Црна хроника
Жена се дерела на полицајци среде ноќ во Кисела Вода, тие ја привеле

Скопјанка е приведена доцна синоќа, по полноќ, поради агресивен однос со полицајци.
Настанот се случил во Кисела Вода, а станува збор за 47-годишна скопјанка.
„На 29.04.2023 во 01.20 часот на подрачјето на Кисела Вода од полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода била приведена В.К.(47) од Скопје поради тоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен возач во Штип, управувал возило со 2,10 промили алкохол во крвта

Вчера на улицата Брегалничка во Штип, полицијата го приведе Т.Н.(44) од селото Уларци, oпштина Чешиново-Облешево.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал T.Н., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,10 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.
Топ
Возач загина на експресниот пат Прилеп-Градско – удрил во ограда, па уште еден камион излетал од патот

Тешка несреќа по која животот го загуби 42-годишен маж од Крива Паланка се случи синоќа околу 22.30 часот на експресниот пат Прилеп-Градско, пред приклучокот за автопатот Неготино-Велес.
Од МВР информираа дека животот го загубил А.Ѓ. кој управувајќи товарно возило „рено мастер“ излетал од коловозот и удрил во заштитна ограда. Тој првично бил пренесен во велешкта болница со тешки повреди, каде околу четири часа подоцна починал.
На погрешно место и во погрешно време се нашол и М.В.(44) од селото Трубарево, скопско, кој управувал товарно возило „ман“. Во обид да го избегне „реното“, излетал од коловозот и удрил во метална ограда. Во моментот нема информација дали вториот возач се здобил со повреди.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судската медицина на обдукција. Извршен бил увид.
Топ
Познат идентитетот на загинатите кај Момин Поток: 47-годишен маж и 32-годишна скојанка го загубија животот во несреќата

Четирисет и седумгодишниот С.И. и неговата 32-годишна сопатничка А.Н. се загинатите во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера помеѓу булеварите Никола Карев и 8 Септември во Скопје.
Мопедот на којшто се превезувале, според информациите од МВР, излетал од коловозот и удрил во бетонски столб. Двајцата загинале на лице место.
Извршен е увид, а телата се на обдукција.