Македонија
Коњановски: Македонија ќе биде држава која никој нема да ја погазува

Тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од градоначалникот Тони Коњановски беше во посета на населбата Горно Оризари во Битола. Ова е активност во рамки на кампањата „Ова е Македонија, Македонија за сите“.
„Овде сме да ги слушнеме вашите идеи, заложби, сето она разнебитување на Македонија по сите основи и да кажеме што ќе направи ВМРО-ДПМНЕ како партија која потекнува од народот, која знае како се работи и која докажала дека ја гради државата. Секако тука сме и како дел од локалната самоуправа иако знаете општината е отворена секојдневно за вас“, рече на средба со граѓаните градоначалникот Коњановски.
Коњановски посочи дека сега се тргнува во победа за Македонија, држава без афери, судство како што доликува со правда за сите.
„Македонија ќе ја поставиме и ќе ќе биде држава на темелите на кои треба да биде, држава која никој нема да ја погазува. Ова е кампања за сите, правда за сите и како што се нарекува и кампањата Македонија за сите, така и ние ќе направиме Македонија да биде место за живеење на сите“, заклучи градоначалникот Коњановски на средба со граѓаните од населбата Горно Оризари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено претпладне

Времето денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и грмежи, особено претпладне. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло со мала до умерена облачност. Од почетокот на следната седмица повторно ќе настапи дестабилизирање на времето со локални врнежи од дожд и појава на грмежи.
Македонија
Без струја дел од општина Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Видое Смилевски Бато, делот кај што се вкрстува Февруарски Поход спроти Рамстор Ново Лисиче, во општина Аеродром.
Македонија
Крадци корнат бисти од гробишта – по Бутел, бронзена биста украдена и во Ѓорче

Нов случај со кражба на бронзена биста од гробишта бил регистриран во полицијата во текот на вчерашниот ден.
Скопјанка пријавила попладнето дека од гробиштата во Ѓорче Петров со употреба на физичка сила била одземена една бронзена биста.
Само два дена претходно, истото се случи и на гробиштата во Бутел. Тогаш од МВР информираа дека со употреба на физичка сила и подесен алат биле одземени три бронзени бисти.
„Макфакс“ претходно објави и дека во текот на минатата седмица беше откорнатата плоча од споменикот на децата бегалци во паркот „Жена борец“ во Скопје. Украден е релјефот од бакар, мотив на мајка со три деца, прицврстен на постаментот, отстранети се и бронзените букви од натписот „Татковината – копнеж на прогонетите“
Од МВР велат дека се работи на расчистување на случаите.