Македонија
Маричиќ – Росвал: Политичкиот момент за проширување на ЕУ постои, да го искористиме за брз напредок во процесот на преговорите
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, оствари билатерална средба со шведската министерка за ЕУ и нордиска соработка, Јесика Росвал, на која разговараа за евроинтегративниот процес, стратешките цели на двете држави и билатералната развојна помош што Кралството Шведска ѝ ја дава на Северна Македонија.
Маричиќ на средбата посочи дека оваа посета на Росвал за време на шведското претседавање со Советот на Европската Унија е од голема политичка важност за нас укажувајќи дека заложбата на Шведска за проширување на ЕУ е важна и за нашиот напредок во процесот на преговори.
Соговорниците оценија дека Шведска континуирано дава поддршка на европскиот пат на Северна Македонија и има голема улога во напредокот на реформската агенда, но дека сега е најпотребно да се задржи Северна Македонија на европскиот пат.
„Шведска е наш вреден партнер, политички, развоен и финансиски поддржувач на патот кон ЕУ. Постојаната поддршка што Шведска ѝ ја дава на нашата држава во евроинтегративниот процес ја докажува важноста на сојузништвото и партнерство меѓу двете земји“, посочи Маричиќ на средбата.
Јесика Росвал посочи дека Шведска продолжува да дава континуирана поддршка на европскиот пат на Северна Македонија преку остварување на целите дефинирани со Стратегијата за реформска соработка 2021-2027 година, но дека останува домашните задачи и обврски што произлегуваат од преговарачката рамки да ги спроведеме успешно, со заеднички консензус за прашањето за европската перспектива на земјата. Таа во тој контекст посочи дека политичкиот момент за проширување на ЕУ треба да се искористи и да се направи нов исчекор кон ЕУ.
На средбата беше разговарано и за модалитетите и насоките на развојната соработка, чија една од главните цели е да ѝ се помогне на Северна Македонија да се приближи до Европската Унија.
Маричиќ ѝ се заблагодари на Росвал за шведската поддршка во обезбедувањето финансиска помош за постигнување реформски резултати во клучни области, како владеење на правото, демократски институции, слободни медиуми, економијата и во борба против корупцијата.
Маричиќ со својата колешка од Шведска оствари и тет-а-тет средба на која, како што информираат од Секретаријатот за европски прашања, било разговарано за важни теми и процеси, кои треба да го придвижат регионот кон ЕУ.
Росвал во рамките на нејзината официјална посета на Скопје ќе се сретне и со претседателот Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи, Османи.
Министерката за ЕУ и нордиска соработка посетата на Скопје ја реализира на покана на вицепремиерот Маричиќ, кој неодамна беше во посета на Кралството Шведска. Од Скопје шведската делегација заминува за Тирана, каде што министерката Росвал ќе оствари средби со високи државни претставници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Здружението на судии загрижено за изјавите за Управниот суд: со нив се врши притисок врз судиите и судиското одлучуваљње
Здружението на судии во врска со реакцијата на Управниот суд на РСМ, ја искажува својата загриженост за изјавите на поединци со кои, како што се истакнува во соопштението, директно или индиректно се врши притисок врз судиите и судиското постапување и одлучување.
Како што велат, припадноста кон одредена политичка партија и можноста за идно владеење односно учество во извршната власт, не смее да се користи за коментирање, заканување или влијание врз судиското одлучување.
Оценуваат дека таквите изјави се штетни пред се за политичките субјекти кои ги пласираат во јавноста, а истовремено може да се разберат и како обид да се поткопа непристрасноста и интегритетот на судиите.
„Во однос на неоснованите обвинувања кои беа упатени на адреса на Претседателот на Управниот суд на РСМ, како Здружение на судии даваме целосна поддршка на колегите од именуваниот суд и напоменуваме дека секој избран судија е независен во своето одлучување и таа независност му е Уставно загарантирана. Па во тој правец и при најмал сомнеж за евентуален обид за притисок или влијание врз неговата работа, без разлика од кого доаѓа, е должен да ги извести надлежните судиски инстанци. Воедно, сите останати општествени чинители, а особено претставниците на политичките партии се должни да ја почитуваат загарантираната судиска независност што е во духот и на демократскиот развој и Европскиот просперитет на земјата“, потенцираат од ова здружение.
Македонија
Одбиена тужбата на „Европскиот фронт“ за избирачкото место во Долнени
Управниот суд ја одби како неоснована тужбата од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на приговорот од Коалицијата „Твоја Македонија” за избирачкото место 1470 во Долнени на Парламентарните избори 2024.
„Европскиот фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024.
Досега Управниот суд ja одби како неоснована и тужбата за избирачкото место 1194, во Општина Крушево.
Македонија
Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот спор за името меѓу двата соседа, ќе ги загрози амбициите на балканската земја за членство во ЕУ, пишува грчки „Катимерини“
Говорејќи од градот Верија во северна Грција за време на неговата кампања пред изборите за Европскиот парламент во јуни, Мицотакис изјави дека трите меморандуми за разбирање поврзани со договорот од 2018 година нема да бидат ратификувани од Парламентот се додека новото раководство во Скопје продолжи со прекршување на договорот.
„Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен, а меморандумите нема да бидат ратификувани освен ако не се почитува она што го предвидува договорот“, рече тој.