Спорт
Обвинувања од Дортмунд: Судиите ќе ја решат шампионската трка
Борусија Дортмунд ремизираше во 30. коло во Бундеслигата на гостувањето кај Бохум и ја пропушти шансата, на четири кола пред крајот на првенстото да го направи клучниот чекор на патот до шампионската титула, која во Дортмунд се чека 10 години.
Дуелот против давеникот Бохум заврши 1.1, а од таборот на Борусија сметаат дека судијата Саша Стегеман не им дозволил да победат.
Тренерот Един Терзиќ смета дека неговиот тим е тешко оштетен.
Вистинска мистерија е како во 65. минута не беше досуден пенал за гостите откако левиот бек Данило Соареш го собори Карим Адееми.
„Од наша гледна точка, имаше најмалку три спортни ситуации, денес тие беа многу несреќни за нас“, изјави Терзиќ за ДАЗН по натпреварот и продолжи: „Дури и кога примивме гол, долга топка, Емре Џан беше фаулиран претходно. .
Бохум поведе по пет минути со атрактивен гол на Лусил, но Карим Адејеми израмни во следниот напад. Во преостанатиот дел од натпреварот Борусија апсолутно ги надигра домаќините, Мануел Риман одлично бранеа, но доколку судиите не згрешеа резултатот ќе беше поинаков.
„Првото барање беше „погледнете ја спорната ситуација, ве молам… И тоа беше одбиено“. А потоа два пенали, чисти… На целиот судиски тим му кажав што мислам за тие одлуки и колку е во прашање“, продолжи Терзиќ.
„Го замолив судијата повторно да ги погледне ситуациите. Тој рече дека нема да го направи тоа. Ги почитувам судиите, но не разбирам како не беа разгледани ситуациите. Не можам да ги прифатам овие одлуки“, изјави Един Терзиќ по натпревар и додаде:
„Имаше најмалку три клучни детали – ситуацијата на примениот гол и два пенали. Емре Џан беше турнат одзади кога примивме гол, а потоа два пенали. Според мене беа чисти, но не ви треба да ти кажам што било. Јас лично му кажав на судијата што имав“, изјави Терзиќ.
Баерн денеска, доколку ја победи Херта, ќе се врати на првото место на табелата.
Ich kann mich kaum beruhigen… pic.twitter.com/R37qiAVHMY
— 09Borusse4ever (@09BVBorusse) April 28, 2023
The referee didn't give Adeyemi a penalty in this case. What do you think?
O juiz não marcou pênalti em cima de Adeyemi nesse lance. O que acharam?pic.twitter.com/Qt5ZjXofwg
— VAR Tático (@vartatico) April 28, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Шешко во 96-та минута спречи пораз на Јунајтед
Словенецот Бенјамин Шешко, во 96-та минута, спречи пораз на Манчестер Јунајтед, на гостувањето кај ест Хем. ЈУнајтед го искористи киксот на Челси и се искачи на четвртата позиција на табелата. Инаку ова е прво реми, по четири победи на Јунајтед, под водство на Мајкл Керик.
Херој на Вест Хем, чии фудбалери беа подобри во првото полувреме, беше Томас Сучек кој го постигна водечкиот гол во 50-тата минута по асистенција од Џарод Бовен. Но, во последните моменти од натпреварот, Шешко ги постави конечните 1:1.
Како што е познато, невозможно е да не се спомене, навивачот на Јунајтед кој чека 18 месеци на шишање, ќе мора уште да чека за да добие нова фризура, бидејќи тимот не успеја да ја забележи петтата победа во низа.
Спорт
(Видео) Лидс освои бод кај Челзи, Њукасл победи кај Тотенхем
Фудбалерите на Борнмут и Њукасл остварија триумфи во натпреварите од 26-то коло од Премиер лигата, додека Челзи испушти предност од два гола и ремизираше против Лидс.
Фудбалерите на Лидс Јунајтед, на „Стенфорд Бриџ“ надоместија негатива од два гола и на крајот освоија бод голем „како куќа“.
Лидс јунајтед ја потврдија одличната форма со само два порази во последните 13 натпревари во Премиер лигата.
Челзи поведе во 24-та минута преку Жоао Педро,тоа беше неговиот шести гол во последните 30 дена.
Во продолжението, домашните ја дуплираа својата предност, Палмер постигна гол од пенал.
Сепак, Лидс не се предаде. Лукас Нмеча го намали резултатот од пенал, а потоа во 73-тата минута му асистираше на Ноа Окафор, кој ја искористи лошата реакција на одбраната на домашниот тим и го постави конечниот резултат 2:2.
Челзи имаше шанса за победа до крајот, но Палмер не успеа да постигне гол.
Бортнмут со головите на Рајан и Адли победи кај Евертон 2:1, а со истиот резултат Њукасл, во Лондон го совлада Тотенхем. Чау и Ремзи во 88-та минута погодија за Њукасл, стрелец за Тотенхем во 64-та минута беше Греј. Тптенхем нема победа во Премиер лигата на последните осум натпревари.
Foto/ EPA
Спорт
Арне Слот: Ова е најтешката сезона во мојата кариера
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, изјави дека тековната сезона е најтешката во неговата тренерска кариера и дека би бил незадоволен ако тимот не обезбеди место во Лигата на шампионите.
„Фер е да се каже дека ова е најтешката сезона што сум ја имал, досега. Сите други сезони беа претежно позитивни, не мислам дека некогаш сум изгубил два натпревари по ред. Ова е исклучок за мене оваа сезона, како и за играчите, бидејќи не се навикнати да губат многу или да имаат многу нерешени резултати. Ни јас не сум навикнат на тоа“, рече Слот.
Актуелните англиски шампиони се на шестото место со 39 бода, пет бода помалку од четвртопласираниот Манчестер Јунајтед, кој е на последното место што води директно во Лигата на шампионите.
Во среда, Ливерпул гостува кај тимот на Сандерленд, во натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата, а во претходната рунда беа поразени дома од Манчестер Сити (1:2).
Foto/ depositphotos.

