Македонија
Адвокатот на детето кое го уби Македонецот: Три часа го напивал со алкохол, со три литри пиво – убиството е во самоодбрана
Окружниот суд во Бургас му одреди притвор на 14-годишниот Мишо Асенов, обвинет за убиство на 50-годишниот маж од Македонија.
Обвинителот од Бугарија во случајот посочи дека момчето со умисла го сторило делото. Според неговиот адвокат вели дека се работело за самоодбрана.
На денешното рочиште државното обвинителство изнесе пријава од полицијата, од која јасно се гледа дека против момчето се води истрага и за друго кривично дело.
„Станува збор за лице веќе познато на медиумите, кое на 5 февруари годинава било спречено да изврши кражба на Сончев Брег од украински државјанин и го нападнал со цевка. Се води предистражна постапка и вештачење. Наредени се прегледи, вклучително и судско-медицински, колку што разбрав, на украинскиот државјанин. Ова не му е прв обид да нападне некого на ваков начин“, објасни обвинителот, пренесе БНР.бг.
Постојат докази дека убиството било намерно.
„Во моментот кога ја удрил жртвата и на распитот рекол дека веднаш заминал без да знае дека лицето починало, го покрил со остатоци од душеци и неколку даски“, додаде обвинителот.
На рочиштето тој посочи дека има докази оти исчезнатите пари на Македонецот биле искористени за враќање во трговски центар во Сончев Брег. Тоа го поткрепува и сведочењето на мајката на момчето. На распитот таа објаснила дека во чантата на момчето пронашла 1.400 лева. Нејзиниот син и рекол дека ги добил од пијан турист во некој ресторан.
Неговиот адвокат – Радостин Пенев побара полесна мерка. Тој објаснил дека момчето соработувало со полицијата, а убиството било извршено во самоодбрана.
„Замислете 14-годишно дете кое било цел на 50-годишен маж кој 3 часа го полевал со алкохол и 3 литри пиво. Потоа го однел во шума и му понудил 50 лева да му плати и се обидел да го силува. 50-годишниот маж го удрил мојот клиент во глава кога се свртел и се обидел да побегне“, изјави бранителот.
Адвокатот додаде дека нема докази оти момчето се обидело да го сокрие телото, а тоа можело да го направи и некој друг. Телото е откриено неколку дена подоцна, а во околината има наркозависници, додаде бранителот.
Пред судот Мишо Асенов рече дека му е жал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

