Контакт

Спорт

Кари испиша историја и ги елиминира Сакраменто Кингс

Објавено пред

Кошаркарите на Голден стејт Вориорс ја комплетираат листата на полуфиналисти во двете конференции во НБА лигата. Актуелните шампиони седмиот меч во Сакраменто го добија со 120:100.

dobivaj vesti na viber

Сакраменто Кингс по пауза од 17 години се вратија во пелјофот, но не успеаја да го елиминираа шампионот. Голден стејт го има најдобриот шутер во историјата на лигата, Стеф Кари, кој со 50 поени им пресуди на „Кралевите“.

Ова е најголем број на поени во историјата на лигата кога се во прашање мајсторките. Покрај тоа, осум скока и шест асистенции за 37 минути на паркетот.

Најголема поддршка му даде Кевон Луни со 11 поени и 21 скок. Тоа е негов трет натпревар во овогодинешниот плеј-оф каде има 20 или повеќе скокови.

Ендрју Вигинс додаде 17 поени, Томпсон имаше 16 на само четири пати погоди од поле од 19 обиди.

Кај Сакраменто најефикасен беше Домантас Сабонис со 22 поени, осум скока и седум асистенции, Фокс додаде 16 со шест асистенции, а Малик Монк (9 скока, 4 асистенции) и Теренс Дејвис имаа по 14 поени.

Сараменто во полуфиналето ќе играат против ЛА Лејкерс.





©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Детвилер во сериозна состојба по страшната несреќа со Руеда

Објавено пред

Швајцарскиот мотоциклист Ноа Детвилер е во тешка состојба и го чекаат неколку операции по сериозната несреќа што ја доживеа во излезниот круг пред Големата награда на Малезија во категоријата Мото3.

dobivaj vesti na viber

Овогодинешниот шампион во категоријата Мото3, Хозе Антонио Руеда, кој го предизвика инцидентот во кој двајцата беа повредени, е буден и свесен.

Тимот на Детвилер, „CIP Green Power“, не објави многу детали за состојбата на младиот Швајцарец, освен дека мора да се подложи на операција.

„Ноа е во добри раце и ве молиме сите да ја почитувате неговата приватност. Во овој момент нема да даваме повеќе информации. Ноа е вистински борец и целиот тим е со него“, се вели во соопштението на францускиот тим.

Руеда се здоби со фрактура на раката и се здоби со бројни контузии во хорор несреќата, но добрата вест е дека прегледите во болницата покажале дека нема сериозни повреди на главата и телото.

foto/ epa

Инцидентот на патеката „Сепанг“ се случи кога возачите тргнуваа кон стартниот редослед, кога Руеда со голема брзина се судри со Детвилер.

Младиот Швајцарец се движеше бавно на тркачката линија поради проблеми со својот мотор, во тој момент Руеда необјасниво се судри со него.

Двајцата завршија на асвалтот, дирекцијата на трката веднаш истакна црвено знаме. На самата патека на двајцата им беше укажана прва помош, по што беа префрлени во болница.

Поради сериозноста на инцидентот, „Топспорт“, нема да објави видео од моментот кога се случи инцидентот.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Кристијано не запира, 950 голови во кариерата

Објавено пред

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо направи нов чекор кон бројката од 1.000 голови во кариерата.

dobivaj vesti na viber

Неговиот Ал Наср ја забележа шестата победа во исто толку натпревари во новата сезона на Про лигата. Во шестата рунда, Ал Наср го победи Ал Хазем (2:0).

Жоао Феликс ја најави победата на Ал Наср со својот деветти гол во само шест натпревари, додека Роналдо ја заврши работата во 88-та минута.

Тоа беше 950-от гол во кариерата на Кристијано и шести во лигата во сезона која се чини дека конечно ќе биде онаа што ќе ја освои титулата во Саудиска Арабија.

Во 2025 година, на 40-годишна возраст, Роналдо веќе постигна 34 гола и има три асистенции во 38 натпревари.

Неговиот Ал Наср е лидер со 18 бода, три повеќе од Ал Тавон.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Герасимовски: Во завршна фаза е  реконструкцијата на „Работнички“, на 13 декември ќе го победиме МЗТ

Објавено пред

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека реконструкцијата на салата „Работнички“ е во завршна фаза и дека на 13 декември ќе се одигра натпреварот против МЗТ, кадешто „Работнички“ ќе издвојува голема победа.

dobivaj vesti na viber

„Ова е нашата сала „Работнички“, нашиот храм за победи. Во моментов е во завршна фаза нашата реконструкција според ФИБА стандарди, со подземно греење. Воедно сакам да ви најавам дека салата свечено ќе ја отвориме против МЗТ на 13 декември и најавувам голема победа на Работнички“, истакнува Герасимовски.

Додаде дека 80 отсто од реконструкцијата е завршена. Поставен e централен семафор, а целосно се завршени осветлувањето и озвучувањето во салата. Се комплетираат трибините. Сите приоди се изведени, тоалетите се целосно опремени, се прават подготовки за поставување подно греење, а инсталациите и горниот простор наменет за федерациите се финализираат.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

(Видео) СДСМ деновиве ќе одлучи кого ќе поддржи во општините каде што нема свој кандидат за градоначалник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата во следните денови ќе одлучи кого ќе поддржи во општините каде што...

Свет3 часа

Двајца уапсени по спектакуларната кражба во Лувр: полицијата се сомнева на помош од внатре

Француската полиција уапси две лица осомничени за кражба на непроценливи крунски драгоцености од музејот Лувр, извршена на 18 октомври. Истрагата...

Свет6 часа

Трамп му постави услов на Путин: „Нема да губам време“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин сè додека не се постигне...

Свет6 часа

Трговските преговори меѓу САД и Кина се во тек

Главниот кинески трговски преговарач Ли Ченгганг и кинескиот вицепремиер Хе Лифенг пристигнаа во Куала Лумпур за вториот ден од трговските...

Македонија6 часа

Метеоролозите најавуваат поинтенезивни врнежи ноќеска и утре, од среда стабилизирање

Времето денес променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најпрвин во западните делови каде ќе бидат пообилни и поројни...

Македонија17 часа

Почина Агим Јонуз

Политичкиот анлитичар, Агим Јонуз, почина во Скопје на 63 години по боледување. Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија...

Македонија18 часа

ВМРО-ДПМНЕ веќе има 35 градоначалници, рече Мицкоски по повлекувањето на опонентите од Могила и Македонски Брод, очекува 59

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот митинг во Неготино изрази увереност дека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ која има...

Свет20 часа

Трамп: Имам многу добар однос со кинескиот претседател, сакам да ми помогне со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева на помош од Кина во решавањето на ситуацијата со Русија и завршување...

Македонија21 час

На гласачките ливчиња ќе останат имињата на кандидатите од Могила и Македонски Брод кои се повлекоа пред вториот круг

Независните кандидати од Могила и Македонски Брод, Сашо Пивковски и Милосим Војнески се повлекоа од изборната трка, но нивните имиња...

Македонија24 часа

Масакрот на кучиња во Кичево не бил пријавен во МВР, полицијата постапува по допрен глас

Министерството за внатрешни работи постапува по допрен глас, по извештаите за убиства на повеќе од 40 кучиња во Кичево пред...

Македонија1 ден

Три групи да внимаваат поради промената во зимско време, лекарите со совети за да се избегне нарушување на ритамот

Американската академија за медицина на спиење (ААСМ) со години се залага за прекин на поместувањето на часовникот, тврдејќи дека стандардното...

Македонија1 ден

МЗ: Кај клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ниту се гради, ниту се планира да се градат станбени градби

Во врска со медиумските објави за наводна изградба на зграда на паркингот кај ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија,...

Свет1 ден

Руски напад врз Киев

Русија синоќа изврши напад врз Киев, во кој најмалку едно лице беше убиено, а десет беа повредени. Главниот град на...

Македонија1 ден

Халуцинации и психолошка состојба се обидите на СДСМ резултатот од изборите да го прикажат како историски подвиг, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Во врска со прикажувањето на резултатите од првот круг на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ утрово прашува со што денес Социјалдемократскиот сојуз...

Свет1 ден

Специјалниот претставник на Кремљ: Русија, САД и Украина се блиску до дипломатско решение

Специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка, Кирил Дмитриев, изјави во Вашингтон дека Русија, САД...

Македонија1 ден

Ноќва почнува зимското сметање на времето

Ноќва почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот во 3 часот по полноќ ќе се поместат еден час наназад....

Македонија1 ден

Ѓоргиевски: Тим од експерти и градежна инспекција ќе стават крај на дивоградбите

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски изјави дека како градоначалник на Кисела Вода докажал дека може...

Македонија2 дена

Мицкоски: Очекуваме во вториот круг бројката на гласови за Орце Ѓорѓиевски да биде околу 125-130 илјади

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од денешниот настан одржан во Валандово, во рамки на вториот круг од локалните...

Македонија2 дена

Често миење раце, фрлање ѓубре со ракавици и дезинфекциски бариери во училиштата, препорачаа лекарите од ИЈЗ

Засега не е регистриран пораст на заболувања што може да бидат предизвикани од натрупаното ѓубре на улиците во Скопје, велат...

Македонија2 дена

(Видео) Mециновиќ за отпадот во Скопје: Владата намерно го остави градот да дојде до колапс за потоа да се прикажува како херој

Амар Мециновиќ, кандидатот на Левица зa градоначалник на Град Скопје во вториот круг на локалните избори, со предупредување за алармантната...