Црна хроника
Четворица уапсени – поради хероин и марихуана, полицијата претресуваше во Тетово и Скопје
Вчера, околу 17.50 часот, на улицата 112 во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 42-годишниот тетовец Х. Љ.. При преглед кај него бил пронајден и одземен хероин, а од него исто така бил одземен и скутер за кој постои сомнение дека потекнува од извршена кражба. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци.
Истиот ден, во 14.45 часот, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г. А. (49) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Од полицијата известија и дека во 22.30 часот на подрачјето на Кисела Вода полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф. П. (35) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Вчера, во 16 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И. С. (39) од Куманово затоа што кај него биле пронајдени и одземени прашеста материја и дигитална вага. И. С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

