Европа
Лајчак влече накај Приштина: Статутот на ЗСО мора да биде прифатлив за двете страни
Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, пред новата рунда разговори во Брисел изјави дека статутот на општините во Косово со мнозинско српско население (ЗСО) мора да биде „прифатлив за двете страни и во согласност со европските стандард“, пренесува „Хина“.
Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти попладнево ќе се сретнат во Брисел, а на средбата ќе им биде претставен нацрт-статутот на општините на северот на Косово, кој е клучна точка на преговорите.
„Управувачкиот тим ќе го презентира нацртот. Не знаеме што има во него, но тоа треба да биде почеток на процесот. На крајот, треба да имаме статут, кој е прифатлив за двете страни, и за Косово и за Србија, во согласност со европските стандарди. Тоа е првиот важен чекор“, истакна Лајчак.
„Тука сме да го спроведеме она што беше договорено за време на дијалогот. Тоа не беше наметнато, беше договорено меѓу Србија и Косово во 2013. За нас, важно е секое решение да биде европско решение“, додаде тој.
Како што наведе Лајчак, ЕУ не сака да создаде ЗСО по модел што досега не бил тестиран во светот.
„Затоа мора да го спроведеме она што беше претходно договорено, но во исто време мора да црпиме инспирација од практичните решенија на постојните европски модели. Не сакаме да создаваме нешто што никогаш не било тестирано никаде во светот, туку сакаме да најдеме инспирација во европските модели, кои добро функционираат“, додаде Лајчак, без да посочи конкретни примери.
Во неодамнешното интервју за „Хина“ косовскиот премиер рече дека сè уште не го видел предлогот за статутот на ЗСО, но нагласи дека нема да дозволи создавање некој вид Република Српска на северот од Косово, односно сателитска парадржава со деструктивна суштина, што ќе ја поткопа државноста на Косово.
На барањето за коментар на таа изјава, Лајчак рече:
„Република Српска беше формирана за време на војната во Босна и Херцеговина. Во тоа време итен приоритет беше да се запре војната, а сега не сме во војна, така што не ни требаат такви решенија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Поради планирање на терористички напад обвиненија добија трoјца тинејџери во Германија
Суд во германската провинција Северна Рајна-Вестфалија поднесе обвиненија против тројца тинејџери за планирање на терористички напад, пренесува ДПА.
Осомничените, на возраст од 15 и 16 години, беа уапсени во април за време на велигденските празници. Тие планирале напад во согласност со целите на терористичката група „Исламска држава“.
Обвинителството тврди дека тинејџерите ги разменувале плановите преку апликацијата „Телеграм“ и разговарале за напади во цркви и полициски станици.
Европа
(Видео) Новиот шеф на НАТО ненадејно дојде во Киев, разговараше со Зеленски за планот за победа
Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, беше во ненајавена посета на главниот град на Украина, Киев.
Информациите за пристигнувањето на Руте во Киев ја објави портпаролката на НАТО, Фара Дахлалах, на социјалната мрежа „Икс“, каде што сподели линк од неговата прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Mark Rutte’s first visit as NATO Secretary General @SecGenNATO is to Ukraine, and this is truly significant. It immediately and clearly outlines the priorities, highlighting where the shared values of the entire Euro-Atlantic region are being defended right now. It also… pic.twitter.com/cknjtn7SsY
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 3, 2024
Дополнителни детали за посетата на Руте не беа веднаш објавени. Зеленски на „Икс“ напиша дека разговарале за неговиот план за победа.
Руте, поранешен холандски премиер, во вторникот ја презеде функцијата нов генерален секретар на НАТО на местото на Норвежанецот Јенс Столтенберг, кој ја предводеше алијансата во изминатата деценија.
Европа
(Видео) Се запали моторот на авионот на „Рајанер“ во Италија, патниците евакуирани
Патници се евакуирани од авионот на „Рајанер“, чиј мотор се запалил на летот Бриндизи – Торино во Италија.
Локалните медиуми јавија дека избувнал пожар на моторот на летот на „Рајанер“ со број 8826, кој требало да полета од градот Бриндизи на југот на Италија кон Торино на север. Од авионот се евакуирани 184 лица.
Ryanair Boeing 737-8AS aircraft (9H-QCB) engine caught fire at Brindisi Airport, Italy, nearly 200 passengers evacuated through emergency evacuation slides .
Flight FR8826 was preparing for take-off at Brindisi Airport in Italy when flames appeared from the Right engine.
The… pic.twitter.com/UBziP9pKf0
— FL360aero (@fl360aero) October 3, 2024
Италијанската противпожарна служба соопшти дека нема повредени. Исто така, беше наведено дека сите летови на аеродромот во Бриндизи се суспендирани.