Регион
Сведоштво од брзата помош, која спасуваше деца: Чудо е што сме добро, на ова не можеме да се подготвиме ниту на факултет

Докторката Ивана Стефановиќ за РТС вели дека по пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, во еден момент на терен имало дури 11 екипи за итна помош. Таа посочува дека сите сè уште се потресени, дека го преживеале стресот за кој факултетот не можел да ги подготви, но дека направиле извонредна работа – огромната трагедија да биде малку помала отколку што можеше да се случи.
Додека траеше истрагата во училиштето, во еден момент од двете страни на училиштето имало дури 11 екипи – да им помогнат на насобраните родители, каде што биле изнесени децата, и од другата страна, каде што родителите ги барале децата што не се јавувале на телефон.
„Се разбира, да се најдат и професорите, наставниците од тоа училиште, кои секако не беа подготвени за ваков стрес, за ваква трагедија. Сигурно никој не е подготвен за тоа, дури и кога сте професионално образовани, како што се тимовите за итни случаи. Тие луѓе направија извонредна работа оваа огромна трагедија да биде малку помала отколку што можеше да биде“, истакнува Стефановиќ.
Таа повторува дека на терен имало вкупно 11 екипи со 11 лекари, но и самата била како родител.
„Отидов таму како родител. Ако ме видовте без униформа, тоа е само затоа што не работев тој ден, отидов да си го земам детето, но секако дека ќе одите да видите колку се повредени и ќе им помогнете на колегите во моментот кога ќе сфатите дека вашето дете е безбедно,“ истакнува Стефановиќ.
Нагласува дека сите сè уште се потресени, дека сите екипи останале колку што требало, но дека некои биле психички скршени кога се вратиле.
„Тоа е навистина стрес за кој не се подготвувате на факултет. Не треба да правиме такви работи. Кога тоа ќе се случи, правите сè што можете, но мора да знаете како да го ослободите стресот потоа. Изненадувачки сме добро“, вели Стефановиќ.
Вели дека покрај сè што се случило во училиштето во Врачар, екипите на итната помош успеале да згрижат 108 пациенти – 35 на јавни места, 19 педијатриски повици, два акутни коронарни синдрома и пет сообраќајни незгоди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Регион
Големи пожари беснеат на најмалку пет различни локација во Грција

Во источниот дел на областа Атика, поширокиот регоион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, попладнево се активни големи пожари, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки до жителите на зафатените области.
Во пожарот во централна Евија, изгореа две противпожарни возило, а четворица пожарникари со полесни повреди на рацете и очите и со респираторни проблеми биле префрлени во болница.
Во сите пожари, беа превентивно евакуирани жителите на населените места во непосредна близина на огнената стихија, откако од бројот 112 за итни случаи беа испратени соодветни пораки.
За Атика, Евија и за дел од Пелопонез за денеска имаше предупредување за екстремно голема опасност од пожари, категорија пет, што воедно е и највисоката категорија во прогнозите за опасност од пожари на Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција.
Регион
Топлотниот бран ги затвори Акропол и археолошките локалитети во Атина

Поради топлотниот бран и високите температури што од почетокот на седмицава ја зафатија Грција, археолошките локалитети во Атина, како и Акропол и во текот на викендов ќе бидат затворени за туристи во периодот од 12 до 17 часот.
Новиот топлотен бран што ја зафати Грција, според најавите и прогнозите се очекува да трае до недела.
Вчера беше најтоплиот ден, просечната максимална температура достигна 37,6 степени Целзиусов, на Пелопонез измерени речиси 46 степени, а во многу делови од земјата надмина 42 степени.