Спорт
Десет натпревари суспензија за Гаги Николиќ

Тренерот на МЗТ Скопје, Драган Николиќ, доби жестока казна за инцидентот што го предизвика во неделата, на натпреварот против Кожув. Со оглед на дожината на казната можно е натпреварот со Кожув да беше последен за Николиќ како тренер на МЗТ.
Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ го суспендираше Николиќ на десет натпревари, два се според пропозициите, а осум според дисциплинскиот правилник.
Популарниот Гаги заработи и парична казна од 48.000 денари.
Ова значи дека Николиќ нема да може да го води МЗТ Скопје до крајот на оваа сезона, бидејќи до карјот МЗТ максимално може да одигра уште десет натпревари.
За потсетување, Николиќ влета на теренот и го собори противничкиот играч Мајрон Гордон, на тој начин спречи контра на Кожув.
До крајот на сезоната, екипата ќе ја води првиот помошник Васко Атанасов.
Покрај Николиќ, против Кожув беше исклучен и Абдул Малик Абу. Тој доби само парична казна од 5.000 денари. Играчот на Кожув, Домен Братож ќе треба да плати и 24.000 денари.
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Леверкузен на Дортмунд им го „украде“ Ечевери

Талентираниот Аргентинец, стрелец на еден гол за Манчестер сити на клупскиот Мундијал, ќе го напушти клубот. Поради силната конкуренција, Ечевери сезоната 2025/2026 ќе ја мине на позајмица.
Баер Леверкузен ќе биде новиот дом на 19-годишниот напаѓач Клаудио Ечевери. Флоријан Плетенберг пишува дека Леверкузен го во последен момент им го „украл“ Аргентинецот на ривалите од Бундеслигата, Борусија Дортмунд.
Ечевери пристигна во Сити минатата година од Ривер Плата за 18,5 милиони евра. Тој се приклучи на тимот на почетокот на оваа година, но одигра само три натпревари.
Спорт
Јован Манев на заем во Нови Пазар

Фудбалерот на Риека, Јован Манев, ќе игра во Нови Пазар до крајот на сезоната како позајмен играч, соопштенја од редовите на третопласираниот клуб од српската Супер лига во сезоната 2024/25.
По истекот на позајмицата, тимот на Нови Пазар ќе има право да го купи дефанзивецот, чиј договор со актуелниот хрватски шампион трае до летото 2027 година.
Во текот на својата кариера, Манев (24) играше и за Адана Демирспор, Осиек, Брегалница и Осогово, додека одигра 11 натпревари и постигна гол за сениорската репрезентација на Македонија.
Foto/ nk-rijeka.hr
Спорт
Аргентинците го најавија последното танго на Меси на 4 септември

Лионел Меси има 38 години и ја „верификуваше“ својата трофејна кариера со освојувањето на Светското првенство со Аргентина, во Катар во 2022 година.
Се подразбира дека тој ќе игра и на Светското првенство во Северна Америка наредната година, а аргентинските медиуми веќе зборуваат за последниот натпревар на веројатно најдобриот фудбалер во историјата пред домашната публика.
„ДСпорт“, најавува дека тоа ќе се случи на 4 септември, кога е закажан квалификацискиот натпревар против Венецуела на „Монументал“ во Буенос Аирес, а пет дена подоцна е закажан натпреварот во Еквадор.
„Жалам од срце, но, ако ништо не се промени, тоа ќе биде последен пат Меси да игра официјален натпревар со аргентинската репрезентација во Буенос Аирес. Повеќе немаме официјални натпревари во Аргентина, а во 2026 година, доколку се исполнат условите, ќе играме пријателски, бидејќи нема планирани официјални натпревари“, објасни новинарот Фернандо Чиз и подвлече: „Тежок удар е да се прифати дека ова е речиси сигурно последен пат Лионел Меси да стапне на „Монументал“ во официјален натпревар.“
Аргентина, Еквадор и Бразил веќе обезбедија учество за следното Светско првенство.