Свет
Ердоган: Турскиот борбен авион ќе се вика КААН, тој е симбол на нашата иднина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека турскиот борбен авион, познат како ТФ-Х, ќе се вика КААН.
„Турција сега е присутна на секое поле – на копно, на морето и под морето, во воздухот и во вселената“, рече Ердоган за време на настанот наречен „Векот на иднината“, организиран од Турската авијациска индустрија (ТАИ).
Авионот КААН од петтата генерација го разви ТАИ со цел да ја замени застарената флота на турската војска „Ф-16“, јави „Анадолија“. Со ова летало Турција ќе стане една од петте земји што имаат ваков тип на технологија, додаде Ердоган.
„Иднината е на небото. Затоа денес велиме иднината“, рече Ердоган.
Денешниот ден го оцени како историски ден за Турција.
Авионот, за кој проектот почна во 2016 година, беше завршен во март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.