Свет
Една жена убиена, уште четири повредени во пукање во Атланта

Американската полиција уапси маж осомничен дека убил една и ранил уште четири жени во престрелка во центарот на Атланта во средата, соопштија властите, велејќи дека напаѓачот украл возило за да побегне од местото на настанот.
Осомничениот вооружен напаѓач, идентификуван од полицијата како 24-годишниот Дејон Патерсон, е поранешен припадник на американската крајбрежна стража.
Полицијата во Атланта претходно го опиша како „вооружен и опасен“. Патерсон беше приведен во приградската област Коб, северно од градот, само неколку часа откога отвори оган во здравствениот центар околу пладне по локално време во средата.
Сите пет жртви на нападот се жени, објави „Ројтерс“.
Шефот на полицијата на Атланта, Дарин Ширбом, на прес-конференција рече дека е премногу рано во истрагата да се утврди дали жените биле намерна цел и дали се работи за пациенти или вработени во медицинскиот центар „Нортсајд“, каде што се случило пукањето.
Напаѓачот дошол во здравствениот дом со мајка си, но таа не е повредена, потврди началникот на полицијата додавајќи дека мајката на напаѓачот соработува со истражителите.
Во јавноста се познати малку детали за напаѓачот. Американската крајбрежна стража соопшти дека Петерсон ѝ се придружил на службата во јули 2018 година, од која беше отстранет во јануари оваа година, но не кажа кои се причините за неговото сменување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.