Македонија
(Видео) Левицата: Работникот ја троши платата на инфлација додека директорите земаат милионски дивиденди
Во време кога во високо развиените држави се имплементира шест часовно работно време, нас ни се сервира феудализам и робовладетелство. Предлогот на Владата за 60-часовна работна недела нѐ врати назад во 1882 година, кога во индустријата се работеше и 12 часа дневно, истакнуваат од Левица.
Лошите услови за работа, според оваа партија, ги примораа работниците да се иселат од државава; ги дискриминираат жените-земјоделки; на железничарите им се исплаќаат плата во половинки;поради расипничкиот однос во јавните претрпијатија работниците не можат да земат додатоци и надоместоци на плата; вработените во маркетите работат во ладни простории; градежната мафија ги експлоатира незаштитените и непријавените работници.
„На објавениот повик на Левица, преку 1000 работници пријавија нерегуларности на работните места. Ова е знак дека правата на работниците се само декларативна утопија во програмите на денешните политички чинители. Класната разлика е се поголема, додека директорите во банките земаат милионски дивиденди, обичниот работник ја троши платата на инфлација.
Затоа, работници и работнички, нема друга алтернатива освен организираната политичка моќ на трудот. Наместо за работнички права, заедно да се бориме за власт. За работничка власт и за политичка моќ на трудот, истакнуваат од оваа партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

