Македонија
Ни седница, ни нов датум: не успеа и вториот обид Судски совет да си најде претседател
Пропадна и вториот обид да се избере претседател на Судскиот совет, откако Весна Дамева беше разрешена од функцијата. Седницата закажана за во 11 часот не се одржа, а дека ќе има одложување се дозна 30 минути пред почетокот. Официјалната причина за одлагање не е позната, иако, неофицијалната е дека нема мнозинство за избор на нов прв човек на Советот.
„Седницата е одложена, без да бидат наведени причините, битно е само да бидете информирани дека нема да има седница“, велат од обезбедувањето пред вратите на Судски совет, кога претставници на невладината организација „Коалиција за правично судење“ се обидоа да влезат.
За разлика од првиот пат, овде немаше ни обид за седницата да започне, ниту гласање за таа да се презакаже за нов датум. „Макфакс“ се обиде да добие информации за оправдувањата за одлагањето, но не успеа да стапи во контакт со надлежните од Судскиот совет.
Два табори има во Судскиот совет. И на минатите седница тие беа поделени. Дел беа за Дамева да биде разрешена, други пак, против. Поделеноста беше и на минатата седница, кога се гласаше за одлагање.
Низ правните кулоари се шпекулира дека наследник на претседателската функција ќе биде Сашко Георгиев. Но ќе биде избран, кога ќе се постигне договор помеѓу членовите на состанок, за потоа да го излгасаат пред јавноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Митрески: ВМРО-ДПМНЕ одби да обезбеди средства за подобрувања на инфраструктура во дебарско
СДСМ предложи амандман со кој бара да се обезбедат средства за завршување на втората етапа на патот во село Долно Косоврасти.
– Бараме да се обезбедат средства и за мост на трасата на патот, кај село Долно Косоврасти, како и средства за изградба на локален пат во село Дишане, во општина Дебар. Покрај ова, бараме да се обезбедат средства за изградба на кружен тек во општина Маврово и Ростуше, рече пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, на комисијата за финансирање на буџет.
Заменик министерот за финансии ги одби сите три амандмани предложени од СДСМ.
Македонија
Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ одби да се реконструира улицата Ленинова во Скопје
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со константно одбивање на амандманите предложени од СДСМ. На денешната комисијата за финансирање на буџет одби да се обезбеда средства за реконструкција на улицата „Ленинова“ во Скопје, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска.
– СДСМ поднесе амандман да се обезбедат средства за реконструкција на улицата „Ленинова“, на потегот од раскрсницата на булевар Илинден до паркот на Франкофонијата. Со помош на реконструкцијата ќе се заврши целото реконструирање на улицата Ленинова, која е една главните оски во рамки на општина Центар. Со ова ќе се растовари сообраќајниот метеж во општина Центар, а целиот простор дополнително ќе се уреди, додаде Лукаревска.
Заменик министерот за финансии и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, го одбија и овој амандман на СДСМ.
Македонија
Стојановски: ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за водоводна мрежа во Љубанци и Љуботен во општина Бутел
Денес на седница на Град Скопје, каде што се разгледуваше предлог-одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Бутел, со цел приклучување на населените места Љубанци и Љуботен на водоводната мрежа, говореше и советникот од ВМРО-ДПМНЕ Мартин Стојановски. Стојановски изрази поддршка за иницијативата и ја истакна важноста на овој проект за локалното население.
„Ние како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаме за оваа точка од причина што јасно е дека во тој дел на Општина Бутел има проблем со водоснабдување затоа што тие места се на повисоките места во општината, а и во повисоките околу градот Скопје. Затоа сметаме дека оваа одлука ќе допринесе за подобар стандард на жителите на Љубанци и Љуботен во Општина Бутел“, истакна Стојановски
Стојановски дополнително ја поздрави иницијативата.
„Ја поздравувам оваа одлука на Градот Скопје и Општината Бутел, особено на Општината Бутел, за реализација на проект за водоводна мрежа“, изјави Стојановски.
Стојановски апелираше и други општини да го следат примерот.
„Се надевам дека и другите општини кои имаат вакви населени места на повисокиот дел на Град Скопје ќе воспостават меѓуопштинска соработка за водоводна мрежа за тие населени места каде што има слаб притисок или во одреден дел од годината има недостиг на вода“, кажа Стојановски.