Спорт
Лесни групи за фаворитите на Мундобаскетот
Попладнево во Манила се одржа ждрепката за Светското првенство во кошарка. Прв пат во историјата три држави ќе организраат едно СП. Мундобаскетот ќе се одржи од 25.август до 10. септември Филипини, Јапонија и Индонезија.
Група А: Филипини, Италија, Доминиканска Република, Ангола
Група Б. Србија, Порторико, Кина, Јужен Судан
Група Ц: САД, Грција, Нов Зеланд, Јордан
Група Д: Литванија, Црна Гора, Мексико, Египет
Група Е: Австралија, Јапонија, Германија, Финска
Група Ф: Словенија, Венецуела, Грузија, Зеленортски острови
Група Г: Шпанија, Бразил, Иран, Брегот на Слонива коска
Група Х: Канада, Франција, Латвија, Либан
Осум групи со по четири селекции страртуваат на СП, во втората фаза ќе одат по две селекции од секоја група, каде ќе бидат формирани нови четири групи со по четири селекции.
Во првата фаза најинтересна група е онаа во која се Канада, Латвија, Франција и Либан.
Домаќини на групите ќе бидат Манила (групи А, Б, Ц и Д), Окинава (групи Е и Ф) и Џакарта (Г и Х).
Tитулата на СП ќе ја брани репрезентацијата на Шпанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Најскапиот играч во историјата на Ливерпул сериозно е повреден
Александер Исак (26) постигна гол за Ливерпул против Тотенхем во 17-то коло од Премиер лигата кратко по влегувањето во игра. „Црвените“ го добија натпреварот со 2:1, но на долг период го загубија напаѓачот, кој ова лето стана најскапиот играч во историјата на клубот и Премиер лигата.
Ливерпул, во финишот на летниот преоден рок го купи Исак од Њукасл за 145 милиони евра. Шваѓанецот се уште не се прилагоди на играта на Ливерпул, постигна само три гола на 16 настапи за Ливерпул.
Исак доживеа сериозна повреда од противничкиот дефанзивец Мики ван де Вен, во моментот кога го постигна првиот гол на натпреварот. Во обид да го блокира ударот на Исак, тој доцнеше и наместо топката, ја собра левата нога на Исак.
Исак денес ќе биде подложен на магнетна резонанца, но според првите прогнози, повредата е многу сериозна и се сомнева на руптура на лигаментите.
„Ливерпул се плаши дека рекордното засилување Исак ја скрши ногата. Така, тој би можел да пропушти голем дел од сезоната, а тоа е огромен проблем за Ливерпул“, пишува „Атлетик“.
„Црвените“ не можат да сметаат на Мохамед Салах, кој речиси еден месец ќе биде на Африканскиот куп на нации, а подолг период ќе отсуствува и Исак, што создава дупка во нивниот напад. Затоа Ливерпул, според „Атлетик“ и Фабрицио Романо, бара нов напаѓач во зимскиот преоден рок.
Нивниот избор е Антоан Семењо (26), напаѓачот на Борнмут. Семењо, според сите најави ќе биде главна ѕвезда на јануарскиот преоден рок бидејќи освен Ливерпул, го сакаат и двата клуба од Манчестер.
Романо истакнува дека неговата клаузула за обештетување е 75 милиони евра, но дека таа важи само до 10 јануари, што значи дека заинтересирани клубови мора веднаш да реагираат.
Бидејќи сите заинтересирани имаат пари да ја платата клаузулата, финансиските услови што е му бидат понудани на Семењо, ќе бидат решавачки во изборот на новиот клуб.
Инаку Ливерпул, во летниот преоден рок за засилувања во нападот потроши 365 милиони евра.
Foto/ freerangestock
Спорт
Кем Пејн потврди дека доаѓа во Партизан
Американскиот кошаркар Камерон Пејн, објави црно-бело срце на својот Инстаграм профил, со што потврди дека кариерата ќе ја продолжи во кошаркарскиот клуб Партизан.
Во изминатите неколку дена се пишуваше дека црно-белите се блиску до трансферот на американскиот плејмејкер од Њујорк Никс и дека се чека назначувањето на новиот тренер, за клубот да може да објави дека и Пејн ќе пристигне во Белград.
Откако стана јасно дека Џоан Пењароја, ќе го преземе Партизан, кошаркарот висок 191 сантиметар потврди дека доаѓа во Белград.
Пејн е искусен играч кој одиграл 477 НБА натпревари со просек од 7,8 поени, два скока и 3,2 асистенции. Во својата кариера, тој играл за седум тима, а поминал дури десет сезони во лигата.
Според српските медиуми, тој ќе потпише договор со крајот на сезоната, а ќе инкасира 950.000 евра.
Спорт
Ферстапен во новата сезона со нов број, Норис ја зеде „единицата“
Холанѓанецот Макс Ферстапен, во следната сезона во Формула 1, ќе го вози болидот на Ред Бул со својот омилен број три (3), додека Ландо Норис одлучи да го земе бројот еден (1), како актуелен светски шампион.
Кога влезе во светот на Формула 1 во 2015 година, како член на тимот Торо Росо, Ферстапен не можеше да го земе бројот три, бидејќи во тоа време го користеше Даниел Рикардо, кој се натпреваруваше за Ред Бул, па Холанѓанецот одлучи да се натпреварува со бројот 33.
Тој го задржа тој број до 2022 година, кога ја зеде „единицата“, откако ја освои првата од четирите последователни светски титули. Во новата сезона, новиот светски шампион, Британецот Ландо Норис, ќе го носи бројот 1 на својот Мекларен.
Правилата наведуваат дека бројот мора да биде надвор употреба од Формула 1 две години, пред друг возач да може да го земе. Рикардо последен пат го користеше во 2024 година, кога возеше за Рејсинг Булс, а кога се пензионираше од Формула 1, му даде дозвола на Ферстапен да го користи бројот три.
„Мојот омилен број отсекогаш бил три, покрај бројот еден. Сега можеме да се замениме, па тројката ќе биде моја“, рече Ферстапен.
„Бројот 33 беше добар, но јас едноставно повеќе сакам една тројка. Секогаш велев дека (33) е двојна среќа, но веќе имав доволно среќа во Формула 1“, додаде Холанѓанецот.
Единствените возачи што го освоија светското првенство во Формула 1 со бројот три беа Жак Вилнев во 1997 година и Михаел Шумахер во 2000 година.
Освен Ферстапен, само новиот светски шампион Ландо Норис ќе го промени својот број за новата сезона. Обврската на светскиот шампион да носи број еден на автомобилот беше укината во 2014 година.
„Тоа е традиција, постои со причина. Сите ние како тим, кои имаме улога во Мекларен, ќе го носиме со гордост. Тоа е почит кон сите мои механичари, моите инженери, секој што е дел од Мекларен. Тоа е извор на гордост за нив, знаејќи дека вложиле многу работа и труд во сè, поради што можат да речат – ние сме број еден“, рече Норис.
Foto/ depositphotos

