Македонија
Искршена новата спомен-плоча кај Вејце

Искршена е новата плоча со имињата на осумте припадници на безбедносните сили, кои загинаа во маскарот кај Вејце.
Плочата на 28 април беше поставена од страна на политичката партија Левица.
Цвеќињата и свеќниците се уништени, како што може да се забележи на фотографијата објавена од оваа партија.
„Во 21 век, кога светската цивилизација претендира да се колонизира на Марс, Албанците од Тетово преку вандализам и рушење на сè што е македонско се враќаат во камената доба. Имено, осквернавени се поставените плочи во чест на масакрираните бранители во Вејце од 2001 година, кои ги поставија лидерите на Левицата, Апасиев и Крмов, но и другите присутни. Секоја година сликата е иста, а државниот врв е нем и глув на уринирањето врз историјата и државноста од страна на албанското малцинство, кое дивее врз државата што ги храни и ги удомила. Сите функционери целите кон Европа и Запад, а самите знаете дека со ваков соживот не се оди никаде. Се фотографирате во медиуми и со претставници на европската заедница, а општеството ви е гнило. Вечна им слава на македонските бранители, гробот вечно ќе им се знае бидејќи не можете толку да искршите колку што ние можеме да поставиме“, велат од Левицата.
На 28 април 2001 беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ОВР Битола: Роберт Петковски (27) Игор Костески (26) Миле Јаневски (30) Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од денешниот настан одржан во Аеродром, во рамки на вториот круг од локалните избори закажани за 2 ноември 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.
Мицкоски во својот говор се заблагодари за поддршката во првиот круг каде 33 општини избраа градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата наспроти 3 од СДСМ и ги повика граѓаните да излезат масовно и да гласаат на 2 ноември со заокружување на бројот 9.
„Во вториот круг имаме 26 кандидати од кои најголемиот дел се во големо водство како Аеродром и во Скопје, а во неколку нашиот кандидат е второпласиран, но е во вториот круг. Ќе се бориме за секој еден глас и за секој општина. Излезете и гласајте по вашето лично убедување. Кога ќе го имате пенкалото во рака ако одлучувате според разум, душа и срце убеден сум дека ќе одлучите за бројот 9 и овде во Аеродром за Дејан и Орце за Град Скопје, убеден сум“ кажа Мицкоски.
Мицкоски кажа дека СДСМ не е на биолошки минимум туку пред исчезнување и на следните избори кога и да се, ќе бидат под 100 000 гласа и ги повика граѓаните да гласаат за број 9 на 2 ноември.
„Порака до симпатизерите и членовите на СДСМ, иако тоа го правев цело време во кампањата за првиот круг, кога велев дека и на нив не им е пријатно некогаш големиот СДС како сега се бори како се жилави едвај да го помине прагот од 100 илјади гласа, сега не зборуваме за биолошки минимум зборуваме таму за исчезнување, единствен начин да си помогнат себе и да и помогнат на СДС да излезат во втор круг и да го заокружат бројот 9 којшто прави промена. Следните избори СДСМ ќе бидат, под 100 илјади гласа. Тогаш ќе дојдеме до заклучок дека намалувањето на бројот на пратеници поради апстинирање или разочарување е државен и национален проблем. Ваква опозиција каква што е, не ќе може да направи резултат, тогаш состојбите ќе бидат поинакви, тогаш ќе имаме нова реалност. Затоа е важно да излезете и да гласате. Потребна ни е мобилизација на секој еден гласач“ кажа Мицкоски.
Мицкоски кажа дека во политиката мора да се има цел и стратегија, ВМРО-ДПМНЕ на патот кон остварување на своите цели не бараше ништо освен почит за својата жртва која ја дале за друг, но тоа не го доби и тоа ВМРО-ДПМНЕ нема да го заборави.
„Политиката не е црна кампања и не е со лаги да се доберат до власта. Политиката е да имаш цел, и план како да ја реализираш таа цел. Ние имаме план и многу стратешки цели како да ги реализираме, дел ги реализиравме, дел се реализираат, многу мал дел не успеавме да реализираме. Понекогаш додека ги реализиравме овие стратешки цели крваревме како ВМРО-ДПМНЕ и поднесовме жртва. Не беше лесно, многу ми беше тешко кога ги гледам нашите сопартијци од Тетово, Гостивар, од Струга, Чаир, Дебар и за тоа плативме цена и за тоа има жртва. И ние не бараме ништо, не бараме за возврат ништо затоа што имаме цел, ние бараме почит за жртвата којашто сме ја дале за друг, не ја добивме и тоа нема да го заборавиме. Сега да се фокусираме на 2 ноември масовно да излеземе, да тропнеме на секоја врата, да излеземе и да зокружиме број 9, за Дејан, за Орце и насекаде каде ВМРО-ДПМНЕ има свој кандидат“ нагласи Мицкоски.
Македонија
Димитриевски: Комплексот К4 ќе добие повеќе паркинг места, зелени површини и ќе се спречи градба на нови згради!

Кандидатот за градоначалник на Куманово од редовите на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, најави целосна реконструкција и уредување на просторот кај комплексот згради К4, во близина на Економското училиште.
– По примерот на дворот на Економско училиште планираме реконструкција на целиов простор и сите зелени површини во овој комплекс на згради. Дополнително проширување на паркиралиште, места за паркирање, воведување на втора паркинг зона со одбележување на сите места за паркирање коишто ќе бидат бесплатни за сите резиденти жители коишто живеат на оваа локација, изјави Димитриевски.
Тој истакна дека шпекулациите за изградба на нови објекти на овој простор се неточни и дека нема да дозволи дополнително пренатрупување со станбени згради во централното градско подрачје.
– Сакам да ве информирам дека сите шпекулации поврзани со наводни градби на нови објекти и нови станбени згради на овој простор се веќе запрени и ќе бидат запрени. Токму јас, Максим Димитриевски, се борам против урбаниот градежен хаос којшто со децении трае во Куманово и никогаш во рамките на мојот мандат нема да дозволам пренатрупување на станбени згради, особено во централно градско подрачје, порача Димитриевски.
Тој додаде дека градот ќе отвора нови градежни зони каде инвеститорите ќе можат да вложуваат во изградба на станбено-деловни комплекси, со цел рамномерен и уреден урбан развој.
Од граѓаните, за таа цел, побара поддршка во вториот круг од изборите на 2ри ноември.
– Ве повикувам во недела да искочите масовно и да ми дадете поддршка на престојните избори, бидејќи токму јас сум тој којшто заедно со вас се грижи Куманово да продолжи да се развива и да се менува, како и во сите досегашни осумстотини проекти реализирани во градот,“ изјави тој.
Македонија
Митески: Заедно со Владата и идниот градоначалник на Скопје, Ѓорѓиевски, ќе го направиме Аеродром уште поубаво место за живеење

Дејан Митески, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од денешниот настан одржан во Аеродром. Тој истакна дека во наредните 4 години со поддршка од Владата и Град Скопје ќе се реализираат важни проекти, ќе се вложува во безбедни училишта и градинки, паркови со зеленило, спортски сали и културни центри кои ќе го подобрат животот на граѓаните во Аеродром.
„Во наредните 4 години, со поддршка на Владата, со поддршка на идниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ќе направиме уште повеќе, уште подобро и уште поубаво место за живеење. Ќе продолжиме со започнатите активности, а во план се и многу други“, вели Митески.
Митески им се заблагодари на граѓаните за постигнатиот резултат во првиот круг и ги повика во вториот круг масовно да излезат на гласање и да го заокружат бројот 9, за историска победа и развој на Аеродром.
„Ве повикувам сите масовно да се вклучиме и на 2 ноември, ВМРО-ДПМНЕ да слави уште поголема и поубедлива победа во Аеродром“, кажа Митески.