Контакт

Регион

„Секогаш беше со спуштена глава, многу повлечен“ – полицијата ја обезбедува зградата во која живее Коста

Објавено пред

Полицијата во моментот е пред зградата во која живее 14-годишниот Коста, кој изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, во кој уби осум врсници и еден чувар, а повреди неколку лица.

dobivaj vesti na viber

Како што јавува репортерот на „Блиц“, моментно е забранет влез во зградата, а се претресува станот.

Според соседите, родителите на момчето отсекогаш биле љубезни, а имаат и ќерка.

„Често ги гледав, тој е познат доктор. Имаат и помала ќерка. Момчето секогаш беше културно и фино, но секогаш повлечено“, вели еден од работниците во близина на зградата во која живее семејството на момчето.

Според приказната на соседот, во таа зграда заедно живеат родителите на Коста и неговата помлада сестра.

„Кога одговара, само ја спушта главата и трепнува, толку беше повлечен“, опишува сосед, кој бил близок со семејството.

Како што вели, детето одело и во музичко училиште.

„Да ви кажам искрено, толку многу пати сум била кај нив. Бевме таму еден за друг, без разлика на сè. Но, не знаев дека има пиштоли, тоа мора да се обезбеди…“, вели сосед, кој сакал да остане анонимен и бил многу близок со семејството на момчето.

Како што тој продолжува, семејството со години живее на оваа адреса. Тој додава и дека Коста постојано менувал училишта, но не знае зошто.

„Постојано одеше на натпревари, беше одличен ученик, не знам што се случи“, коментира тој.

Пред училиштето има потресени деца, но и родители во паника. Улиците се блокирани, а има силно полициско присуство.

„Слушнав пукање, некои ученици веднаш излегоа во ходникот да видат што се случува. Отпрвин мислев дека нешто се слуша надвор. Сите почнаа да врескаат, настана општа паника, сите почнаа да трчаат, кога излегов, го видов, дојде и впери пиштол во сите нас“, низ солзи раскажува за „Блиц“ еден од шокираните ученици.

Ученикот го донел пиштолот на татка си и почнал напад. Тој е приведен на распит во полициска станица.

Регион

(Видео) Хаос во Белград, одекнуваат топовски удари

Објавено пред

Големи тензии се забележани вечерва пред Народното собрание во Белград, каде што голем број граѓани се собраа во поддршка на Дијана Хрка, мајката на трагично загинатиот Стефан Хрка, која утрово започна штрајк со глад.

dobivaj vesti na viber

Во исто време, во непосредна близина, во шаторска населба со прекар „Чациленд“, се собраа и поддржувачи на владата, а меѓу двете групи беше поставен силен кордон од полицијата за немири, пишува Нова.рс.

Како што објавија Нова.рс и Н1, пред зградата на Народното собрание одекнуваат топовски удари, а на улицата има голем број припадници на интервентната полиција кои се обидуваат да ги одвојат двата табора со кордон.

Прикажи повеќе...

Регион

Политико: Бугарија ја разгледува можноста да бара ослободување од санкциите на САД против „Лукоил“

Објавено пред

Бугарија ја истражува можноста да побара ослободување од новите санкции на Соединетите Американски Држави против двете најголеми руски нафтени компании, Роснефт и Лукоил, објави Политико, пренесе бнр.бг.

dobivaj vesti na viber

Рафинеријата за нафта во Бургас, во сопственост на Лукоил, снабдува 80 отсто од горивото во земјата.

Според изданието, бугарската влада испратила барање до Вашингтон со цел да ја разбере можната реакција на американската администрација во случај на барање за ослободување од санкциите откако ќе стапат во сила на 21 ноември. Изданието се повикува на извори кои побарале анонимност.

Бугарските власти се загрижени за опасноста санкциите да доведат до затворање на рафинеријата во Бургас, што пак би можело да предизвика недостиг на гориво и последователни протести во земјата, коментира изданието.

Министерството за енергетика одби да даде коментар за Политико. Претседателската институција, исто така, не одговори.

Изземање од санкциите побарала Унгарија, но Трамп одбил.

Прикажи повеќе...

Регион

Грција затвора 204 пошти

Објавено пред

Грција затвора 204 филијали на државната пошта ЕЛТА, што претставува околу 45 проценти од вкупната мрежа. Компанијата го оправдува потегот со низок обем на работа и финансиски загуби, додека локалните жители и опозицијата жестоко реагираат.

dobivaj vesti na viber

Пензионерите од руралните средини, кои преку пошта ги примаат пензиите и лековите, предупредуваат дека ќе останат без основни услуги.

Во повеќе градови се одржуваат протести пред поштенските канцеларии, а клиентите ќе бидат пренасочени кон приватни курирски компании.

Поради растечкото незадоволство, во вторник е закажана вонредна седница на парламентот, на иницијатива на опозицијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минути

Тошковски ги оцени изборите како најмирни по последните години: Во цела држава имаше 30 пријави, во најголем дел наводите не беа потврдени

Денеска, како во првиот круг од локалните избори, можеме со гордост да констатираме дека и вториот круг помина во исклучително...

Македонија17 минути

Сотир Лукровски прогласи победа во Карпош

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Карпош, Сотир Лукровски, прогласи победа на изборите. „Драги мои карпошани, вечерва зборувам со...

Македонија28 минути

(Видео) Левица: Во голем број од изборните места има мртва трка помеѓу двата кандидати за градоначалник на Скопје

Задоволни сме од излезноста во урбаните средини, исклучок се општините Чаир и Сарај, кадешто има неверојатно мала излезност, дури и...

Uncategorized33 минути

Нови првични резултати: Ѓорѓиевски води во Скопје, Герасимовски во Центар, во Карпош Лукровски

Според првичните резултати од вториот круг на локалните избори 2025, во Скопје води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски со над...

Македонија2 часа

До 18 и 30 часот гласале 45,71 отсто од гласачите, во Скопје излезноста е 33,82 отсто

До 18 и 30 часот гласале 45,71 отсто од гласачите, во Скопје излезноста е 33,82 отсто, соопшти Државната изборна комисија....

Македонија2 часа

Мицкоски: Ова е ден кога народот зборува

Денеска го исполнивме нашето демократско право, правото на глас, обврската што секој граѓанин ја носи со себе како дел од...

Македонија2 часа

Сиљановска-Давкова: Имавме европски избори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денешните избори ги оцени како европски. „Имавме европски избори“, напиша таа на социјалните мрежи откако го оствари...

Топ6 часа

МВР со детали за смртта на 47-годишниот Ѓорѓиевски: бил пренесен во болница

МВР со детали за смртта на осуденикот Кире Ѓорѓиевски. Имено според полицијата, вчера во 09:30 часот во СВР Штип, од...

Топ7 часа

53-годишник почина по тепачка во Стар Дојран

Синоќа во 22:25 часот во село Сретеново, општина Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода В.Р.(55)...

Топ8 часа

Се соблекувал пред малолетнички и ги вознемирувал

31-годишник се соблекувал пред малолетнички информираат од полицијата. Имено, надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против 31-годишник...

Свет8 часа

Полицијата ги објави првите детали за напаѓачите од возот во Англија

Две лица сè уште се борат за живот по масовниот напад со нож во воз помеѓу Донкастер и Лондон вчера...

Македонија11 часа

Четири општини останаа без гласање, повторени избори во рок од 60 дена

Денеска нема да се одржи гласање во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, поради недоволна излезеност во...

Свет12 часа

Трамп ѝ се закани на Нигерија со воена акција ако убиствата на христијаните не престанат

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на нигериското раководство со можна воена интервенција, доколку, како што рече, владата продолжи...

Свет12 часа

Сведок за нападот во воз во Англија: Видов човек кој трчаше и ги предупредуваше другите дека е избоден

Полицијата во Кембриџшир соопшти дека вооружени полицајци пристигнале на местото на настанот откако добиле извештаи за напад во воз во...

Македонија13 часа

Отворени гласачките места, граѓаните избираат градоначалници во 32 општини и Град Скопје

Денеска во земјава се одржува вториот круг од локалните избори, на кои граѓаните избираат градоначалници во 32 општини и во...

Спорт1 ден

Ракометарите го загубија вториот контролен меч против Јапонија

Ракометната репрезентација на Македонија, во рамките на ЕХФ неделата, одигра два натпревари со Јапонија. Првиот го доби, тој се играше...

Регион1 ден

Политико: Бугарија ја разгледува можноста да бара ослободување од санкциите на САД против „Лукоил“

Бугарија ја истражува можноста да побара ослободување од новите санкции на Соединетите Американски Држави против двете најголеми руски нафтени компании,...

Македонија1 ден

Матичарка и службеници ѝ „подариле“ втор идентитет на кумановка, завршија со пријава

Полицијата во Куманово поднесе кривична пријава против четири лица — В.Б. (56), Н.З. (41), Х.Е. (53) и В.П. (67) —...

Топ1 ден

Наставничка од Кавадарци влегла во профилот на колешка и и’ праќала приватни разговори на директорката

Полицијата во Кавадарци поднесе кривична пријава против две жени — наставничка и директорка од основно училиште во градот, под сомнение...

Забава1 ден

Реакции на социјалните мрежи по настапот на Цеца во Велес

Настапот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ во Велес предизвика бројни реакции на социјалната мрежа „Икс“ , откако за време на...