Македонија
Џамбаски: Нема да дозволам името на Гоце Делчев да биде цел на пазарење во рацете на бесрамните политички трговци во Скопје
Нема да дозволам името на Гоце Делчев да биде цел на пазарење во рацете на бесрамните политички трговци во Скопје, пишува на социјалните мрежи бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски по повод одбележувањето на 120-годишнината од смртта на револуционерот Гоце Делчев.
„120 години бесмртност! На 4 мај 1903 година, во битката за селото Баница, кон бесмртноста на големиот син на Бугарија, Георги Николов Делчев“, пишува Џамбаски.
„Нема да дозволам името на Гоце Делчев да биде цел на пазарење во рацете на бесрамните политички трговци во Скопје, кои сакаат да ја оправдаат својата антибугарска политика“, дополнува во напишаното.
Не треба да заборавиме, додава бугарскиот европратеник во напишаното, дека посмртните останки на големиот бугарски револуционер, бугарските комунисти предавници им ги предадоа на југословенските бугаромразачи по болшевичкиот пуч на 9.9.1944 година.
„Таму Гоце беше одвлечен, затворен, оставен во Скопје. Таму каде што денес има злоба и омраза кон македонските Бугари, кон Бугарите воопшто, кон Бугарија.
Време е Гоце да го најде својот вечен мир со семејството. Во спомен-обележјето во Благоевград, каде што почиваат неговите најблиски роднини“, пишува Џамбаски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај низ државата по влажни коловози, слаб снег на Попова Шапка и Ѓавато
Од 12 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Стар Дојран, ГП Богородица и ГП Меџитлија. Од 12:20 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Ќафасан и ГП Блато, извести АМСМ.
Од 12:00 часот пред ГП Долно Блаце започнат е протест на превозници со тешки моторни возила, поради што товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце се пренасочува кај БП Дизел, а останатиот сообраќај се одвива нормално. Од 12 часот отпочнати се блокади и на ГП Деве Баир, ГП Делчево и ГП Ново Село, велат од АМСМ.
Сега засега блокиран е само сообраќајот за ТТВ за излез од државата додека за останатите категории на возила се одвива непречено.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,по влажни коловози. Снег со слаб интезитет паѓа на Попова Шапка и Ѓавато кој во моментов не се задржува на коловозот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Карпош и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани прекини и тоа:
– во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците на улицата Ордан Поп Јорданов. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на улицата Римска. (општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен дожд
Претпладне променливо облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во среда кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

