Свет
(Видео) Големи судири помеѓу демонстрантите и полицијата во Кенија, летаа камења
Полицијата во Кенија денеска се судри со демонстрантите во главниот град Најроби во новата рунда протести повикани од лидерот на опозицијата, Раила Одинга.
Демонстрантите утринава подигнаа барикади на главните патишта во Најроби и фрлаа камења врз полицијата, која одговори со солзавец, пренесе АП.
Демонстрантите запалија автобус движењето беше парализирано во округот Кисуму, упориште на опозицијата, а полицијата се судри со демонстрантите.
BREAKING NEWS !!!
The stage managed bus torching by the state hired hired goons has turned out as the biggest fail of #MaandamanoTuesday @HonMoses_Kuria ,@MikeSonko and @rigathi you can do better…
Pastor Ezekiel Odero pic.twitter.com/NRgK8fLtCB
— Movement for Defense of Democracy (MDD) (@MDD_KENYA) May 2, 2023
Опозицијата ги повика властите да се справат со економската криза и да ја реформираат изборната комисија, која ги надгледуваше минатогодишните избори, на кои победи претседателот Вилијам Руто.
Опозицискиот лидер Одинга го отфрли ставот на владата дека денешните протести се незаконски и ги повика приврзаниците да излезат во голем број велејќи дека протестите ќе бидат мирни.
Шефот на полицијата ги забрани протестите велејќи дека претходните биле насилни и довеле до грабеж на бизниси. Во понеделникот Руто ги предупреди поддржувачите на опозицијата да не уништуваат приватна сопственост и го повика Одинга да го преиспита враќањето на разговорите.
Одинга ги откажа протестите за време на рамазан за да го отвори патот за предложените разговори на Руто.
Опозицијата одби да дозволи во преговорите да учествуваат одредени политичари предложени од владејачката партија. Разговорите во меѓувреме беа прекинати, а опозицијата најави дека ќе продолжи со уличните протести.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.
Свет
Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир
На 19 февруари премиерот Еди Рама ќе биде во Белата куќа во Вашингтон, каде што ќе учествува на официјалното формирање на Одборот за мир.
Ова го потврди лично премиерот за време на неделниот подкаст „Фласим“(зборуваме), отфрлајќи ги тврдењата на опозицијата дека воопшто не е поканет за учество на овој настан.
– Деновиве добив покана од претседателот на Соединетите американски држави, да го посетам Вашингтон и на учествувам на формирањето на Одборот за мир. Значи разбиени се сите лаги кажани дури и во нашиот парламент. Лага се секакви тврдења што денес повторно се прават смешни, велејќи дека не можам да одам, дека не сум поканет, затоа што, затоа што, затоа што, рече Рама.
Всушност, додаде, како што кажав, ќе бидам во Вашингтон за официјалното формирање на Одборот за мир и за почетокот на активноста на тој одбор.
-Привилегија за Албанија е да биде држава-основач на Одборот за мир и нема да придонесува со пари за да се приклучи или да остане како постојан член, туку придонесува со достоинство и со она што ја направило меѓународно почитувана и поканета, за оваа толку високо ниво на дискусија за иднината на мирот, рече Рама.

