Спорт
Ѓорѓевиќ бара од неговите поранешни клубови Партизан и Реал да го одложат мечот
Легендарниот поранешен српски кошаркар на Партизан и Реал Мадрид, а сега селектор на Кина, Александар Ѓорѓевиќ јавно побара клубовите да се договорат да го одложат четвртиот меч од плејофот од Евролигата во Белград по шокантниот масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.
13-годишен ученик во училиштето уби осум ученици и човек од обезбедувањето во настан кој ја шокираше Србија, но и цел Балкан.
„Шок, невеерување по масакрот во белградското школо. Сочувство до семејствата. Слава им, Бог да им ја прости душата! Моја Србијо, мој Белграде, мои Партизан и Реал Мадрид, реагирајте на вистински, човечки начин и одложете го мечот. Кому му е до песна, радост и навивање по ваква трагедија“, напиша Ѓорѓевиќ на Твитер.
Sok,neverica usled masakra u beogradskoj skoli-saucesce porodicama stradalih.Slava im-Bog dusu da im prosti🙏🙏Moja Srbijo,moj Beograde ,moji Partizane i Real Madrid-u reagujte na pravi ljudski nacin i odlozite utakmicu-kome je do pesme,radosti i navijanja posle ovakve tragedije?
— Aleksandar Djordjevic (@CoachDjordjevic) May 3, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

