Црна хроника
Скопјанец ги натепал мајка му, сопругата и малолетната ќерка – полицијата со лисици го изнесе од домот

Четириесет и тригодишен скопјанец ги нападнал неговата мајка, сопругата и своето дете.
„На 29.04.2023 во 01.00 часот од полициски службеници од Полициската станица Драчево бил лишен од слобода Ф.С.(43) од Скопје поради тоа што на 28.04.2023 околу 23.30 часот во домот во скопско село физички ја нападнал неговата 64 годишна мајка, неговата сопруга и неговата малолетна ќерка“, велат од МВР за случајот.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пукал со пиштол и удрил во полицаец со автомобил, истрага против жител на струшко Велешта

Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи, Предизвикување општа опасност и Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста – за овие кривични дела Основното јавно обвинителство Струга поведе истрага против 34-годишен жител на Велешта.
Осомничениот, на 16 септември, при расправија со три лица од Дебар со кои имал од претходно влошени односи, извадил пиштол кој го поседувал без дозвола и кон еден од оштетените испукал неколку пати во долниот дел од нозете. Му нанел две лесни телесни повреди, а потоа влегол во возилото со намера да избега.
Не ја почитувал наредбата на полициски службеник, кој му наредил да застане и движејќи се наназад со автомобилот го удрил полицаецот на кого исто така му нанел телесна повреда.
При увидот се пронајдени нож и метална шипка, па се преземаат и дополнителни дејствија на проверки со цел да се испита нивната употреба во настанот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Црна хроника
15-годишник претепан од маж во Карбинци

Малолентик бил претепан од 73-годишен маж во Штипско, информира полицијата.
СВР Штип поднесе кривична пријава М.С.(73) од с.Радање, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторено на кривично дело „насилство врз дете“.
На 21.08.2025, пријавениот физички нападнал 15-годишно дете и му нанел телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.
Црна хроника
Пензионер нападнат од сопругата во Аеродром

Седумдесет и тригодишен скопјанец пријавил дека бил физички нападнат од сопругата во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром.
Според пријавата, по претходна расправија жената употребила тврди предмети и му се заканувала со остар предмет.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.