Свет
Хорор во Оклахома: пронајдени седум тела во куќа, меѓу нив две киднапирани тинејџерки
Телата на седум лица беа пронајдени во понеделникот во дом во Оклахома, соопштија властите. Меѓу жртвите има две исчезнати тинејџерки, нивниот осомничен киднапер и уште четири лица.
Државната патрола на Оклахома испратила итна тревога во понеделникот наутро во потрага по 14-годишната Ајви Вебстер и 16-годишната Британи Бруер за кои имаше сомневање дека биле со 39-годишниот Џеси Мекфејден, кој веќе бил осуден за силување.
Но, во понеделникот попладне, шерифот на округот Окмулџи, Еди Рајс, рече дека двете девојчиња и Мекфејден се верува оти се меѓу седумте мртви тела откриени во една фарма источно од градот Хенриета, 50-ина милји јужно од Тулса.
Според „Ен-би-си њуз“, не се достапни дополнителни детали за смртните случаи.
Мајката на Ајви за „Фокс 23“ изјавила дека полицијата ја информирала оти на имотот на кој наводно живеел Мекфејден биле пронајдени седум тела.
Мајката рече дека полицијата ѝ кажала оти ги пронашла телата на пет деца и двајца возрасни.
На местото на настанот присутни се силни полициски сили и во тек е увид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хелокоптерот во кој загина иранскиот претседател не емитувал никаков сигнал
Хеликоптерот што се урна додека ги превезуваше претседателот и министерот за надворешни работи на Иран немал вкучено сигнален систем или не поседувал, изјави турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу.
Уралоглу им рече на новинарите дека провериле дали има сигнали од хеликоптерот откако слушнале дека се урнал.
„Но, за жал, мислиме дека најверојатно сигналниот систем бил исклучен или хеликоптерот го немал тој сигнален систем бидејќи ние сигурно ќе ги видиме тие сигнали, но немаше“, рече тој.
Регион
18-годишник е уапсен бидејќи го запалил хрватското знаме и го споделил на социјалните мрежи
Осумнаесетгодишник е уапсен во Славонија бидејќи на 1 мај го запалил хрватското знаме во шумата кај Трпија.
Како што дознала полицијата, тој тоа го снимил и го објавил на социјалните мрежи.
„На овој начин тој јавно го подложи знамето на Република Хрватска на потсмев и грубо омаловажување и на јавноста и стави на располагање видео од тој чин преку компјутерска мрежа, во кое повикува на насилство или омраза насочена кон група луѓе поради нивната национална или етничка припадност“, наведува полицијата во кривичната пријава.
Пријавата го товари младиот човек за јавно поттикнување насилство и омраза и нарушување на угледот на Република Хрватска. За овие злосторства му се заканува затворска казна до три години.
Од полицијата потврдија дека со решение на Жупанискиот суд во Вуковар, на 18-годишникот му е одредена мерка притвор.
Свет
Зеленски му го честиташе третиот премиерски мандат на Пленковиќ и му се заблагодари за поддршката на Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, му го честиташе третиот мандат на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и изрази благодарност за постојаната поддршка од Украина.
Зеленски на социјалната мрежа Икс напиша дека разговарал со Пленковиќ, кому му се заблагодарил и го потврдил доаѓањето на мировниот самит во Швајцарија.
„Разговаравме и за поддршката на Хрватска за почеток на пристапните преговори на Украина со Европската унија, како и за можноста Хрватска да се приклучи на декларацијата на Г7 од Вилнус за поддршка на Украина“, напиша Зеленски.