Македонија
Работниците до функционерите: Си ги покачивте платите за 78 отсто, а не убедувате дека 2.000 денари се доволни – ќе ви се случи народ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/protest-na-ssm.jpg)
Работниците се лути на функционерите кои си добија покачување на платите за 78 отсто, а минималната плата ја зголемуваат за 2.000 денари. Тие при говорот на Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, викаа „уа“ додека тој говореше за функционерските плати.
„Денес ќе им се обратиме на оние кои си покачија платите за 78 проценти а нас не убедуваат дека 2.000 денари се доволни. Е па не може вака. Мора да добиеме и ние покачување за 78 отсто, исто како нив. Ќе им се случи народ бидејќи не се грижат за работниците“, рече Димовски.
Протестниот марш по повод 1-мај продолжува од пред седиштето на Сојузот на синдикати, пред Собранието, па пред Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Ограда од надвозник падна во Автокоманда, откорнати се дрвја, поплавени улици, делови од Скопје останаа без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/ograda-avtokomanda1.jpg)
Ограда од мост падна кај Автокоманда, колони возила останаа заглавени. Ваква е сликата по невремето што попладнево го зафати Скопје.
Граѓаните апелираат да не се користи влезот во Скопје преку Автокоманда бидејќи патот е целосно блoкиран, а градските служби во моментот се на терен.
Истовремено блокирани се надвозници кај Бутел и паднати се дрвја на повеќе места. Поплавени се улици во Чаир, Ченто, кај Пластичарска.
Според првичните информации во повеќе делови од градот дошло до прекин на електричната енергија, а собраниската седница, на која треба да биде избрана новата влада, е прекината откако снема струја во зградата на Парламентот. Во моментов е дадена пауза.
Невреме проследено со силен дожд, град и електрични празнења попладнево ги зафати Скопје и Тетово.
Македонија
(Видео) Мисајловски: Ќе го вратиме достоинството на Армијата – ветувам инвестиции во објектите, нова опрема, поголеми плати и подобри услови за работа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/misajlovski.jpg)
Од секогаш се борев за Македонија, државата ми е водилка и чест ми е кога народот ме бира, но сега честа е неизмерна, затоа што ќе раководам со министерството во кое секој еден припадник е спремен да даде се за Македонија. Ова го истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и предлог министер за одбрана.
„Гордост е да се биде на чело на Министерството за одбрана. Уште поголема е обврската.
Со години Армијата беше оставена на маргините. Време е тоа да се промени.
Ветувам враќање на достоинството на Армијата. Ветувам инвестиции во објектите на АРМ, нова опрема, подобри услови за работа, поголеми плати. Ветувам дека ќе се грижам за луѓето кои се грижат за нас целиот свој живот.
Ќе се ангажирам посветено. Армијата ќе биде огледало за државата. Како НАТО членка треба да знаеме дека Армијата е најголем амбасадор на државата, од семинари, до обуки, тренинзи и вежби со сојузничките армии.
Македонија ќе биде горда на својата Армија. Македонија за тебе. За сите нас. Почнуваме“, рече Мисајловски.
Македонија
(Видео) Перински: Ќе работиме на проекти кои ќе значат решенија на долгогодишните проблеми
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/perinski.jpg)
Во животот секогаш сум се борел за успех. Ова се ретките прилики кога може да се создава за народот и државата, истакна Златко Перински, предлог министер за локална самоуправа во новата Влада.
„Долги години секој од вас даваше за државата, време е таа да ви врати. Како министер за локална самоуправа заедно со општините ќе работиме на создавање на проекти и вредности кои ќе значат решенија на долгогодишните проблеми.
Ќе се борам за секој еден проект и секој еден од вас ќе има пристап до мене и ќе има отвореност од моја страна за секој ваш предлог или проблем.
Следуваат многу убави работиз нови проекти за локалниот развој. Мора да ја смениме сликата за почитиката затоа што институциите ви перпаѓаат вам.
Апатијата, разочараноста ја чувствуваме сите, во хаосот кој го наследуваме од претходниците за жал живееме сите. Ние сме дел од вас, јас сум дел од вас, и секој мој чекор ќе биде за вас. за тебе! Затоа што заслужуватеш повеќе затоа што мораме повеќе! Македонија ќе биде повторно твоја!“, вели Перински.