Контакт

Спорт

Баерн Минхен ги продава Мане и Гнабри

Објавено пред

Баерн Минхен е подготвен да се раздели со две свои ѕвезди од нападот во текот на летниот преоден рок, тврди „Билд“. Станува збор за Садио Мане и за Серж Гнабри.

dobivaj vesti na viber

Мане на „Алијанц Арена“ пристигна минатото лето со трансфер од Ливерпул вреден 32 милиони евра. Сепак, Сенегалецот се чувствува изолиран од тимот по скандалот откако го удри соиграчот Лирој Сане во соблекувалната по мечот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

Затоа клубот е подготвен да побара од него да си замине по завршувањето на сезоната.

Во Баерн посакуваат да замине во Наполи, при евентуален трансфер на Виктор Осимен од Наполи на „Алијанц аеена“, но најверојатно „партенопеите“ нема да се согласат да ја прифатат големата плата на Мане која е 10 милиони евра нето годишно. Друга опција за играчот е Челси, кој неодамна покажа интерес за него.

Проблемот со Серж Гнабри е падот на неговата форма, а раководството се сомнева дека германскиот интернационалец ќе успее тоа брзо да го надмине.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Меси влегува во форма пред Копа Америка, Аргентина ја победи Гватемала

Објавено пред

Аргентина ја победи Гватемала со 4:1 во пријателски натпревар пред стартот на Копа Америка. Натпреварот го обележа Лионел Меси кој поради повреда пропушти два натпревари и одигра само половина час на претходниот дуел против Еквадор.

dobivaj vesti na viber

Лионел Меси од ноември минатата година се најде во стартниот соства на Аргентина. Меси го предводеше тимот со два гола, асистенција и изборен пенал.

Откако Гватемала поведе по само четири минути игра со авто-голот на Лисандро Мартинез. Меси изедначи осум минути подоцна, потоа два гола постигна Лаутаро Мартинез, а точка на натпреварот стави Меси.

Прикажи повеќе...

Спорт

Трагедија, почина голманот на Црна Гора

Објавено пред

Голманот на фудбалската репрезентација на Црна Гора, Матија Шаркиќ (26), почина утринава околу 6:30 часот во Будва, каде што беше на одмор. Како што дознава „Вијести“, му се слошило во станот во кој престојувал, по што починал.

dobivaj vesti na viber

Матија Шаркиќ пред неколку дена бранеше на пријателскиот натпревар против Белгија во Брисел, но после тоа го пропушти натпреварот против Грузија во Подгорица. По натпреварот против Белгија, шпанска „Марка“ пишуваше за брилијантната партија на 26-годишникот.

Шаркиќ е роден во Гринзби, а кариерата ја започна во Андерлехт. Играше за Виган, Астон Вила, Ливингстон, Вулверхемптон, Шрусбери, Бирмингем, Милвол и Стоук.

За репрезентацијата на Црна Гора одигра девет натпревари, а дебитираше против Белорусија во пријателски натпревар во 2019 година.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ајзеа Кенан во Црвена звезда

Објавено пред

Американецот Ајзеа Кенан од наредната сезона ќе го носи дресот на Црвена звезда. Информацијата дека Кенан црвено-белиот дрес на Олимпијакос ќе го замени со оној на Црвена звезда ја објави специјализираниот кошаркарски портал „Јурохупс“.

dobivaj vesti na viber

Кенан е поранешен НБА играч, член на Хјустон, Филаделфија, Чикаго, Хјустон, Феникс и Милвоки, во Европа прво играше за УНИКС Казњ, а потоа пристигна во Олимпијакос.

Од 2022 година со Олимпијакос играше два пати на завршните турнири во Евролигата.

Сезонава одигра дури 41 натпревар во Евролигата, со просек од 11,1 поен за 23 минути по натпревар, со одлични 42,5 проценти шут за три поени.

Шампионот на АБА на тој начин продолжи да го комплетира составот за следната сезона, а Кенан е вториот кој потпиша договор по Урош Плавшиќ од Мега.

„Јурохупс“ тврди дека 33-годишниот Кенан, со Црвена звезда потпишал две годинишен договор, според кој по сезона ќе заработува 1.300.000 евра.

Црвено-белите во меѓувреме ја продолжија соработката со Милош Теодосиќ, Рокас Гедраитис, Џоел Боломој и Бранко Лазиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт3 часа

Трагедија, почина голманот на Црна Гора

Голманот на фудбалската репрезентација на Црна Гора, Матија Шаркиќ (26), почина утринава околу 6:30 часот во Будва, каде што беше...

Европа4 часа

Еден убиен и еден повреден во пукање во маркет во Грција

Во супермаркет во Пиреја, Грција, едно лице загинало во пукање, а друго е повредено, поради што итно е пренесенo во...

Македонија15 часа

Земјотрес вечерва почуствуван во подрачјето Штип-Радовиш

Земјотрес со локална магнитуда од 2,4 степени по Рихтер е регистриран вечерва во 19.54 часот со епицентар во подрачјето Штип...

Македонија22 часа

Гаши оствари средба со Пападополу: Северна Македонија има искрен пријател во Грција

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, се сретна со заменик-министерката за надворешни работи на Република Грција Aлександра...

Македонија24 часа

Условно осудени седум лица за упадот во М-НАВ

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе пресуди врз основа на предлог-спогодби со седум лица обвинети како соизвршители на кривично дело...

Македонија1 ден

(Фото) Ослободено мече, кое утрово било заглавено на дрво во Маврови Анови

Утрово, во 7.35 часот, на 112 е добиена пријава за заглавено мече во гранките на дрво во двор на викендица...

Топ1 ден

Двојно убиство во Кратово: 36-годишна жена ги уби сопругот и свекорот

Вчера вечер, полицајците во Кратово уапсиле 36-годишна жена која е осомничена дека со остар предмет ги убила сопругот и свекорот,...

Македонија1 ден

ЦУК: 11 пожари на отворено, во Светиниколско изгореа куќа и четири помошни простории

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 122 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи...

Европа1 ден

Украинската армија: Соборивме седум проектили и 17 руски беспилотни летала

Украинската армија денеска соопшти дека соборила седум од 14 проектили и сите 17 беспилотни летала кои Русија ги лансираше во...

Свет1 ден

Израел ја бомбардира Газа, тензиите растат и на границата со Либан

Војската на Израел денеска продолжи со бомбардирањето на Појасот Газа без напредок во разговорите за прекин на огнот, заедно со...

Регион1 ден

Четиригодишно девојче добило изгореници додека пливалo во Грција: откриено што ја каснало

Четиригодишно девојче добило страшни изгореници додека пливало во морето во Грција, а откриено е дека ја изгорела морска анемона додека...

Регион2 дена

Сахарски песок повторно доаѓа над Балканот: „Силно влијае на квалитетот на воздухот“

Според прогнозите на Службата за следење на атмосферата Коперник (CAMS), оваа недела се очекува нова епизода на сахарска прашина да...

Македонија2 дена

Несреќа кај мостот Беласица, огромни гужви кај Транспортен центар

Огромни гужви кај Транспортниот центар во Скопје поради сообраќајна незгода. Две возила се судрија кај мостот „Беласица“. Колони возила некое...

Македонија2 дена

Османи – Пападопуло: Почитувањето на преспанскиот договор и поддршката од Грција клучни за нашата европска интеграција

На маргините на Состанокот на министрите за надворешни работи на процесот за соработка на Југоисточна Европа кој се одржува во...

Економија2 дена

„Лидл“ почнува да го гради првиот маркет во Скопје, за 9,5 милиони евра го купи објектот на „Бриколаж“

Лидл почна со подготовки за градежни активности на местото на некогашниот Бриколаж. За таа цел Лидл го купи имотот од...

Македонија2 дена

Прекршувањето на договорот од Преспа ќе ја доведе до егзистенцијален предизвик иднината на Северна Македонија, велат Заев и Ципрас

Поранешните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во заедничката колумна на веб-порталот „Еуроактив“ велат дека преспанскиот...

Македонија2 дена

Левицата: ДПМНЕ институционално го подреди трудот на работниците под економските и бизнис-интересите

Законските измени спроведени на иницијатива на ДПМНЕ и Мицкоски, преку кои трудот се распределува под Министерството за економија, овозможува супер...

Македонија2 дена

Пронајдено исчезнатото 19-годишно момче од Битола

Вчера, имаше потрага по исчезнато лице во општина Битола, соопшти ЦУК. Регионалниот ЦУК Битола информира дека лице на 19 години...

Македонија2 дена

Мечка нападнала стадо овци во Гостиварско

Вчера како што информира Центарот за управување со кризи на нивниот повикувачки број за итни случаи 112, имало пријавен напад...

Свет2 дена

(Видео) Солзавец и водни топови на протестите во Буенос Аирес: илјадници луѓе излегоа на улиците против реформите на владата

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Буенос Аирес за да протестираат против реформите на владата. Протестите беа организирани недалеку од...