Регион
Објавено видео од апсењето на убиецот во училиштето во Белград
Ученикот Коста Кецмановиќ (14) бил уапсен веднаш по пукањето во училиштето во Белград, а објавено е видео од апсењето.
Како што пишуваат српските медиуми, Кецмановиќ бил одличен ученик со сите петки и бил револтиран од тоа што добил единица по историја иако, официјално, причината за масакрот засега останува непозната.
View this post on Instagram
Официјално, загинаа осум ученици и чуварот во училиштето.
Наставничката што била присутна во училницата се бори за живот, пишуваат српските медиуми.
Син на познат радиолог, ученик со сите петки – Кој е Коста, кој пукаше во училиштето во Белград?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ и Весиќ: Човечки фактор е причина за судирот на возовите
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека причина за судирот на возовите во тунелот, во кој нема жртви, е човечки фактор, а министерот за транспорт Горан Весиќ изјави дека се повредени 13 патници, од кои четворица се однесена во ургентен центар.
– Возот помина низ безбедносното светло и удри во товарен воз кој чекаше дозвола да оди до станицата Овча – изјави Весиќ.
Дачиќ за новинарите изјави дека често има жртви во несреќи како оваа и дека е вистинска среќа што во денешниот судир нема жртви и што сите патници излегле од возот.
„Најважно е да нема жртви“, изјави Дачиќ за новинарите.
Началникот на Секторот за вонредни состојби на МВР, Лука Чаушиќ, кој излезе на местото на настанот заедно со министрите Дачиќ, Весиќ и директорката на претпријатието „Инфраструктура железнице Србија“ Јелена Танасковиќ, изјави дека во 18 часот и 42 минути добиена е дојава за судирот, по што на терен излегле вкупно 25 пожарникари.
– Пристигнувајќи на местото на настанот во 18 часот и 48 минути, констатирано е дека возот за итни случаи се судрил со патнички воз во тунелот на длабочина од 400 метри од влезот – изјави Чаушиќ.
Тој додаде дека четири лица биле извлечени низ тунелот за евакуација. Дачиќ рече дека најважна улога имаат пожарникарите, бидејќи лекарите од итната помош не можеле да дојдат до патниците.
Министерот за транспорт Горан Весиќ изјави дека деталите за несреќата ќе се знаат кога Комисијата „Железничка инфраструктура на Србија“ ќе објави официјален извештај, кој се очекува во текот на утрешниот ден.
Регион
Дачиќ: Припадниците на полицијата евакуираа девет лица од возовите
Веднаш по добиената дојава дека во тунел дошло до судир меѓу патнички и товарен воз, на местото на настанот пристигнале бројни полициски сили и 25 пожарникари-спасувачи со седум возила, со оглед дека екипите на итната медицинска помош нене можеле да се приближат до местото на судирот, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Пожарникарите-спасувачи успеале, како што додаде, да стигнат до местото и евакуирале девет повредени лица и ги предале на екипите на итната помош за понатамошно лекување.
„Припадниците на српската полиција се уште се на терен и ги преземаат сите мерки и дејствија од нивна надлежност“, изјави Дачиќ.
Регион
Судир на два воза во Србија: има повредени
Судир меѓу возови се случил во тунел во близина на Белград. Како што пренесуваат српските медиуми се судриле патнички и товарен воз.
Според првичните информации на тамошните медиуми има повеќе повредени а повреден е и еден од кондуктерите на возовите.
Од Итната помош како што пренесува Танјуг потврдиле дека дошло до судир и дека на терен се испратени сите расположливи екипи, но се уште нема прецизни информации за бројот на повредени и нивната состојба.