Македонија
По речиси тројца пријавени за едно работно место со плата до 70.000 денари на коридорите 8 и 10 д
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) за едно огласено работно место на коридорите 8 и 10 д добило по речиси тројца пријавени. Огласот беше отворен до 25 април, а заинтересираните имаат 13 дена да се пријават.
„На јавниот оглас, кој беше објавен на 13.4.2023 година, до сега се пријавија вкупно 73 работници за 15 работни места за 28 извршители. Со оглед на тоа дека огласот е сè уште активен, односно следува фазата на селекција на кандидатите, во моментот не можеме да дадеме дополнителни информации“, велат од Јавното претпријатие за „Макфакс“.
Поради тоа што сè уште трае селекцијата на кандидатите од Јавното претпријатие, не кажаа дали планираат дополнителни огласи за вработувања и колкумина од веќе вработените во претпријатието ќе работат на коридорите 8 и 10 д.
Јавното претпријатие објави оглас на кој бара 28 работници чии задолженија ќе бидат исклучиво коридорите 8 и 10 д. Новите вработени во претпријатието ќе имаат основни плати од 29.866 до 70.052 денара, а ќе бидат вработени во јавното претпријатие до завршување на проектот, односно до 22.1.2028 година. Овие плати се за 40-часовна работна недела.
Највисока основна плата, 70.052 денара, се нуди за помошник на главниот координатор, а најниските плати од 29.866 денари се за двајца администратори и двајца возачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и од Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Бранко Заревски. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Облачно со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови
Облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Македонија
Николоски со Караџов и Маринеску во Брисел: Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, Мариан-Жан Маринеску, европскиот Координатор за коридорот Западен Балкан – Источен Медитеран, како и Матеј Законшеќ, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница.
На средбата се разговараше за регионалните инфраструктурни проекти кои го потикнуваат рагионалниот развој и економија.
Николоски информираше дека законот за ратификација на Договорот потпишан на 6 ноември 2025 година наскоро ќе биде ратификуван во Собранието.
Николоски ги запозна соговорниците и дека на техничко ниво директорите на двете железнички претпријатија заеднички почнуваат со подготовка за апликација за финансирање на проектот за тунелот.
Тој потенцира дека се очекува во месец декември или јануари да биде објавен тендерот за третата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија.
Работната агенда на вицепремиерот Николоски продолжува и утре каде ќе учествува на Самитот на министри за транспорт на земјите од Западен Балкан и министри од Европската Унија.

