Македонија
Проректорката за настава, Христина Спасевска се кандидира за ректор на УКИМ
Проректорката за настава на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Христина Спасевска поднесе кандидатура за ректор на УКИМ за мандатниот период 2023-2026 година.
Таа неодамна изјави дека во оваа ректорска трка влегува со уверување дека во соработка со професорите, асистентите и студентите може да се направат вистински промени на УКИМ како најстара и најреномирана образовна институција во земјава. Мотив за оваа кандидатура, според Спасевска е подигнување на квалитетот на високото образование, зголемување на реномето на УКИМ и создавање услови за добивање поголем број на меѓународни проекти и создавање европско образование дома.
Христина Спасевска е професорка на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Последните десетина години посветено работи и како координатор или учесник на повеќе од 20 научноистражувачки и апликативни меѓународни проекти во програмите ФП7, ЕУРЕКА, Хоризонт 2020, ИПА и КОСТ, како и проекти финансирани од Меѓународната агенција за атомска енергија, Светска банка, Централноевропската иницијатива и Министерството за образование и наука, а воедно е и коавтор на повеќе од 80 научноистражувачки и стручни трудови. Во 2019 година добитник е на наградата „13 Ноември” на Град Скопје за остварување во науката, техниката и стопанството од областа на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност.
Постапката за пријавување на кандидати за ректор на УКИМ започна на 3 април па се до денес, по што ќе следи утврдување на листата на пријавени кандидати, а гласање во единиците на УКИМ е закажано за 30 мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

