Свет
Смртна казна за една група луѓе – Уганда усвои најстрог закон против хомосексуалците, светот со осуда
Парламентот на Уганда денеска усвои главно непроменета верзија на еден од најстрогите светски закони против ЛГБТК.
Претседателот на Уганда, Јовери Мусевени, побара да се променат одредени одредби од првичниот предлог на законот, кој беше усвоен од парламентот во март.
И покрај некои измени, новиот закон ги задржува повеќето од најстрогите мерки од законот усвоен во март, објави „Ројтерс“.
Законот предвидува смртна казна за хомосексуалноста, а 20 години затвор за промовирање хомосексуалност.
Мерката, со која се бараше од луѓето да пријават хомосексуална активност, беше изменета за да се бара пријавување само доколку дете било вклучено во активноста.
Нацрт-законот беше вратен во парламентот минатиот месец барајќи да се отстрани обврската за пријавување и да воведат одредби за олеснување на рехабилитацијата на хомосексуалците.
САД и ЕУ го осудија законот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел ги напаѓа јужните предградија на Бејрут
Израелски воздушни напади ги погодија јужните предградија на Бејрут, при што е извршено најинтензивното бомбардирање на либанската престолнина откако Израел ја засили својата воена кампања против поддржаното од Иран – либанско шиитско движење Хезболах.
Во текот на ноќта силни експлозии одекнуваа низ различни делови на Бејрут, а небото беше осветлено со црвени и бели светла, како молњи, кои се гледаа од неколку километри.
Израелската армија соопшти дека нејзините воздушни сили извршиле „серија прецизни удари врз складишта за оружје и терористичка инфраструктура на Хезболах во реонот на Бејрут.“
Либанските власти сè уште не соопштија кои објекти биле погодени и какви штети предизвикале ракетите.
Регион
Дете најдено живо по два дена од поплавите во Јабланица под урнатините на семејната куќа
Продолжува борбата на голем број спасувачи за пронаоѓање на живите исчезнати лица по катастрофалната поплава што пред два дена се случи во Јабланица и во околните населени места.
Според официјалните информации, досега животот го загубиле 18 лица, а по голем број се уште се трага.
Сепак се појави и една добра вест, спасувачите пронашле дете под урнатините на неговата семејна куќа. Успеале да го извлечат и итно бил пренесен во болница.
Момчето било пронајдено под плочата тешка два тона која се срушила одозгора.
Европа
Поради планирање на терористички напад обвиненија добија трoјца тинејџери во Германија
Суд во германската провинција Северна Рајна-Вестфалија поднесе обвиненија против тројца тинејџери за планирање на терористички напад, пренесува ДПА.
Осомничените, на возраст од 15 и 16 години, беа уапсени во април за време на велигденските празници. Тие планирале напад во согласност со целите на терористичката група „Исламска држава“.
Обвинителството тврди дека тинејџерите ги разменувале плановите преку апликацијата „Телеграм“ и разговарале за напади во цркви и полициски станици.