Тоа ќе го постигнеме заедно со народот, затоа што ние народот го почитуваме и народот е клучен фактор во Македонија кој знае да процени што е добро, а што лошо за него и за државата“, велат од партијата.
Ги повикуваат граѓаните да се вклучат во акцијата и да придонесат со својата идеа, мислење или да лоцираат проблем и предизвик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.